Македонија
Медицински центри во странство каде се лекуваат пациенти од пожарот во Кочани, објави Таравари
Министерот за здравство Арбен Тараври на социјалните мрежи објави список со медицински центри во странство каде се лекуваат пациентите од пожарот во Кочани.
„БУГАРИЈА
1.Болница Пирогов, Софија, Булевар 21, 1606 Софија – 9 хоспитализирани пациенти
2.Военомедицинска академија-МБАЛ, Варна, „Христо Смирненски” №3, п.к. 9000 – 3 хоспитализирани пациенти
3.Болница „Свети Ѓорги“ ЕАД, Пловдив – 3 хоспитализирани пациенти
СРБИЈА
1.Военомедицинска академија ВМА, Белград – „Црнотравска“ 17, 11040 Белград –10 хоспитализирани пациенти
2. Универзитетски клинички центар Србије – „Пастерова“ 2, 11000 Белград –17 хоспитализирани пациенти
3. Универзитетски Клинички центар Ниш – Булевар „Др. Зорана Ђинђића“ 48 – 18108 Ниш – 3 хоспитализирани пациенти
СЛОВЕНИЈА
1.Универзитетски клинички центар Љубљана, ул. Zaloška cesta,7 – 2 хоспитализирани пациенти
2.УКЦ Марибор, 2000 Марибор, Словенија – 2 хоспитализирани пациенти
ХРВАТСКА
1.Клинички болнички центар „Сестри милосрдници“, Клиника за трауматологија – Ул. Драшковичева 19, Загреб – 4 хоспитализирани пациенти
2.Клиника за детски болести Загреб, ул. Вјекослав Клаиќ 16, Загреб – 1 хоспитализиран пациент
ГРЦИЈА
1.Thessaloniki General Hospital „George Papanikolaou” – Papanikolaou Ave., Exochi 570 10, Солун; – 3 хоспитализирани пациенти
2.424 General Military Training Hospital – Peripheral Road N. Efkarpia, P.C. 564 29, Солун – 2 хоспитализирани пациенти
3.401 General Military Hospital of Athens – Panagiotis Kanellopoulos Ave., 115 25, Атина – 6 хоспитализирани пациенти
4.251 General Aviation Hospital – 3 Panagiotis Kanellopoulos Ave., 115 25, Атина – 1 хоспитализиран пациент
ИТАЛИЈА
1.Ospedale Niguarda Milano – Piazza dell’Ospedale Maggiore, 3, 20162, Милано – 2 хоспитализирани пациенти
2.Ospedale Maggiore Parma – Viale Antonio Gramsci, 14, 43126 Парма –1 хоспитализиран пациент
3.Ospedale IL NUOVO SANTA CHIARA CISANELLO – Via Paradisa 2 Cisanello Пиза – 1 хоспитализиран пациент
АВСТРИЈА
1.University Hospital Graz, Auenbruggerplatz 29, 8036 Graz , Австрија – 4 хоспитализирани пациенти
2.Universitätsklinikum AKH Wien, Währinger Gürtel 18-20, 1090 Wien, Австрија , Австрија – 2 хоспитализирани пациенти
БЕЛГИЈА
1.Queen Astrid Military Hospital – Rue Bruyn 1 1120 Neder-over-Heembeek, Белгија – 2 хоспитализирани пациенти
2.Hospital ZAS Cadix – Kempenstraat 100, 2030 Antwerp,Белгија – 1 хоспитализиран пациент
3.Hopital Les Viviers Charlerois – Rue du Campus des Viviers 1, 6060 Gilly, Белгија – 1 хоспитализиран пациент
ЛИТВАНИЈА
1.Lithuanian University of health sciencies, A. Mickeviciaus g. 9, LT-44307 KaunasKaunas” – 1 хоспитализиран пациент
2. Vilnius University Hospital, Santariskiu st. 2, 08661 Vilnius, Lithuania, Литванија – 3 хоспитализирани пациенти
ТУРЦИЈА
1.Istanbul Basaksehir cam ve Saakura hospital, Турција – 6 хоспитализирани пациенти
2.Ankara Bilkent city hospital, Турција – 6 хоспитализирани пациенти
ШВЕДСКА
1.Karolinska University Hospital – Gävlegatan 55, NB6:01-02, Солна – 2 хоспитализирани пациенти
УНГАРИЈА
1.„Будимпешта, Észak-Pesti Centrumkórház – Honvédkórház Hungary” – 6 хоспитализирани пациенти
ПОЛСКА
1.Eastern Centre of Burns Treatment and Reconstruction in Leczna, Krasnystawska 52, 21-010 Łęczna, Полска – 2 хоспитализирани пациенти“, објави Таравари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Фетаи на Националниот форум на граѓански организации: Мисијата на Владата е градење на отворени и ефективни институции
Во рамки на Националниот форум – Саем на граѓански организации, Заменик-претседателот на Владата задолжен за добро владеење, Арбен Фетаи, учествуваше и се обрати пред претставниците на граѓанското општество. Тој ја истакна важноста од континуиран дијалог меѓу Владата и граѓанскиот сектор, потенцирајќи дека граѓанското општество претставува еден од клучните механизми за зајакнување на демократијата и транспарентноста.
