Контакт

Македонија

Општина Аеродром ги тресе угостителските објекти, ќе ги проверува и зградите

Објавено пред

Инспекциските служби на Општина Аеродром во текот на минатата недела извршиле контроли на околу 100 угостителски објекти кои работат на територијата на општината.

dobivaj vesti na viber

Општината денеска информира дека во тек е обработка на податоците собрани од терен и се изготвува анализа за состојбата со исполнувањето на законските одредби и подготвеноста на објектите за вршење угостителска дејност.

– Исто така, Општина Аеродром веќе изготви план за контрола на хидрантските мрежи во станбените згради, за пристапите, како и за излезите од објектите за колективно домување и од понеделник, во соработка со куќните совети и со управителите на станбените објекти, ќе започне инспекција за состојбата во зградите, соопшти Општината.

В. д. градоначалникот Дејан Митески во вторникот, на 18 март, испратил барање до сите основни училишта и градинки „во најкус можен рок да достават одговори за состојбата со хидрантските мрежи во објектите, како и за ажурирањето на апаратите за гасење пожар“.

– Потребно е да достават и елаборати за противпожарна заштита, како и планови за евакуација. Општина Аеродром прави сѐ што е во нејзина надлежност за зачувување на безбедноста на граѓаните и обезбедување на сите услови за непречено одвивање на секојдневието, како на физичките, така и на правните лица, се наведува во соопштението.

Македонија

Ѓорѓиевски: Да оддадеме почит кон загинатите со садење дрвја ширум државата, Општините да ги откажат планираните настани

Објавено пред

Управниот одбор на Заедницата на локални самоуправи (ЗЕЛС) донесе заклучок со кој ќе препорача сите локални самоуправи да ги откажат или да најдат соодветна замена за планираните јавни настанати. Претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на Кисела Вода вели дека еден од прифатливите предлози за замена на планираните јавни настани е садење дрвја во чест на загинатите во пожарот во Кочани.

dobivaj vesti na viber

„Донесовме заклучок како ЗЕЛС сите оние јавни настани кои биле планирани од страна на локалната самоуправа во наредниот период нашата препорака е до градоначалниците, до директорите на училиштата до директорите на јавните установи да бидат откажани или да се најде соодветна замена за начин на интерпретација на тие настани. Еден од предлозите беше во чест на жртвите, оние млади лица кои ги изгубија своите животи, за жал, да бидат засадени дрвја во наредниот период, ширум државата. На тој начин да оддадеме почит кон нив“, рече Ѓорѓиевски.

Тој денес извести дека во вонредните надзори во училиштата, градинките и сите јавни објекти во кои се собираат деца и млади ширум земјава, иницирани по пожарот во Кочани, е утврдено дека тие се безбедни. Во следниот период најави вонредни инспекции во сите станбени згради.

Прикажи повеќе...

Македонија

Дождот ќе се задржи цела недела

Објавено пред

До крајот на оваа седмица времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд.

dobivaj vesti na viber

Наместа процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен пороен дожд, појава на грмежи и силен ветер (над 60 километри на час). Во овој период локално се очекува да наврне поголема количина дожд (над 60 литри на квадратен метар), информираат од УХМР.

Во Скопје до крајот на седмицата времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Во делови од котлината врнежите повремено ќе бидат поројни, проследени со појава на грмежи и засилен ветер.

Прикажи повеќе...

Македонија

За разлика од порано кога виновен беше кабелот, сега има истрага и приведувања, рече Петрушевски и повика да не се злоупотребува трагедијата

Објавено пред

Сериозноста бара одговорност, но не и манипулации со трагедијата, изјави на прес-конференција пратеникот Бране Петрушевски додавајќи дека Социјалдемократскиот сојуз се служи со подмолни политички калкулации кога зборува за трагедијата во Кочани.

dobivaj vesti na viber

Според владејачката партија, прашањата што ги поставува опозициската партија се дел од активна истрага предводена од институции што работат со целиот капацитет и со огромна свесност за големиот интерес на јавноста и општеството за брзи, но праведни резултати.

