Свет
Луизијана го изврши првото погубување со користење азотен гас

Луизијана го изврши првото погубување со употреба на азотен гас во историјата на оваа американска држава на Џеси Хофман Јуниор (46) по 15 години пауза во извршувањето на смртните казни.
Овој метод досега бил користен само четирипати во САД, а Алабама е единствената држава покрај Луизијана која има протокол за овој метод на извршување смртни казни, пренесува „Си-би-ес њуз“.
Хофман одби да даде конечна изјава пред да почне постапката.
Тој беше прогласен за мртов во 18.50 часот во државниот затвор во Луизијана.
Адвокатите на Хофман се обидоа да ја спречат егзекуцијата тврдејќи дека методот е неуставен и го прекршил осмиот амандман, кој забранува сурово и невообичаено казнување.
Тие исто така тврдеа дека ова го прекршило неговото право на слобода на вероисповед, особено во однос на будистичките техники на дишење и медитација пред смртта.
Официјални лица од Луизијана веруваат дека методот е безболен и велат дека е време државата да ја спроведе правдата што им ја вети на семејствата на жртвите по 15-годишна пауза во егзекуциите.
Хофман беше осуден за убиство на Мери (Моли) Елиот во 1996 година, 28-годишна маркетинг-директорка од Њу Орлеанс.
Обвинителката Лиз Мурил рече дека очекува најмалку четири лица да бидат погубени оваа година во Луизијана, пренесува „Танјуг“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
(Видео) Димна бомба фрлена врз премиерите на две европски земји: итно беа евакуирани

Димна бомба беше фрлена врз премиерите на Холандија и Полска, Дик Шуф и Доналд Туск, додека тие зборуваа на комеморативен настан во градот Вагенинген.
На прославата по повод 80-годишнината од ослободувањето на Холандија, полскиот премиер Доналд Туск се најде во центарот на инцидент кога беше фрлена во негов правец димна бомба за време на церемонијата, непосредно пред да го запали симболичниот „пламен на ослободувањето“.
W TVNie już mówią że przeżył 😂😂😂😂😂
Tusk dostał racą ‼️szkoda że tylko racą? i niech w łeb Ale skurwiela kochają nie tylko w Polsce 😂😂😂😂 Szybko go zabrali do schronu😂 pic.twitter.com/OtnvSltQ9y
— 🇵🇱Bon Scott🇵🇱 (@callofkosa) May 5, 2025
Со него на сцената беше неговиот холандски колега Дик Шуф.
За време на церемонијата, запаливата направа падна пред нозете на полскиот премиер, фрлен од некој во толпата, од кои некои држеа транспаренти со кои беше критикувана војната во Појасот Газа. Туск веднаш беше отстранет од сцената.
Според светските медиуми, овој инцидент можеби бил насочен против полскиот премиер.
Во исто време, за време на претходниот дел од церемонијата, кога зборуваше холандскиот министер за одбрана Рубен Брекелманс, некои луѓе извикуваа пропалестински слогани.
Холандските медиуми објавија информации за пет апсења.
Свет
Сите 133 кардинали пристигнаа во Рим за избор на новиот папа

Сите 133 кардинали под 80 години кои ќе изберат нов папа на конклавата што ќе започне во среда, пристигнаа во Рим, објави Ватикан.
Во среда, во 16:30 часот, кардиналите ќе се соберат во Сикстинската капела и ќе започнат со гласање, кое ќе трае сè додека еден од нив не добие двотретинско мнозинство и не стане нов лидер на 1,4 милијарди католици во светот, пишува агенцијата Франс Прес.
На кардиналите им беа доделени соби во Санта Марта, резиденцијата каде што неодамна починатиот Франциско го помина своето папство. Ватикан објави дека кардиналите ќе мора да ги предадат своите телефони за време на нивниот престој. На персоналот на кујната на Санта Марта ѝм е наложено да подготвуваат само лесни оброци за време на конклавата, објави Ројтерс.
Папата Франциско почина на Велигден на 88-годишна возраст.
Највисоките црковни службеници ќе се повлечат во Сикстинската капела, каде што нема да им биде дозволен контакт со надворешниот свет.
Потребно е двотретинско мнозинство за избор на наследник на Франциско во процес што може да трае со денови или дури недели.
Најдолгата конклава во поново време била во 1831 година, кога Григориј XVI. бил избран по повеќе од 50 дена.
Претходните две конклави, одржани во 2005 и 2013 година, траеја само два дена. Бенедикт XVI. Тој беше избран во четвртиот круг од гласањето, а Франциско во петтиот круг.
Кардиналите под 80 години можат да учествуваат во тајното изјаснување.
По успешното гласање од две третини, кардиналите го прашуваат новиот папа дали ја прифаќа функцијата и кое име сака да го земе.
Светот дознава дека папата е избран кога едно службено лице ги гори гласачките ливчиња со специјални хемикалии, а од оџакот на капелата се крева бел чад. Други хемикалии се користат за создавање црн чад што претставува нерешено гласање.
Високо рангиран кардинал излегува на централниот балкон на базиликата „Свети Петар“ за да објави „Habemus Papam“ (Имаме папа).
Потоа новиот папа се појавува на балконот и ја благословува толпата на плоштадот пред базиликата.
Свет
Фицо пливаше во Дунав по шпекулациите за неговото здравје

Словачкиот премиер Роберт Фицо објави фотографија, како плива во Дунав, откако во медиумите се појавија шпекулации за неговото здравје.
„Токму вчера, новинарите беа „загрижени“ дали воопшто дишам и дали можам да се искачам по скалите до мојата канцеларија. Затоа ги поканив на насипот утрово да се затоплат и да пливаат. Чувствувам дека тоа им е потребно како сол. Никој не дојде. Разбирам. Мора да било малку росно и било постудено“, напиша Фицо на Икс, до негова фотографија како стои во вода до половината, целосно мокар, облечен само во тесна маица.
Во неделата, Фицо ги покани новинарите на браната, како реакција на сè почестите прашања за неговото здравје.
Неодамна, тој постојано ја откажуваше или менуваше својата програма без понатамошно објаснување.
Тој призна дека имал проблеми по атентатот од минатата година.
„Постојат одредени работи поврзани со атентатот што во одреден момент ме спречуваат да направам четиричасовно патување со автомобил. Нема да ви кажам повеќе“, рече Фицо.
Тој додаде дека е способен за извршување физички напорни задачи.
„Во политиката сум од 1991 година, тоа се 34 години. Понекогаш може да се случи нешто што ќе ви го оневозможи функционирањето 100 проценти секој ден“, рече тој, пренесува словачки портал.