Фетаи посочи дека Владата останува посветена на изградбата на поотворени институции и на редовна соработка со граѓанските организации, повикувајќи ги истите да продолжат да бараат отчетност и да ги адресираат предизвиците што ги засегаат граѓаните.
Тој нагласи дека мисијата на Владата е градење на отворени и ефективни институции и ги охрабри граѓанските организации да го продолжат нивниот критички ангажман.
Заменик претседателот на Владата додаде дека неговата канцеларија ќе остане отворена за директна и континуирана соработка со сите организации од граѓанското општество.
Македонија
(Видео) Костадинова Стојчевска: Македонскиот јазик не се чува со кратење на буџетот за инспекторатот
Пратеничката на СДСМ Бисера Костадиновска Стојчевска, во образложението на амандманот за зголемување на буџетот за инспекторатот за употреба на македонскиот јазик, пред собраниската комисија за финансирање и буџет, истакна дека со предложениот буџет се оневозможува функционирање на инспекторатот.
Во буџетот за 2026 година средствата во однос на буџетот од 2025 година се намалени на 620.000 денари, што практично го намалува функционирањето на инспекторатот, рече Костадиновска Стојчевска и побара буџетот за оваа институција да се врати на износот од 2.033.000 денари, колку што изнесуваше во буџетот за 2025 година.
-Со намалениот износ не е можно да се обезбеди вработување на потребниот број инспектори и административен кадар, извршување на редовни активности на терен, опремување и тековно функционирање на институцијата, нагласи Костадиновска Стојчевска, додавајќи дека инспекторатот за употреба на македонскиот јазик е нова институција, основана врз основа на законот за употреба на македонскиот јазик, чија цел е да го следи спроведувањето на законските обврски во инситутциите, образованието, културата и јавниот простор.
Костадиновска Стојчевска побара поддршка од сите пратеници за овој амандман.
„Барам поддршка за оваа институција да може конечно, откако е формирана во 2024, да профункционира, затоа што откако е воспоставена, нејзиниот буџет само се крати, а со тоа не се покажува вистинска грижа за зачувување, унапредување на македонскиот јазик“, нагласи пратеничката на СДСМ Бисера Костадиновска Стојчевска, во обраќање пред собраниската комисија за финансирање и буџет.
Македонија
Муртезани во ЕП: Нашиот долг евроинтегративен пат, често надвор од Копенхашките критериуми, не ја поколеба нашата визија за полноправно членство
Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, се обрати на 24-от состанок на Мешовитиот парламентарен комитет ЕУ – Северна Македонија, што денеска и утре се одржува во Европскиот парламент во Стразбур. Состанокот, на кој копретседаваа пратеници од Европскиот парламент и од Собранието на Република Северна Македонија, беше посветен на односите меѓу Северна Македонија и Европската Унија, со акцент на фундаменталните права и слободата на изразување, владеењето на правото и борбата против корупцијата, напредокот во пристапните преговори, добрососедските односи и регионалната стабилност, како и на прашањата од областа на животната средина, транспортот, енергетиката, инфраструктурната поврзаност, дигитализацијата и вештачката интелигенција.
Во своето обраќање, Муртезани се осврна на клучните приоритети на државата во европскиот процес, нагласувајќи ја посветеноста кон реформите во рамките на Планот за раст и Реформската агенда. Тој истакна дека земјата продолжува со имплементација на суштинските реформски чекори, како и со подготовката на значајни инвестиции што ќе ја зацврстат економската и институционалната усогласеност со Европската Унија. Муртезани се осврна и на оценките од Годишниот извештај на Европската комисија за 2025 година, посочувајќи дека извештајот го потврдува континуираниот напредок на Северна Македонија и дека препораките на Комисијата веќе се вградени во националното планирање.
„За Северна Македонија, чиј пат беше долг и честопати исполнет со предизвици надвор од Копенхашките критериуми, европскиот пат и полноправното членство остануваат прашање на цврста убеденост, а не на погодност. Секоја реформа што ја спроведуваме ја зацврстува нашата верба дека Европа е најсилна кога го исполнува своето ветување и дека Унијата е целосна кога оние што најдолго чекале конечно ќе бидат примени како полноправни членки“.