Сепак, како што рече, ценејќи ја јавноста и настојувајќи по секоја цена да го оттргнат и најмалиот сомнеж, јасно истакнуват дека Владата и органите за истрага од првиот момент реагираа – има веќе голем број приведени лица, а истрагата продолжува со несмален интензитет. И тоа, за разлика од минатото, со обиди за откривање на целосната вистината, а не со алиби-објаснувања за кабли и шасии како главни виновници за трагедиите што во минатото ни се случуваа“.

„СДС прашува: ‘Зошто не се притворени началници, командири, инспектори?’. Ова не е судење со толпа. Правдата не е циркус, туку процес. Притвор се одредува со докази и правни основи, а не со притисоци од партиски штабови. Главната дилема е зошто истото судство, истото обвинителство, создадено во времето на СДС и ДУИ, денес работи со поголема посветеност? Одговорот е јасен: Затоа што Владата денес не се обидува да скрие, туку да расчисти. Не се издаваат наредби на телефон, не се читаат имиња од тефтерчиња и не се прикриваат трагедии со смешни извештаи“, рече Петрушевски.

Додаде дека за време на трагедиите на „Беса транс“, Ласкарци, модуларната болница – немаше ниеден притворен функционер, ниедно поднесено обвинение. Виновни беа каблите, возачите, времето – и никогаш системот. Затоа што системот беше под заштита на Заев и Ахмети. Вели дека опозицијата сега говори за селективна правда, но токму тие се симболот на таа селективност.

Не може да го извадат народот на улица со лаги затоа што народот добро памети.

Петрушевски апелира до јавноста дека ова не е битка помеѓу партии, туку е битка за правда и институциите ќе ја истераат до крај со одговорност, и индивидуална и институционална. Но, нема да има дозвола за манипулација, за злоупотреба на жртвите и за ново сценарио за дестабилизација во момент кога државата се обидува да застане на нозе.

ВМРО-ДПМНЕ повикува Јавното обвинителство со сериозност да ги земе предвид сите укажувања на јавноста и медиумите и секаде каде што постојат реални аргументи и докази за инкриминираност и евентуална одговорност, без разлика на личноста, функцијата или партиската припадност, да постапи соодветно, брзо и во согласност со законот.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија7 минути

Ѓорѓиевски: Да оддадеме почит кон загинатите со садење дрвја ширум државата, Општините да ги откажат планираните настани

Управниот одбор на Заедницата на локални самоуправи (ЗЕЛС) донесе заклучок со кој ќе препорача сите локални самоуправи да ги откажат...

Македонија31 минута

За разлика од порано кога виновен беше кабелот, сега има истрага и приведувања, рече Петрушевски и повика да не се злоупотребува трагедијата

Сериозноста бара одговорност, но не и манипулации со трагедијата, изјави на прес-конференција пратеникот Бране Петрушевски додавајќи дека Социјалдемократскиот сојуз се...

Македонија2 часа

Мицкоски: Ги разбирам граѓаните што сакаат да го изразат револот на протест, но немам оправдување за политичките глодачи

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека има разбирање за оние што решиле преку демократската алатка, како што е протестот, да го изразат...

Македонија3 часа

Се собираат писмени изјави за да може да се достават парите од Црвениот крст за настраданите во пожарот, засега донирани 54 милиони денари

Над 54 милиони денари засега се собрани на сметката на Црвениот крст за настраданите од пожарот во дискотеката „Пулс“ во...

Македонија3 часа

Тим пластични хирурзи се селат во Кочани, Таравари очекува за две недели половина од пациентите да се вратат дома

Министерот за здравство, д-р Арбен Таравари, во денешната изјава за медиумите информира дека вкупно 16 пациенти, кои се лекуваат во...

