Црна хроника
Возач тешко повреден откако со автомобил излета од пат

Денеска во 00.20 часот во СВР Охрид, било пријавено дека на магистралниот пат Охрид – село Подмољје, патничко возило цитроен берлинго со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Н.(51) од Скопје, излетало надвор од коловозот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Млад возач удри пешак во Скопје, во болница е со тешки повреди

На улицата Благоја Стефковски во Скопје, синоќа околу 21 часот се случи сообраќајна несреќа, пришто прегазен е 54-годишен пешак.
Според информацијата од МВР, во пешакот удрил автомобил, управуван од Б.И.(24) од селото Грчец, скопско.
Пешакот е тешко повреден и пренесен во Градската болница „8 Септември“.
Извршен е увид на местото на несреќата.
Црна хроника
Браќа нападнати од група во Гази Баба, оштетен и семејниот автомобил на момчињата

Мајка пријавила дека вчера околу 18.00 часот на подрачјето на Гази Баба, нејзините синови на возраст од 22 и 16 години биле физички нападнати од неколку лица.
Тие употребиле и метален предмет со кој го оштетиле нивното возило.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Скопјанка нападната од сопругот со кој се разведува

Четириесет и двегодишна скопјанка од Драчево синоќа била нападната од нејзиниот сопруг во семејниот дом.
Од МВР велат дека двојката е во бракораводна постапка.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.