Македонија
Македонија е со најниска просечна плата во Европа

Во последните десет години просечната плата во Македонија пораснала за околу 97%. Но, и покрај континуираниот раст, Македонија останува речиси на дното во Европа и регионот според висината на просечната плата.
Просечната плата во јануари 2015-та била 21.828 денари, а со последната обајава на Државниот завод за статистика, просечна плата во јануари 2025 изнесува 43.050 денари(700 евра).
Повеќе од нас заработуваат работниците во Србија, во просек 924 евра месечно, во Босна и Херцеговина земаат 790 евра, во Црна Гора 1.004, во Хрватска 1.392 и во Словенија 1.569 евра месечно.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Прекинато водоснабдување во дел од Општина Карпош

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект на шибер од ф – 80 мм на ул. Руѓер Бошковиќ бр. 15, во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат корисниците лоцирани на потегот од бул. Осми Септември до раскрсница со ул. Никола Тесла. (општина Карпош).
Македонија
Мицкоски ќе се сретне со Орбан во Будимпешта

Премиерот Христијан Мицкоски в петок ќе присуствува на CPAC конференција во Будимпешта, Република Унгарија, соопшти владината прес-служба.
Мицкоски во рамки на посетата ќе се сретне со унгарскиот премиер, Виктор Орбан.
Македонија
Сојузниците од НАТО треба да трошат по 5 отсто од БДП за одбраната, му рекол Рубио на Муцунски

Државниот секретар на САД, Марко Рубио на средбата со шефот на македонската дипломатија, Тимчо Муцунски, нагласил дека е неопходно сојузниците во НАТО да дадат поддршка и да постигнат 5 отсто издвојување за одбраната, соопшти Стејт Департментот во соопштение по средбата.
Двајцата ја потврдиле силната врска меѓу Соединетите Американски Држави и Северна Македонија и ги истакнале заедничките интереси во однос на регионалната стабилност, економската соработка и НАТО.
Тие разговарале и за можностите за проширување на економската соработка, вклучувајќи ја трговијата и инвестициите.
Муцунски по средбата соопшти дека е потврдено стратешкото партнерство со САД, а нашата држава продолжува да дава активен придонес како кредибилен сојузник, со инвестиции повеќе од 2 отсто од БДП во одбранбениот сектор.