Контакт

Македонија

„Не правете настан за гледаност, веќе кружат видеа од куќите на починатите“, апелираат жителите на Кочани

Објавено пред

Преку социјалните мрежи се апелира до медиумите и новинарите да не се прави настан за гледаност од трагедијата во Кочани.

dobivaj vesti na viber

„Како да напишеме, како да објасниме, како да ве замолиме?

Дали и по оваа трагедија, повторно треба да клекнеме на колена? Веќе сме клекнати… од болка, од тага, од немоќ.

Почитувани новинари, медиуми, Не правете настан за гледаност од ова. Веќе кружат видеа од пред куќите на починатите, од нивните пријатели, што со солзи ги подготвуваат за последното збогум. Ова не е приказна за кликови, ова е човечка болка.

Почитувани граѓани, на ова тажно парче земја, ве молиме, не споделувајте ги нивните видеа. Покажете револт, игнорирајте ги текстовите што ја претвораат трагедијата во сензација. Така ќе покажеме почит кон загинатите, кон нивните семејства, кон нашиот град.
Молете се.

Нека ни даде Господ сила на сите“, се вели во објавата.

Македонија

Дискотеката имала усмен договор за концертот на ДНК, објектот бил пренатрупан и никој не ги сопрел децата да влегуваат

Објавено пред

Едниот од осомничените за пожарот во дискотеката „Пулс“, одговорно лице во клубот, усно го договорил концертот без притоа да биде пропишан договор, со групата ДНК.

dobivaj vesti na viber

Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски рече дека потоа, заедно со осомничените управители и осомничените припадници на агенцијата за обезбедување, свесни дека капацитетот и условите во објектот не го дозволуваат тоа, овозможиле влез на околу 650 посетители, меѓу кои имало најмалку 31 дете.

„Едно од осомничените лица вршело продажба на билети, без да води сметка за бројот и возраста на гостите кои смеат да присуствуваат, спротивно на законот за угостителска дејност, овозможувајќи влез и присуство и на малолетни лица на настанот“, изјави Коцевски.

Државнниот обвинител заклучи дека верижните пропусти и незаконитите дејствија на одговорните и службените лица довеле до тоа при користењето на пиротехника на 16 март за време на настапот на ДНК во Кочани да биде предизвикан пожар и да загинат 59 лица, меѓу кои 6 деца, а биле повредени 197 лица од кои 25 деца.

Прикажи повеќе...

Македонија

Седумтемина повредни на Токсикологија од денес се стабилни, имаат повреди оти вдишале голема количина отровни гасови, вели Чибишев

Објавено пред

Сите седуммина пациенти сместени на Клиниката за токсикологија во Скопје од денес се во стабилна состојба, без клинички манифестации, вели Андон Чибишев, директор на Клиниката. Кај нив нема изгореници или механички повреди.

dobivaj vesti na viber

„Кај нас во моментот се хоспитализирани седуммина пациенти, кои главно имаат инхалирано голема количина отровни гасови затоа што биле внатре во дискотеката додека таа горела. Немаат термички или механички повреди, туку главно се со инхаларторни повреди, односно повреди поради вдишување отровни гасови. Добрата вест од денес е што сите се клинички стабилни, без клинички манифестации“, рече директорот Чибишев.

Од моментот кога се случи смртоносниот пожар во Кочани на Клиниката за токсикологија минале 20 пациенти. Од нив, 13 поради влошување на состојбата или поради потреба од механичка вентилација најчесто биле префрлени на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување (КАРИЛ), каде што има машини за механичка вентилација. Некои од пациентите што првично биле донесени на Токсикологија биле пратени и на лекување во странство. Чибишев рече дека сите пациенти што се на нивната клиника во моментот, но и оние што минале на неа, а сега се на КАРИЛ или во странство, се во добра општа состојба.

 

Прикажи повеќе...

Македонија

На 97 фирми им биле издадени градежни лиценци, па престанале да ги исполнуваат условите, ќе им бидат одземени, рече Николоски

Објавено пред

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, на прес-конференција зборуваше за контролата на сите издадени лиценци во согласност со Законот за градењето и Законот за урбанистичкото планирање.

dobivaj vesti na viber

Тој соопшти дека досегашната проверка покажала дека биле издадени 1.100 лиценци, а вкупно досега се проверени 643. Од тука, кај 97 лиценци констатирано е дека, по издавањето на лиценците, фирмите престанале да ги исполнуваат законските услови врз основа на кои тие се издадени поради што ќе се донесат решенија за одземање на лиценците, рече министерот.

„На 13 правни лица одземена им е лиценцата А за изведувач на градби од прва категорија. На 34 правни лица одземена им е лиценцата Б за изведувач на градби од втора категорија. На 2 правни лица одземена им е лиценцата А за надзор над изградбата на градби од прва категорија. На 6 правни лица одземена им е лиценцата Б за надзор над изградбата на градби од втора категорија. На 3 правни лица одземена им е лиценцата А за проектирање градби од прва категорија. На 20 правни лица одземена им е лиценцата Б за проектирање градби од втора категорија. На 2 правни лица одземена им е лиценцата Б за ревизија на проектна документација на градби од втора категорија. На 1 правно лице одземена му е лиценцата за управител за одржување објекти од прва и втора категорија. На 16 правни лица одземена им е лиценцата за изработка на урбанистички планови“, соопшти министерот за транспорт, Николоски.

