Свет
Трамп потпиша наредба за затворање на Министерството за образование

Опкружен со студенти и наставници, американскиот претседател Доналд Трамп потпиша извршна наредба во Белата куќа за затворање на Министерството за образование, објави „Ројтерс“.
Агенцијата забележува дека на тој начин Трамп ги исполнува своите долгогодишни предизборни ветувања на републиканските гласачи.
„Ќе го затвориме“, рече американскиот претседател непосредно пред потпишувањето на извршната наредба, додавајќи: „Ќе го затвориме и ќе го направиме тоа што е можно побргу“.
Така, образовната политика во училиштата ќе остане речиси целосно во надлежност на одделни држави и локални совети.
„Ние, едноставно, ќе го вратиме образованието на владите на државите каде што припаѓа“, рече американскиот претседател.
Одлуката ќе го означи почетокот на затворањето на одделот, како што изјави Трамп за време на церемонијата на потпишувањето на извршната наредба, но за неговото конечно затворање е потребно одобрение од Конгресот. А претседателот ја нема потребната поддршка за ова, пишува „Ројтерс“.
Уредбата доаѓа по минатонеделното соопштение на Министерството дека ќе отпушти половина од своите вработени. Ова е најновиот потег на Трамп во двомесечниот период по враќањето во Белата куќа, чија цел е реформатирање на американската администрација и намалување на владините трошоци и на бирократијата, забележува „Ројтерс“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
(Видео) Зеленски: Украина врати повеќе од 4.300 војници од руско заробеништво

Украина успеала да врати вкупно 4.306 воени заробеници од руското заробеништво од почетокот на руската инвазија, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Украинската влада работи со меѓународни партнери и организации за да ги врати своите граѓани дома. Само во 2024 година, 1.358 луѓе беа ослободени од руско заробеништво.
For over three years now, almost throughout this entire war, our Coordination Headquarters has been working—all the services that bring prisoners home. We have already successfully brought back more than four thousand people—4306. And we will bring them all back.
Now, when… pic.twitter.com/qUEw3oEcWJ
— Volodymyr Zelenskyy / Володимир Зеленський (@ZelenskyyUa) March 21, 2025
„Кога разговараме со американската страна и другите партнери за тоа како да се стави крај на војната, ослободувањето на затворениците е едно од првите прашања“, рече Зеленски.
Украинскиот претседател нагласи дека сите надлежни служби продолжуваат неуморно да работат на враќање на Украинците од руско заробеништво.
Регион
(Видео) Откажан собирот на приврзаниците на Вучиќ во Ниш

Собирот на Српската напредна партија (СНС) што требаше да се одржи вечерва во Ниш, на кој беше најавено доаѓањето на највисоките партиски функционери, е откажан, пренесе Н1 Србија.
Градоначалникот на Ниш од бината ги известил собраните луѓе дека собирот нема да се одржи, а во салата не се видени ниту претседателката на српскиот парламент Ана Брнабиќ, премиерот во заминување и претседател на СНС Милош Вучевиќ, ниту претседателот на Извршниот одбор на СНС Дарко Глишиќ.
Evo ih glavni! Ko li se vozi u ovim kolima registarskih oznaka NS-685-XP?
Da nije Miloš Vučević?! 🤨
Svakako, izgađani jajima 🥚🥚🥚#niš pic.twitter.com/l6O5GYwBrG
— Mateja (@MATEJANIKOLlC) March 21, 2025
Граѓаните на Ниш денеска се собраа на протест пред Офицерската сала, каде што требаше да се обратат и други високи партиски функционери од СНС. Демонстрантите носеа транспаренти, а со јајца фрлаа кон членовите на СНС.
Како што објави Н1, полицијата ги блокирала сите пристапни патишта до Офицерскиот дом, кој го обезбедувале големи полициски сили распоредени во повеќе безбедносни обрачи.
Kud naleteh na tebe nesrećo?! 🥲
Gradonačelnik Niša Dragoslav Pavlović! 🙃#niš pic.twitter.com/fzW2evPfmL
— Mateja (@MATEJANIKOLlC) March 21, 2025
Насобраните граѓани во неколку наврати фрлаа со јајца кон функционери на СНС додека се движеа кон зградата. Фрлија јајца и кон градоначалникот на Ниш, а го полија и со вода.
Регион
(Видео) Жителите на Нови Сад му оддадоа почит на Вукашин, 16-та жртва од уривањето на железничката станица

Жителите на Нови Сад вечерва се собраа да му оддадат почит на 18-годишниот Вукашин Црнчевиќ, 16-та жртва од уривањето на настрешницата на железничката станица.
Novosađani se okupljaju u kampusu, kako bi odali poštu Vukašinu Crnčeviću, 16. stradalom u padu nadstrešnice Železničke stanice#NoviSad pic.twitter.com/0OJBoscxyb
— Radio 021 (@Radio021) March 21, 2025
Вукашин, кој беше тешко повреден при уривање на настрешница на Железничката станица во Нови Сад, почина по четири месеци и 20 дена борба за живот, станувајќи 16-та жртва на трагедијата што со месеци предизвикува протести на студентите и граѓаните во Србија.
„И покрај сите преземени мерки за лекување и максималната посветеност на персоналот на ВМА, пациентот им подлегна на сложените повреди и последователните компликации. Упатуваме најдлабоко сочувство до семејството на починатиот“, соопштија од Воено медицинската академија.