Спорт
Ѓоковиќ го победи Хиџиката па испрати емотивна порака

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, по пауза од шест години настапи на Мастерсот во Мајами. Во рамките на второто коло тој го победи Австралиецот, Ринки Хиџиката.
Ѓоковиќ за 81 минута победи со резултат 6:0, 7:6. Ова беше втор триумф на Новак во директни дуели со Австралиецот, кого го победи во Бризбејн на почетокот на годината.
Негов следен ривал ќе биде Аргентинецот Камило Хуго Карабели, кој приреди изненадување со победата над Алекс Микелсен со 6:7 (3), 7:5, 6:3.
По победата, Ѓоковиќ напиша трогателна порака на камерата.
„Молитви за 16-те“ која се однесува на сите 16 жртви кои ги загубија животите во трагедијата во Нови Сад на 1.ноември минтата година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Рибери: Непрвада е што не ја добив Златната топка во 2013 година

Франк Рибери, легендарниот играч на Баерн и француската фудбалска репрезентација во интервју за „Лекип“ се осврна на неговата брилијантна сезона 2012/13 година, во која со Баерн ја освои тројната круна – Бундеслигата, Лигата на шампионите и Купот на Германија. Французинот смета дека таа сезона требало да ја освои Златната топка.
„Тоа беше совршена година. Не можев подобро. Оваа Златна топка засекогаш ќе остане неправда. Сè уште барам објаснување. Никогаш нема да разберам зошто го поместија рокот за гласање за повеќе од петнаесет дена”, рече тој во интервјуто.
Поранешната икона на Баерн верува дека таа година бил на врвот на својата форма.
„Лионел Меси и Кристијано Роналдо секогаш ми покажуваа почит. Тие знаеја дека седам на нивната маса. Искрено, во 2013 година немав на што да им завидувам“.
Роналдо доби 27,99 отсто од гласовите, Меси 24,72, а Рибери 23,36. 41-годишниот се уште не може да го преболи таквиот исход.
Рибери помина 12 години во Баерн, со кого освои 23 трофеи, од кои девет титули во германскиот шампионат, шест купови, а во 2013 година ги додаде Лигата на шампионите, Суперкупот на Европа и Светското клупско првенство. За Баерн одигра 425 натпревари, постигна 124 гола и забележа 182 асистенции.
Во текот на кариерата играше и за Булоњ, Олимпик Але, Брест, Мец, Галатасарај, Марсеј, Фиорентина и Салернитана. За француската репрезентација забележа 81 настап и постигна 16 голови Салернитана беше неговиот последен клуб во неговата играчка кариера.
Спорт
Денвер без Јокиќ немаше шанси против Авдија и Портланд, Дурент го растури Кливленд

Денвер Нагетс уште еднаш покажа дека без Никола Јокиќ е просечен НБА тим. Нагетс загубија од Портланд 109:128. Изминатата ноќ во НБА лигата ја обележа Кевин Дурент кој го растури водечкиот тим во лигата, Кливленд Кавалирс.
Никола Јокиќ не игра поради повреда на лактот. Нагетс без него загубија два од последните три натпревари. Изминатата ноќ ги растури Дени Авдија. Синот на легендата на Црвена звезда, Зуфер Авдија, натпреварот го заврши со 36 поени, осум скока и седум асистенции.
Покрај Авдија се истакна Шедон Шарп со 23 поени и шест скока, а го следеше Делано Бантон со 19 поени, додека по 16 постигнаа Тумани Камара и Скут Хендерсон.
Кај Денвер Нагетс се истакна Ентони Гордон со 23 поени, три скока и четири асистенции, а го следеше Расел Вестбрук со 18 поени, четири скока и четири асистенции.
Кевин Дурент постигна 42 поени, шутираше 29 пати и погоди 17, а придодаде и шест скока и осум асистенции. Неговиот Феникс победи против Кливленд 123:112. Кавалирс во финишот на сезоната влегоа во криза, ова за нив беше третиот пораз на последните четири натпревари.
Резултати:
Вашингтон – Орландо 105:120
Мајами – Хјустон 98:102
Минесота – Њу Орлеанс 134:93
Оклахома – Шарлот 141:106
Сан Антонио – Филаделфија 128:120
Далас – Детроит 123:117
Јута – Бостон 99:121
Феникс – Кливленд 123:112
Портланд – Денвер 128:109
ЛА Клиперс – Мемфис 128:108
Спорт
Почина легендарниот Џорџ Форман

Легендарниот боксер Џорџ Форман почина на 76-годишна возраст.
Форман имаше богата боксерска кариера, го освои олимпиското злато во 1968 година, а имаше и две светски титули во тешка категорија.
Интересно е што втората титула ја освои на 45 години и со тоа стана најстариот шампион во историјата.
Форман ја загуби првата титула од Мухамед Али во легендарната борба „Rumble in the Jungle“ во 1974 година, а во професионалната кариера имаше 76 победи, од кои 68 со нокаут. Тој се повлече од боксот во 1997 година.