Македонија
МЗ: Ги следиме потребите на локалното население во Кочани, зајакнати медицински тимови се на терен

Министерството за здравство е во постојана комуникација со кочанската болница и ги става на располагање сите расположливи ресурси според потребите на локалното население, особено денес, за време на погребот.
Во соработка со Клиниката за психијатрија, испратени се специјалисти психијатри за поддршка на граѓаните во овие тешки моменти.
Во соработка со здравствените установи и Црвен крст е организирано и засилено присуство на медицински тимови, кои се достапни во текот на денешниот ден.
Министерството за здравство останува во комуникација со сите засегнати страни, постојано ги следи потребите на локалното население и реагира соодветно на барањата на граѓаните.
„Апелираме за внимателно и етичко информирање во овие моменти на жалост, со емпатија, хуманост и солидарност. Апел и за проверка на информациите со надлежните институции, бидејќи неточното информирање може да предизвика дополнителна вознемиреност. Министерството за здравство повторно изразува благодарност до сите поединци и субјекти, како и здравствените работници од државава и странство што го даваат својот максимум за соодветно справување со овој предизвик“, посочуваат од МЗ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Сончево време со локална облачност, следи стабилно време

Сончево време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 11, а максималната ќе достигне од 13 до 22 степени, информира УХМР.
Во Скопје, претежно сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне до 20 степени.
Следува период на претежно стабилно време со пораст на дневната температура. Во сабота ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен северен ветер.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известија дека на ден 10.10.2025 година ( петок ) без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09:00 до 15:00 часот, корисниците на ул.Будимпештанкса и ул. Урош Џудовиќ(општина Карпош)
Македонија
Неколку улици во Кисела Вода денеска без вода

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на Виктор Иго 22, прекинато водоснабдување ќе имаат следниве улици: Виктор Иго, Дренак, Драга Стојановска, Иван Козаров и Невена Георгиева-Дуња.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со работните активности и дека
· поради уличен дефект ф-150мм на улицата Христо Татарчев бб (Теферич), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од 3-та зона Припор.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со работните активности.