Спорт
(Видео) Може и без Меси – Торпедото на Алмада го урна Уругвај
Фудбалерите на Аргентина забележаа нова победа во јужноамериканските квалификации за пласман на Светското првенство. И без Лионел Меси,Аргентинците во Монтевидео го совладаа Уругвај со 1:0.
Аргентинците на тој начин ја продолжија доминацијата во јужноамериканските квалификации, имаат 28 бода, шест повеќе од Еквадор и седум од Бразил, со кого ќе се сретнат во следната рунда.
Иако Лионел Скалони не можеше да смета ниту на Лео Меси, ниту на Лаутаро Мартинез, се појави Тиаго Алмада, асот на Лион кој го постигна единствениот гол на натпреварот. Во 68.минута по додавањето од Хулијан Алварез, од речиси 25 метри ја скина мрежата на Уругвај.
THIAGO ALMADA WHAT A GOAL!!!!!
— All About Argentina 🛎🇦🇷 (@AlbicelesteTalk) March 22, 2025
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Нов Зеланд избори пласман на Светското првенство

По репрезентацијата на Јапонија, уште една селекција се пласираше на Светско првенство. Репрезентацијата на Нов Зеланд избори пласман на Мундијалот во 2026 година, чии домаќини ќе бидат Мексико, Канада и САД.
„Кивите“ ја совладаа Нова Каледонија со 3:0 (0:0) во финалето на квалификациите во зоната Океанија.
Иако резултатот беше убедлив, Новозеланѓаните се мачеа да спречат сензација пред 25.000 свои навивачи во Окленд.
Отпорот на аматерската селекција, репрезентативците на нов Зеланд го скршија во последните 30 минути од натпреварот.
Иако се очекуваше Крис Вуд да биде главна закана кон голот на Нова Каледонија, победата на „кивите“ им ја донесоа Мајкл Боксал со гол во 62. минута, Коста Барбарусес во 66. минута и Елајџа Џаст во 80. минута.
Нов Зеланд е петтиот учесник на СП 2026 година, по Јапонија, која беше доминантна во азиските квалификации и организаторите на завршниот турнир.
Новозеланѓаните петти пат по ред ги освојуваат квалификациите за Океанија, а Светското првенство во 2026 година ќе биде нивно трето во историјата, по Светските првенства во 1982 и 2010 година.
Нова Каледонија ќе има уште една шанса да дојде до Мундијалот. Оваа репрезентација ќе учествува во интерконтинеталниот бараж.
Спорт
(Видео) Мексико ја осови Лигата на нации во КОНКАКАФ зоната

Мексиканските фудбалери за првпат ја освоија шампионската титула во Лигата на нации во КОНКАКАФ зоната.
Мексиканците го освоија историскиот трофеј со победата над Панама со 2:1, пред речиси 70.000 гледачи во Инглвуд, Калифорнија.
Херој на „сомбреросите“ беше 33-годишниот напаѓач на Фулам Раул Хименез, со гол од пенал во втората минута од судиското надополнување.
Хименез го постигна и првиот гол за Мексоко во осмата минута.
Тој е најзаслужен за титулата на Мексико бидејќи постигна два од четирите гола на неговата репрезентација во двата натпревари на завршниот турнир.
Во судиското надополнување на првото полувреме израмни Адалберто Караскиља од пенал. И кога сите очекуваа продолженија, дефанзивецот на Панама Хозе Кордоба необјасниво играше со рака пред својот гол во 90. минута.
Мексиканците ставија крај на тригодишната доминација на САД, кои ја освоија Лигата на нации од нејзиното основање, во 2021, 2023 и 2024 година.
Американците го завршија годинешниот турнир на четвртото место, откако го загубија и мечот за третото место од северниот сосед Канада со 2:1.
Канаѓаните поведоа преку Тани Олувасеи, но Американците брзо одговорија преку Патрик Агјеманг.
Голема морална победа на Канаѓаните им донесе Џонатан Дејвид во воведните минути од вториот дел.
Мексико, Канада и САД се домаќини на следното Светско првенство кое ќе се игра од 11 јуни до 19 јули 2026 година.
Спорт
Противниците во Б-дивизијата Македонија ќе ги чека од последниот шешир

Фото/ ffm.mk
Фудбалската репрезентација на македонија, четвртиот циклус во Лигата на нации ќе го игра во Б-дивизијата.
Македонија напредуваше во Лигата на нации откако ја освои Групата 4 во Ц-дивизијата. Ждрепката Македонија ќе ја чека од четвртиот шешир, заедно со Шведска, Северна Ирска и Косово.
Носители на ждрепката во Б-дивизијата се Шкотска, Унгарија, Полска и Израел, во вториот шешир се Швајцарија, Босна и Херцеговина, Австрија и Украина, а во третиот Словенија, Грузија, Ирска и Романија.
Ждрепката за следното издание на Лигата на нации ќе се одржи во првото тримесечи од 2026 година, датумот се уште не е официјално објавен, додека натпреварите ќе започнат во септември 2026 година, по завршувањето на Светското првенство.