Спорт
Нов Зеланд избори пласман на Светското првенство

По репрезентацијата на Јапонија, уште една селекција се пласираше на Светско првенство. Репрезентацијата на Нов Зеланд избори пласман на Мундијалот во 2026 година, чии домаќини ќе бидат Мексико, Канада и САД.
„Кивите“ ја совладаа Нова Каледонија со 3:0 (0:0) во финалето на квалификациите во зоната Океанија.
Иако резултатот беше убедлив, Новозеланѓаните се мачеа да спречат сензација пред 25.000 свои навивачи во Окленд.
Отпорот на аматерската селекција, репрезентативците на нов Зеланд го скршија во последните 30 минути од натпреварот.
Иако се очекуваше Крис Вуд да биде главна закана кон голот на Нова Каледонија, победата на „кивите“ им ја донесоа Мајкл Боксал со гол во 62. минута, Коста Барбарусес во 66. минута и Елајџа Џаст во 80. минута.
Нов Зеланд е петтиот учесник на СП 2026 година, по Јапонија, која беше доминантна во азиските квалификации и организаторите на завршниот турнир.
Новозеланѓаните петти пат по ред ги освојуваат квалификациите за Океанија, а Светското првенство во 2026 година ќе биде нивно трето во историјата, по Светските првенства во 1982 и 2010 година.
Нова Каледонија ќе има уште една шанса да дојде до Мундијалот. Оваа репрезентација ќе учествува во интерконтинеталниот бараж.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Средба на Ѓоковиќ и Меси во Мајами

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се пласираше во првото финале оваа сезона. Тој во полуфиналето на турнирот Мастерсот во Мајами го победи Григор Димитров со 6:2, 6:3 во „најстариот“ полуфинален меч во историјата на турнирот од серијата 1.000. Двајцата заедно имаат 71 година и 262 дена.
Ѓоковиќ победата ја забележа пред Лионел Меси, кој настапува за Интер Мајами и дојде да го гледа полуфиналето на Мастерсот.
„Голема чест и задоволство, многу ми значи што Лео дојде. Мислам дека првпат играм пред него во живо. Му благодарам што е тука со семејството. Му се восхитувам, како и повеќето луѓе во светот, бидејќи има неверојатна кариера. Ние сме на иста возраст, 1987 година, и убаво е што е тука“, изјави по мечот Ѓоковиќ.
Ѓоковиќ и Меси потоа се запознаа, а ги поврза поранешниот аргентински тенисер и пријател на Меси, Хуан Мартин дел Потро. Меси и Ѓоковиќ си разменија подароци и се фотографираа заедно. Ѓоковиќ му подари на Меси маица со натпис: „На семејството Меси, со љубов“.
Спорт
Перез го губи трпението со Винисиус – Реал размислува да го продаде Бразилецот

Првиот човек на Реал Мадрид, Флорентино Перез размислува да го продаде Винисиус Жуниор, откако преговорите околу новиот договор на фудбалерот не се мрднати од почетната точка. „Марка“ тврди дека Перез ова му го соопштил на менаџерот на Бразилецот.
Реал, поточно првиот човек на клубит, очекуваше дека лесно ќе се договори со менаџерот на Винисисус, откако побрза да му понуди нов договор, поради интересот од Саудиска Арабија.
„Марка“, објави дека Перез е разочаран од пристапот на Винисиус и неговиот менаџер кога е во прашање новиот договор затоа што бара неверојатни суми пари за да остане во Реал, што на крајот може да му се врати како бумеранг.
Тие наведуваат дека Перез го губи трпението, што покажал на состанокот одржан пред неколку дена со менаџеот на Винисиус и дека дури во еден момент рекол дека ќе го продаде Бразилецот доколку продолжат со своите нереални барања.
Реал Мадрид е фрустриран што преговорите воопшто не напредувале во изминатите неколку месеци и Перез наводно му дал до знаење на Винисиус дека ќе биде продаден на лето доколку наскоро не одлучи дали ќе го продолжи договорот или не.
Спорт
Изненадување во Мајами – Ѓоковиќ доби неочекуван ривал во борбата за титулата

Новак Ѓоковиќ доби неочекуван ривал во финалето на Мастерсот во Мајами. Србинот го победи Григор Димитров со 6:2, 6:3, а за 100.титула во кариерата ќе игра против Чехот, Јакуб Меншик.
Чешкиот тенисер Јакуб Меншик, кој приреди големо изненадување во второто полуфинале и го победи домашниот тенисер Тејлор Фриц.
Во меч кој траеше нешто помалку од два и пол часа, Чехот победи со 2:1 (7:6, 4:6, 7:6).
Мечшик сервираше неверојатни 25 аса со 82 отсто освоени поени на прв сервис.
Нијансите решаваа околу конечниот победник и ако треба да се бара мана во играта на Фриц, тоа би биле поените од вториот сервис, кои беа под 50 проценти.
Пред Мајами, Меншик беше на 54. место во светот, но сега ќе се пробие во Топ 30. Пред пет месеци наполни 19 години, игра навистина фантастичен тенис и пред се сервира неверојатно брзо и прецизно.
Ѓоковиќ и Меншик веќе играа еднаш, лани во Шангај кога најдобриот на сите времиња успеа да победи со 6:7(4), 6:1 6:4.