Регион
Земјотрес на Крит

Земјотрес со јачина од 3,5 степени според Рихтеровата скала е регистриран денеска, четврток, 20 март 2025 година во 18 часот и 27 минути на подрачјето на Крит, Грција.
Според достапните податоци, епицентарот на земјотресот бил лоциран во област со географски координати од географска ширина 35,56 и географска должина 24,64.
Хипоцентарот на земјотресот, според податоците на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, се наоѓа на длабочина од приближно 35 километри под површината на земјата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Додик се сретна со Нетанјаху

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик денеска во Ерусалим се сретна со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.
Додик го поздрави и разговараше со израелскиот премиер Нетанјаху, кој е говорник на Меѓународната конференција за борба против антисемитизмот, на која присуствува и претседателот на Република Српска, пренесува РТРС.
Претходно на конференцијата Додик зборуваше за пораките за поддршка од Република Српска за Израел и рече дека високиот претставник за Босна и Херцеговина Кристијан Шмит се обидел да го спречи неговото доаѓање на конференцијата.
Регион
Вучиќ: Во понеделник ќе почнам со консултации за составот на новата влада

Претседателот Вучиќ вечерва најави дека во понеделник ќе ги започне консултациите за составот на новата влада.
„Ќе видиме што ќе кажат тие што го имаат мнозинството, дали сакаат да формираат влада или сакаат да одат на избори. Чекам прво да ми кажат претставниците на мнозинството, тие што имаат гласови да изберат нова влада, дали ја сакаат таа влада или сакаат да истече времето и да одат на избори. Значи, има две опции“, рече тој.
Тој посочи дека штом му кажат дека обезбедиле мнозинство за мандатарот, негова уставна обврска е да им даде мандат.
Штом ќе ме убеди опозицијата дека имаат 126 гласа, јас ќе им дадам мандат. Значи, тие доаѓаат кај мене, велат имаме 126 гласа за таа влада, во тој момент добивате мандат“, рече Вучиќ.
Регион
Три земјотреси за еден час: се тресеше во Грција

Три земјотреси, од кои најсилниот со јачина од 3,4 степени според Рихтеровата скала, денеска ја погодија Патра, на западот на Грција, јавува „Катимерини“.
Сите три земјотреси се случиле за речиси еден час, а епицентарот бил на околу пет километри од општината Еримонтос.
Според податоците на Геодинамичкиот институт на Националната опсерваторија во Атина, првиот земјотрес се случил во 12.21 часот со измерени 2,9 степена според Рихтеровата скала.
Вториот земјотрес се случи во 13.11 часот со јачина од 3,4 степени според Рихтеровата скала, а третиот земјотрес е регистриран во 13.14 часот и беше со јачина од 3,1 степени според Рихтеровата скала.