Македонија
Денес врнежи од дожд и умерен ветер
Времето денеска ќе биде променливо облачно со локални врнежи од дожд, особено попладне. Ќе дува умерен до засилен јужен ветер.
Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 6, а максималната ќе достигне од 12 до 19 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен дожд. Ќе дува умерен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 19 степени.
УХМР информира дека под влијание на влажни воздушни маси од југ, од денеска следува период на променливо облачно и нестабилно време со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен јужен ветер. Локално врнежите ќе имаат пороен карактер и ќе бидат проследени со грмежи и силен ветер (над 60км/час). Поинтензивни процеси се очекуваат од средината на следната седмица кога наместа ќе наврне поголема количина на дожд (над 20л/м2 за 24 часа).
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода денеска дел од Сарај и високата зона во населба Ѓорче Петров
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради дефект на затварач со пречник од Ф-350 мм на ул. 20 во нас. Сарај, од 07:30 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од населените места: Лака, Крушопек, Грчец, Шишево, Глумово, Горна и Долна Матка, Арнакија, Љубин и село Сарај, (Општина Сарај) и високата зона, односно повисоките катови од зградите во населба Ѓорче Петров.
Македонија
Дел од Бутел денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08:30 до 09:30 часот, објектот на ДОГАН ИНВЕСТ ДООЕЛ-СКОПЈЕ, односно објектот на Форд на самата раскрсница булевар Македонско-Косовска Бригада со булевар Босна и Херцеговина. (Општина Бутел)
Македонија
Продолжува периодот на стабилно и релативно топло време за овој период од годината
Сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност. Во утринските часови наместа ќе има зголемена облачност која во текот на денот ќе се намали. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 11 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Претпладне во делови од котлината ќе има услови за појава на слаба магла. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Продолжува период на стабилно и релативно топло време за овој период од годината. Во утринските часови наместа ќе има зголемена облачност која во текот на денот ќе се намалува.