Според министерот, неопходни се законски измени, кои ќе придонесат за подобрување на состојбите во процесот на лиценцирањето.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија5 минути

Дискотеката имала усмен договор за концертот на ДНК, објектот бил пренатрупан и никој не ги сопрел децата да влегуваат

Едниот од осомничените за пожарот во дискотеката „Пулс“, одговорно лице во клубот, усно го договорил концертот без притоа да биде...

Македонија32 минути

На 97 фирми им биле издадени градежни лиценци, па престанале да ги исполнуваат условите, ќе им бидат одземени, рече Николоски

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, на прес-конференција зборуваше за контролата на сите издадени лиценци во согласност со Законот...

Македонија1 час

Таравари: Нема потреба никој да собира пари, лекувањето на повредените во странство е бесплатно

Лекувањето на 115 повредни во пожарот во Кочани е бесплатно. Министерот за здравство, Арбен Таравари, денес рече дека нема потреба...

Македонија2 часа

Четворица пациенти во Италија се веќе на нозе, Таравари вели може да се вратат дома следната недела, критичен е пациент во Турција

Денес, од болница излегуваат десетмина пациенти што се лекуваат кај нас, соопшти утрово министерот за здравство, Арбен Таравари. Си заминува...

Македонија3 часа

Одреден 30-дневен притвор за 13 лица за пожарот во Кочани, меѓу кои Бектеши и Трајковски

Судот го прифати предлогот на Обвинителството и определи притвор за 13 од вкупно 19 лица опфатени со истрагата за пожарот...

Македонија3 часа

ОЈО: Истражна постапка против 27 лица и три фирми за пожарот во Кочани

Основното јавно обвинителство Кочани во текот на ноќта донесе наредба за спроведување истражна постапка против 27 физички и три правни...

Македонија4 часа

Белград би можел да обезбеди и дополнително сместување на повредените од Кочани, ако има потреба

Воено-медицинската академија (ВМА) во Белград утринава изјави дека е достапна за евентуално дополнително сместување на повредените во пожарот во Кочани,...

Македонија4 часа

(Видео) Би-би-си со реконструкција за пожарот во Кочани

Би-би-си направи реконструкција на пожарот во дискотката „Пулс“ во Кочани, каде што објаснува зошто толку многу луѓе загинале. Во реконструкцијата...

Македонија4 часа

Мораме да размислуваме како да си ги вратиме децата назад, од понеделник ќе ги имаме првите враќања, најави Клековски

Од понеделник се очекуваат првите повлекувања од странство на повредените пациенти, кои по пожарот во Кочани, беа препраќани на лекување....

Македонија5 часа

Maкедонските медиуми известуваат професионално во овие траурни моменти, оцени Министерство за дигитална трансформација

Министерство за дигитална трансформација како надлежно за уредување на прашањата поврзани со медиумите и медиумското работење апелира на одговорност, професионалност...

Македонија16 часа

Телефонски броеви и информации за семејствата на пациентите кои се лекуваат во странство, објави Муцунски

Преку социјалните мрежи министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски објави како што пишува, важни информации за семејствата на пациентите кои...

Македонија17 часа

Во Кочани полициска акција за приведување на лица за пожарот во дискотеката

Во тек е акција на полициски екипи по наредба на Основното јавно обвинителство Кочани, а во врска со постапката за...

Македонија18 часа

Медицински центри во странство каде се лекуваат пациенти од пожарот во Кочани, објави Таравари

Министерот за здравство Арбен Тараври на социјалните мрежи објави список со медицински центри во странство каде се лекуваат пациентите од...

Македонија20 часа

Пробиштип ги испрати Никола, Матеј и полицаецот Тоше кои загинаа во дискотеката

Пробиштип денес се прости од Никола Насевски, Матеј Марковски и Тоше Тодоровски, испраќајќи ги во нивните вечни почивалишта. „Тие ќе...

Македонија22 часа

Штип се прости од петтемина свои сограѓани кои загинаа во пожарот во Кочани

Граѓаните на Штип денеска се простија од петтемина загинати во пожарот во дискотеката во Кочани. Последна почит им оддадоа на...

Македонија1 ден

Објавени имињата на сите загинати во пожарот во дискотеката во Кочани

Министерството за здравство ги објави имињата на сите загинати во пожарот во дискотеката во Кочани. „Не постои збор со кои...

Македонија1 ден

Меѓу загинатите од пожарот во Кочани има шест деца под 18 години

По извршените обдукции, Обвинителството ја објави возраста на загинатите во пожарот во Кочани. Според информацијата, три лица се на возраст...

Македонија1 ден

Токсиколошки анализи ќе им се прават на сите пациенти пред испишување, утре од болница си заминуваат тројца повредени во пожарот во Кочани

Четврти ден по трагедијата во Кочани со 59 починати и 196 повредени, министерот за здравство Арбен Таравари соопшти дека сите...

Македонија1 ден

„Си замина дел од моето второ семејство, остана само пепел и празнина“, се огласи Ана, придружниот вокал на ДНК, која го преживеа пожарот во Кочани

Се огласи Ана Костадиновска, придружниот вокал во бендот ДНК, една од преживеаните во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Таа...

Македонија1 ден

(Видео) Македонија се простува од членовите на ДНК, кои загинаа во пожарот

Денес, ќе бидат погребани членовите на бендот ДНК, кои загинаа во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Пејачот на бендот,...