Македонија4 часа

Таравари: Утрово станав со 50 пораки дали давам оставка, останувам министер и на 1, и на 2, и на 5 април

Министерот за здравство Арбен Таравари ги демантира шпекулациите дека ќе си даде оставка на 2 април, кои викендов се раширија...

Македонија4 часа

Во скопската населба Маџари диво работел магацин за храна: АХВ и МВР спречија пуштање во промет повеќе од 40 тони небезбедни сувомесни производи

По добиено известување од Министерството за внатрешни работи дека во скопската населба Маџари, диво работи магацин за храна, Агенцијата за...

Македонија5 часа

ДУИ: Тоа не беше обичен локал, туку неформалното собиралиште на целата политичка, криминална и бизнис-елита на Кочани, сите сѐ гледале, но цела година никој ништо не видел

„Изминаа седум дена болка, молк и солидарност – денови кога целото општество се поклони пред споменот на 59 млади животи...

Македонија6 часа

ФЗОМ предупредува за сериозна фишинг-измама, која се одвива преку лажната веб-страница fzom.net

Фондот за здравствено осигурување на Македонија (ФЗОМ) ги известува граѓаните за сериозна фишинг-измама, која се одвива преку лажна веб-страница со...

Топ6 часа

Скопјанец украл 10 илјади евра од менувачница, го искористил моментот кога вработениот кратко излегол

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 44-годишен скопјанец за кого постои сомнение дека сторил кривично дело...

Европа7 часа

(Видео) Немири во Турција: четврта ноќ протести поради апсењето на Имамоглу, полицијата испука гумени куршуми

Демонстрантите кои се противат на апсењето на градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу, протестираа четврта ноќ по ред во тој град,...

Европа8 часа

(Видео) Украинците објавија снимка: „Уништивме четири руски хеликоптери“

Украинските сили за специјални операции известија дека, во координација со одбранбеното разузнавање, ракетните сили и артилериските единици, уништиле два хеликоптери...

Европа8 часа

Медицински техничар уби девет пациенти во Германија, почнува судењето

Денес почнува судењето на медицинскиот техничар кој предозирал до смрт девет пациенти во одделението за палијативна нега во Германија. Властите...

Европа8 часа

(Видео) Зеленски: Средбата со САД беше конструктивна, напредуваме по клучните прашања

Украинскиот министер за одбрана Рустем Умеров рече дека разговорите со американската делегација во Саудиска Арабија биле „продуктивни“ и се фокусирани...

Македонија19 часа

Подготвен е протокол по кој идната недела ќе бидат пречекани првите пет пациенти кои се лекуваат во странство

Подготвен е протокол според кој идната недела ќе бидат пречекани првите пет пациенти кои што се лекуваат надвор од државата,...

Македонија22 часа

Таравари: Во македонските болници сите пациенти се во стабилна и добра состојба

По завршување на редовниот состанок на кризниот штаб, министерот за здравство Арбен Таравари информираше за состојбата со пациентите, кои беа...

Македонија22 часа

Контролите на објектите од безбедносен аспект ќе бидат етапни и долгорочни, најави Митева

Контролите на објектите од безбедносен аспект ќе бидат етапни и долгорочни, најави портпаролката на Владата Марија Митева. -Во овој момент...

Македонија24 часа

Се „чешла“ документацијата и се проверуваат сите објекти од јавен карактер низ државата

Сите општини координирани преку ЗЕЛС започнаа со вонредни инспекциски контроли во сите објекти од јавен карактер низ државата. Во голем...

Македонија1 ден

„Дурмо турс“ во чиј автобус загинаа 14 патници пак работи „на диво“, полицијата казнуваше превозници

Од 138 контроли за вршење превоз на патници и стоки кои во претходните три дена ги направиле инспектори за патен...

Македонија1 ден

За пет часа поради низа неправилности, затворени се 16 угостителски објекти во Тетово и Гостивар

Во полициска контрола извршена вчера во периодот од 10 до 15 часот на подрачјето на Тетово и Гостивар, во 16...