Спорт
Прва победа на Ник Кирјиос по 29 месеци

Ник Кирјиос, австралискиот тенисер го победи Мекензи Мекдоналд во првото коло на Мастерсот во Мајами.
Кирјиос успеа да победи за прв пат од октомври 2022 година, кога во Токио славеше над Камил Мајжак.
Ник овојпат го совлада Мекензи Мекдоналд со 2:1, по сетови 3:6, 6:3, 6:4 и во второто коло ќе игра со Карен Хачанов.
Кирјиос одигра само еден меч во 2023 година, една година подоцна одигра само два меча и ги загуби сите.
Кирјиос конечно успеа да победи и да се пласира во второто коло на Мајами, каде го чека 22. рангираниот тенисер во светот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Десеткуваните Лејкерси без шанси против Јанис и Милвоки

ЛА Лејкерс без Лука Дончиќ, Леброн Џејмс и Остон Ривс доживеаја дебакл во дуелот со Милвоки Бакс (89:118).
Јанис Адетокумбо со 28 поени доминираше во Лос Анџелес против десеткуваните Лејкерси. На спротивната страна најдобриот меч во кариерата го одигра синот на Леброн, Брони Џејмс. Постигна 17 поени, со пет скока и три асистенции.
Голден Стејт успеа да слави во дуелот со Торонто Репторс 117:114. Стеф Кари не играше во последните 15 минути. Вориорс ги носеше Џими Батлер со трипл-дабл од 18 поени, 12 асистенции и 11 скока. Дрејмонд Грин додаде 21 поен, меѓутоа икс фактор беше Квинтен Пост. Холанѓанецот, кој беше 52. пик на драфтот реализираше шест тројки за 18 поени. Кај гостите Скоти Барнс постигна 29 поени и 10 скока.
Инаку, Вориорс имаат скор од 16-3 откако им се приклучи Џими Батлер.
Резултати:
Шарлот – Њујорк 115:98
Индијана – Бруклин 105:99 пр.
Голден Стејт – Торонто 117:114
Сакраменто – Чикаго 116:128
ЛА Лејкерс – Милвоки 89:118
Спорт
(Видео) Винисиус и пресуди на колумбија во 99.минута

Бразил забележа драматична победа над Колумбија во 13.коло, од јужноамериканските квалификации за пласман на Светското првенство.
Натпреварот на стадионот „Мане Гаринча“ во Бразилија, Бразил ја победи Колумбија со 2.1.
„Кариоките„ славеа со голот на Винисиус Жуниор постигнат во 99.минута. Претходно, Рафиња во шестата минута реализираше пенал за Бразил, а Луис Дијаз во 41.минута го изедначи резултатот.
Бразил со овој триумф се искачи на второто место на табелата, а Колумбија по четвртиот пораз во последните пет натпревари падна на шестата позиција.
Резултати:
Перу – Боливија 3:1
Парагвај – Чиле 1:0
Бразил – Колумбија 2:1
Табела:
Спорт
(Видео) Реми меѓу Австрија и Србија, Украина ја надигра Белгија, Шкотска победи во Атина, Турција ја победи Унгарија

Австрија и Србија одиграа без победник, Украина ја шокира Белгија, Турција славеше во дуелот со Унгарија, а Шкотска победи во Атина во мечевите за опстанок во А дивизијата во Лигата на нации.
На стадионот во Виена, Австрија и Србија одиграа 1:1. Головите го спасија натпреварот, во кој Австрија ја контролираше играта, а десеткуваната Србија (без пет стандардни играчи) шансата ја бараше во контранападите.
Грегорич и донсе предност на Австрија во 37.минута, му асистираше Арнаутовиќ, а тој од 16 метри ја испрати топката во голот. Србите изедначија во 61.минута, кога играчот на Аталанта, Самарџиќ од 20 метри го погоди споритвниот агол од австрискиот гол. Австрија во 88.минута пропишти шанса за победа, ударот на Арнаутовиќ од пет метри на волшебен начин го одбрани Рајковиќ.
— OvoOno (@OvoOnoX) March 20, 2025
— OvoOno (@OvoOnoX) March 20, 2025
Новиот селектор на Белгија, Руди Гарсија, дебитираше со пораз на функцијата. Во Мурсија, со три гола во вториот дел Украина ја победи Белгија со 3.1.
Водеа Белгијците со голот на Лукаку во 40.минута. Ја чуваа преднста до 66.минута кога изедначи Гутсулјак, во 73. Ванат го комплетираше пресвртот, а пет минути подцна Забрњи стави точка на натпреварот.
Грција во Атина доживеа непријатен пораз од Шкотска. Единствениот гол на натпреварот го постигна Мектоминеј од пенал во 33.минута.
Турција стекна предност од два гола пред реваншот во Унгарија. Турците со головите на Кокчу, Актуркоглу и Кавечи ја победија Унгарија со 3:1.