Спорт
Денвер без Јокиќ немаше шанси против Авдија и Портланд, Дурент го растури Кливленд

Денвер Нагетс уште еднаш покажа дека без Никола Јокиќ е просечен НБА тим. Нагетс загубија од Портланд 109:128. Изминатата ноќ во НБА лигата ја обележа Кевин Дурент кој го растури водечкиот тим во лигата, Кливленд Кавалирс.
Никола Јокиќ не игра поради повреда на лактот. Нагетс без него загубија два од последните три натпревари. Изминатата ноќ ги растури Дени Авдија. Синот на легендата на Црвена звезда, Зуфер Авдија, натпреварот го заврши со 36 поени, осум скока и седум асистенции.
Покрај Авдија се истакна Шедон Шарп со 23 поени и шест скока, а го следеше Делано Бантон со 19 поени, додека по 16 постигнаа Тумани Камара и Скут Хендерсон.
Кај Денвер Нагетс се истакна Ентони Гордон со 23 поени, три скока и четири асистенции, а го следеше Расел Вестбрук со 18 поени, четири скока и четири асистенции.
Кевин Дурент постигна 42 поени, шутираше 29 пати и погоди 17, а придодаде и шест скока и осум асистенции. Неговиот Феникс победи против Кливленд 123:112. Кавалирс во финишот на сезоната влегоа во криза, ова за нив беше третиот пораз на последните четири натпревари.
Резултати:
Вашингтон – Орландо 105:120
Мајами – Хјустон 98:102
Минесота – Њу Орлеанс 134:93
Оклахома – Шарлот 141:106
Сан Антонио – Филаделфија 128:120
Далас – Детроит 123:117
Јута – Бостон 99:121
Феникс – Кливленд 123:112
Портланд – Денвер 128:109
ЛА Клиперс – Мемфис 128:108
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Французите отворија истрага против Мбапе за наводни лажни плаќања
Француското јавно обвинителство почна истрага за потенцијално сомнителни плаќања извршени од францускиот напаѓач и играч на Реал Мадрид, Килијан Мбапе, до пет полицајци одговорни за безбедноста на француската фудбалска репрезентација.
Истрагата беше започната по дојава од единицата за борба против перење пари, која пријави необични финансиски трансакции во корист на пет полицајци, пренесoa француските медиуми.
„Истрагата е во тек. Поради сложената природа на финансиските трансакции, потребно е дополнително да се утврди дали се извршени кривични дела“, кусо соопшти јавното обвинителство.
Според францускиот неделник „Ле Канар Еншен“, Мбапе наводно платил нешто повеќе од 180.000 евра „некниговодствено“ за приватни услуги.
Набрзо следеше соопштение од неговиот тим, во кое се наведува дека сè е направено во согласност со правилата. Тие додаваат дека Мбапе отсекогаш ги донирал сите свои бонуси што ги добивал за настапи во францускиот дрес, а тоа го сторил и по Светското првенство во 2022 година кога парите отишле во хуманитарни организации и безбедносен персонал што ја придружувал репрезентацијата.
Фото: Принтскрин
Спорт
(Видео) Американците шокирани од изгледот на братот на Јокиќ: „Ова е она што Маркиф Морис го гледа во своите кошмари“

Страхиња Јокиќ реши да го поддржи Денвер дури и кога неговиот брат Никола е во далечната Кина, а тој момент привлече огромно внимание и предизвика лавина од урнебесни коментари.
Страхиња се појави на натпреварот Денвер – Лос Анџелес Клиперс (81:76) и реши да седне веднаш зад клупата на „Нагетсите“ и да ја гледа првата победа на клубот во Летната НБА лига.
The camera focuses on Strahinja Jokic, one of Nikola Jokic's brothers, during the game. pic.twitter.com/q9Ox2o44FJ
— MrBuckBuck (@MrBuckBuckNBA) July 18, 2025
Ова можеби ќе поминеше незабележано доколку не дојдеше во зелена маица со два пантери што врескаа од неговите гради.
Страхиња редовно беше во фокусот на камерата поради својот стил, а урнебесните коментари се нижеа.
Parece increíble que Nikola Jokic pueda seguir mejorando cada año un nivel ya histórico, pero el crecimiento de su hermano Strahinja no se queda atrás
Lo que ve Markieff Morris en sus pesadillas 😱 pic.twitter.com/yufWh0yEXz
— nbamaniacs (@nbamaniacs) July 18, 2025
„Се чини неверојатно како Никола Јокиќ напредува секоја година на веќе историско ниво, но растот на неговиот брат Страхињ не заостанува многу“.
After 8 Summer League games in 2 days, my largest takeaway is how massive Strahinja Jokic is…@JokicBrothers pic.twitter.com/DnlqXRq1tP
— Daniel Hailpern (@DanielHailpern) July 18, 2025
„Ова е она што Маркиф Морис го гледа во своите кошмари“, порача еден корисник.
If Giannis can get the Bucks to hand out a roster spot to Thanasis, Denver should suit Strahinja Jokić up for at least a year. https://t.co/EFXW2lEIWV
— Andy Bailey (@AndrewDBailey) July 18, 2025
„По осум натпревари од Летната НБА лига за два дена, мојот најголем впечаток е колку е голем Страхиња Јокиќ.“
Nikola Jokic’s brother Strahinja is an absolute UNIT pic.twitter.com/V1w6M70koL
— Odds Shark (@OddsShark) July 18, 2025
Спорт
Од авантурист до семеен човек: трагично загинатиот Феликс Баумгартнер ја пронајде љубовта кај убавата Романка по бурната романса со мис

Познатиот екстремен спортист Феликс Баумгартнер (56) трагично го загуби животот во несреќа со параглајдинг во Италија, објави државниот радиодифузен сервис РАИ.
Познат како „човек без страв“, Баумгартнер ги поместуваше границите на она што е можно во текот на својата кариера – скокајќи од облакодери, карпи и хеликоптери, а својата најголема слава ја постигна во 2012 година кога скокна од стратосферата од висина од 39 километри, во мисија што ја следеа милиони гледачи низ целиот свет.
Освен што беше бестрашен, Феликс имаше и малку бурен љубовен живот, но сепак успеа да се смири покрај Михаела Радулеску, романска водителка.
Феликс се запознал со познатата водителка во 2014 година и оттогаш беа во врска, но никогаш не се венчале. Сепак, во медиумите секогаш биле претставувани како еден од најстабилните парови.
Двојката среќата ја наоѓала во честите патувања, од кои редовно објавувале фотографии, а живееле помеѓу Швајцарија-Австрија-Германија.
Пред Михаела, Феликс беше заљубен во мисицата Никол Етл. Многумина се сомневаа дека врската ќе заврши со брак, но тие раскинаа во 2013 година по седум години љубов.
Феликс Баумгартнер ги сакаше екстремите, авантурите и непредвидливоста, но неговата најдолга авантура беше со Михаела, со кого конечно успеа да најде слобода.
Како што претходно изјави водителката, тие функционирале совршено дури и кога биле разделени.