Македонија
Едночасовен молк во скопскиот Градски парк за жртвите од пожарот во Кочани

Во скопскиот Градски парк, попладнево, стотина млади се собраа да оддадат почит на жртвите од пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани со едночасовен молк.
Како што беше наведено и во најавата од страна на „Студентски пленум” за денешниот собир, граѓаните почнаа да се собираат околу 16 часот, по што едночасовниот молк започна една минута пред 17 часот, односно, симболично, во 16:59 часот.
Минатата недела во пожарот во дискотеката, загинаа 59 лица, а околу 200 лица се здобија со повреди.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Двајца Македонци загинаа во сообраќајка во Италија

Двајца Македонци го загубија животот во трагична сообраќајна несреќа што се случи помеѓу меѓу комбе и камион во близина на Боскалто ди Лорегија, Италија.
Како што јавуваат италијанските медиуми, се работи за Фуат Етемовски (65) и Бајрам Бајрамоски (52) кои живееле со децении во Италија и биле работници во фабрика, а се враќале со своето комбе дома по напорниот работен ден.
Фаталната несреќа се случила во 19 часот во вторникот на 25 март. Третиот учесник во несреќата е тешко повреден, и според информациите, станува збор за државјанин на БиХ.
Македонија
Другарите на загинатиот Ице Андонов ќе му ја исполнат желбата да го однесат неговиот автомобил на саем

Дваесетгодишниот Ице Андонов е еден од загинатите во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, кој го жртвувал својот живот за да спасува луѓе, кобната ноќ на 16 март.
Тој имал неисполнета желба која неговите другари ќе му ја исполнат постхумно – да го однесат неговиот автомобил на саем за автомобили.
Според сведочењата, Ице бил вработен во дискотеката и неколкупати влегувал и излегувал за да спасува животи, а имал и обиди да ја скрши заглавената споредна врата.
Во пожарот во дискотеката „Пулс“ животот го загубија 59 лица. Почина и возачот на брзата помош во Кочани кој ноќта и во текот на следниот ден превезувал повредени лица од Кочани до Скопје. Кога дошол дома заспал, и повеќе не се разбудил.
Македонија
Ангел пристигна во Скопје! – се лекуваше во Атина по пожарот во дискотеката

Ангел е вториот пациент повреден од пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, кој попладнево пристигна дома.
Тој допатува од болницата во Атина, каде што се лекуваше по катастрофата која проголта 59 млади животи.
Го пречекаа министрите за здравство и надворешни работи, Арбен Таравари и Тимчо Муцунски.
Согласно медицинскиот протокол, после 24 часовен престој на клиника и по направени токсиколошки испитувања, се очекува тој утре да биде пуштен на домашно лекување.
Вечерва ќе пристигнат уште четворица пациенти, кои беа на лекување во Шпанија.