Спорт
Манчестер јунајтед ќе го купува Белингем

Манчестер јунајтед се распрашува за помладиот брат Белингем, Џоб, инаку играч на Сандерленд.
Помладиот брат на Џуд Белингем, игра одлично во Чемпионшип за Сандерленд. За разлика од неговиот постар брат, Џоб е дефанзивен играч за врска, но оваа сезона постигна четири гола и додаде три асистенции.
И други клубови покажале интерес за Белингем, но Јунајтед во моментов е најконкретна опција.
Џоб ја започна својата кариера во Бирмингем, а пред две и пол години премина во редовите на „црните мачки“ за нешто помалку од два милиони евра. Сандерленд би можел да заработи голема сума од продажбата на помладиот Белингем чија моментална пазарна вредност се проценува на околу 18 милиони евра.
Белингем има уште три години од договорот со Сандерленд, што му дава простор на клубот да ја извлече посакуваната сума доколку реши да го продаде фудбалерот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Црна Гора не дозволи сензација во Никшиќ, го победи Гибралтар
Црна Гора со победа го започна квалификацискиот циклус за пласман на Светското првенство. Во Никшиќ, во првиот меч во Л групата, Црногорците потешко од очекувањата го победија Гибралтар со 3.1
Гибралтар го шокираше стадионот во Никшиќ во 13. минута од натпреварот кога поведе со голот на Бент.
Во 22. минута искусниот Стеван Јоветиќ ги врати работите во нормала и погоди за 1:1 на асистенција на Шипчиќ.
Во следните минути, Црна Гора се мачеше да го сруши бедемот на Гибралтар. На пет минути пред крајот на првото полувреме, избраниците на Роберт Просинечки за малку ќе доживеат нов шок, бидејќи Бернардо Лопеш шутираше одлично од далечина, топката заврши во стативата.
Во вториот дел Црногорците се мачеа, немаа идеја како да одговорат на дефанзивата на противникот се до 70.минута кога Јанковиќ нафрли, а Тучи погоди за 2:1.
По голот на Тучи, Црна Гора набрзина постигна и трет гол, а погодокот го постигна Марушиќ во 73. минута.
Во второто коло во вторник, на 25 март, Црно Гора ќе ги пречека Фарски Острови. Во оваа група се и Чешка, односно поразениот од од дуелот од Лигата на нации меѓу Хрватска и Франција.
Спорт
Санчо нема да остане на „Стенфорд Бриџ“

Џејдон Санчо се уште е играч на Манчестер јунајтед на позајмица во Челзи, клубот од „Станфорд Бриџ“ има право да го купи на крајот од сезоната за околу 25 милиони фунти, што е многу помалку од парите што „црвените ѓаволи“, платија за него.
Иднината на Санчо во овој момент е неизвесна. Англичаните тврдат дека Челси нема да го откупи неговиот договор, а сигурно е дека Јунајтед не смета на него.
Санчо започна одлично, одигра неколку добри натпревари на почетокот на сезоната, изгледаше одлично во декември кога го постигна победничкиот гол против Тотенхем, но по тој 8. декември едноставно „исчезна“.
Оттогаш Санчо е без гол и со само една асистенција, а настапи на сите 14 натпревари што ги одигра Челси.
Позајмицата на Феликс значеше дека Санчо ќе добие голема минутажа, но тој очигледно не ја искористи.
Спорт
Аталанта ќе го откупи договорот на Косуну од Баер Леверкузен

Фудбалерот од Брегот на Слоновата Коска, Одилон Косуну ќе биде новото засилување на Аталанта, која одлучи да ја искористи откупната клаузула за 24-годишниот дефанзивец.
Косуну и се приклучи на Аталанта на едногодишна позајмица од шампионот во Бундеслигата, Баер Леверкузен во текот на летото.
Клубот од Леверкузен изненадувачки се откажа од дефанзивецот кој минатата сезона беше редовен на „фармацевтите“.
Баер од трансферот ќе заработи 25 милиони, дознава „Билд“.
Косуну во досегашниот дел од сезоната одигра 17 натпревари за Аталанта.
Тимот предводен од Џанпјеро Гасперини е на третото место во Серија А со 58 бодови, додека Интер е лидер со шест повеќе.