Свет
Зеленски: Украина врати 4.306 лица од руско заробеништво

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Украина вратила 4.306 лица од руско заробеништво, потврдувајќи ја посветеноста на државата да обезбеди ослободување на сите заробени Украинци,
Зеленски ја даде оваа изјава за време на говорот пред учесниците на конференцијата на Координативниот штаб за воени затвореници насловена „Надеж, борба, враќање – три години“.
– Веќе повеќе од три години – речиси целото времетраење на оваа војна, нашиот Координативен штаб – со сите служби работат на враќање дома на нашите војници кои беа заробени. Над четири илјади луѓе веќе се вратија – 4.306. И ние ќе ги вратиме сите. Сите мои преговори, секоја средба со партнерите кои можат да помогнат, го вклучуваат и прашањето за воените затвореници, рече Зеленски.
Тој посочи дека последната група украински воени заробеници биле ослободени на 19 март.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Пожар попладнево избувна во шумската област Агиос Никитас на Лефкада

Пожар попладнево избувна во шумската област Агиос Никитас на Лефкада, јавија грчките медиуми. Пожарот избувнал во близина на плажата Катисма.
Според Противпожарната служба, за инцидентот биле известени во 16 часот и 40 минути и засега нема извештаи за непосредна опасност по околните домови.
Нешто пред 18 часот жителите преку 112 биле предупредени да бидат подготвени, а вторпат да се евакуираат.
Свет
Трамп вели дека тој е единствената личност во светот што може да стави крај на војната во Украина

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека тој е единствената личност во светот што може да стави крај на војната во Украина, додавајќи дека напорите да се спречи ескалацијата на конфликтот се „донекаде под контрола“.
Мислам дека нема никој на светот кој може да го запре рускиот претседател Владимир Путин, освен мене – рече Трамп доцна синоќа во интервју за „Ауткик“.
„И мислам дека ќе можам да го запрам“, додаде тој.
Имавме многу рационални дискусии и само сакам да видам дека луѓето престануваат да се убиваат, рече Трамп.
Свет
Папата Франциско денеска беше отпуштен од римската болница Гемели

Папата Франциско денеска беше отпуштен од римската болница Гемели по повеќе од пет недели престој, јави ДПА. Папата денеска го имаше своето прво појавување во јавноста по пет недели, мавтајќи од балконот на болницата пред да ја напушти установата.
На 14 февруари, 88-годишниот понтиф беше примен во болница со тешка респираторна инфекција. Од неговата хоспитализација, Ватикан објави само една фотографија од папата – и тоа само одзади, пред олтарот во капелата на десеттиот кат од клиниката.
Неизвесно е дали тој ќе може да учествува на прославата на Велигден следниот месец.