Соопштенија
Новиот OPEL ROCKS: електрично лесно моторно возило во ново руво
-  Смел, елегантен и непогрешлив: Rocks сега со црн Opel Vizor, бел Blitz и светло сива каросерија
-  Со„млад“ дух, иновативен, освежен: целосно електричниот Rocks овозможува мобилност без емисии
-  Предност на четирите тркала: лесното моторно возило за две лица со кабина за заштита од неповолни временски услови, панорамски кров и поврзување со паметен телефон
Со „млад“ дух, иновативен и без емисии: со Opel Rocks, младите од 15 годишна возраст (во зависност од законите во државата) можат да уживаат во независна, индивидуална електромобилност на опуштен начин и сега уште постилски од порано. Затоа што сега Rocks е посмел, поелегантен и поуникатен.
Ова го покажуваат и првите слики: Opel Vizor сега е во карактеристична црна боја, како и кај сите други модели, додека Opel Blitz на предната и задната страна сјае во контрастно бела боја.
Додека каросеријата под линијата на прозорецот ќе биде светло сива, црниот кров и црните тркала ќе останат контрасни. Tоа му дава на новиот Opel Rocks дизајн кој ја отсликува филозофијата на брендот ‘детокс’.
Смел, елегантен, освежен и едноставен: тоа е новиот Opel Rocks.
Едноставен за маневрирање, заштитени од неповолни временски услови, на четири тркала: Rocks идеален за влез во електричниот свет
Се разбира, Rocks ги задржува своите вообичаени моќни страни со свеж изглед. Од ова особено ќе имаат придобивка почетниците со електрични возила на возраст од 15 години (во зависност од законите во државата). Возачите на Rocks треба само да имаат возачка дозвола од класа AM (во зависност од законите во државата). Во споредба со е-велосипеди, е-скутери и други моторни средства на две тркала, Rocks овозможува релевантни предности.
На овој начин кабината на лесното моторно возило ги штити патниците од ветер и неповолни временски услови. Со Rocks патувањето е побезбедно благодарение на цевчестата просторна рамка и зоните на деформација, како и ветробранското стакло направено од ламинирано стакло. Покрај тоа, Rocks овозможува урбана мобилност без емисии.
Најмалиот модел во гамата на Opel oвозможува опсег до 75 km кои може да се поминат со брзина до 45 km/h. Rocks може да се полни преку секој нормален приклучок за домаќинство.
Соодветен кабел за полнење е поставен зад совозачката врата и може лесно да се повлече доколку е потребно. Со круг на вртење од само 7,20 m, возачите можат да управуваат со 2,41 m краткиот и само 1,39 m широкиот (без надворешни ретровизори) Rocks низ тесни кривини или да пристапат до мали паркинг места.
Со својот свеж стил, електричното лесно моторно возило повторно ќе ги привлекува Вашите погледи. Двете врати се идентични во типичниот дизајн на Rocks. Совозачката врата се отвара напред како и обично, додека возачката врата се отвара наназад во спротивна насока.

Елегантен, јасен, поврзан: внатрешност целосно прилагодена на младата генерација
Во внатрешноста, Rocks е исто така целосно приспособен на потребите на младата генерација. Дизајнот е многу функционален и импресионира со контроли лесни за дофат и јасни, едноставни за читање дисплеи кои се фокусираат на најважните работи.
Држачот за паметни телефони со USB приклучок и поврзувањето преку DAT приклучок, позициониран на централната конзола, обезбедува мрежно поврзување и овозможува пристап до апликацијата „myOpel“. Дополнително, возачите на Rocks можат да го поврзат својот паметен телефон преку Bluetooth преку одделен прекинувач „MyRocks“ на управувачот.
Со „MyRocks Play“, патниците можат да ја слушаат својата омилена музика, да го користат омилениот систем за навигација и да остваруваат телефонски повици без да го тргнат погледот од патот.
Управувачот кај Rocks се истакнува со својот нов дизајн: со бел Opel Blitz на црна позадина, сега совршено го рефлектира Opel Vizor и на тој начин ја внесува уникатната дизајнерска карактеристика во внатрешноста. Стандардниот панорамски кров обезбедува светлина и пријатна атмосфера, невообичаена за возило од оваа класа. Панорамскот кров заедно со страничните и задното стакло се изработени од калено безбедносно стакло. Современите LED предни светла кај Rocks обезбедуваат подобра видливост при дожд или темнина.
Новиот Opel Rocks ќе биде лансиран наскоро. Наскоро ќе следат дополнителни информации за Edition и GS нивоата на опременост, како и за атрактивните цени и условите за купување.

За ЕУРОИМПЕКС
Компанијата Еуроимпекс е основана 1990 година како мала трговска фирма за увоз-извоз. Започнува скромно и по осамостојувањето на Македонија, Еуроимпекс е првата приватна компанија чие работење е насочено кон трговија со автомобили и моторни возила од лесна категорија уште од далечната 1992 година, со првиот увоз на Peugeot автомобили.
Соработката со брендот Opel ја започнува кон крајот на 2020та година со што прераснува во Генерален увозник и дистрибутер на брендот OPEL за Македонија, Србија, Црна Гора, Косово и Албанија; Овој успех го круниса 30 годишниот јубилеј на Еуроимпекс кој беше одбележан истата година.
ПР текст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Соопштенија
Предности и поволности на новата Халки картичка за деца
Сите деца на возраст од 9 до 15 години сега може да имаат своја банкарска картичка која ќе им помогне да научат одговорно да располагаат со парите и да штедат, но и да им се најде во ситуации кога итно им требаат пари, а родителите не се дома. Првата картичка за деца во земјава, која ја воведе Халкбанк пред неколку недели, е корисно и практично решение и за најмалдите и за нивните родители.
Дебитната картичка Халки може да се добие преку брза и едноставна процедура во која било филијала на Халкбанк во Македонија со присуство на двајцата родители/старатели. Таа овозможува низа предности и поволности за брзи, едноставни и безбедни трансакции преку интернет и во малопродажба. Особено е важно што, за разлика од користењето готовина, родителите имаат целосна контрола колку средства троши нивното дете и за која намена.
Во продолжение наведуваме дел од главните карактеристики на Mastercard Junior картичката на Халкбанк наменета за деца на возраст од 9 до 15 години.
- Нула денари трошоци за отворање, водење и одржување сметка
- Бесплатни СМС известувања за родителот/старателот за секоја трансакција
- Можност за одредување лимит на дневна сума на платежната картичка
- Повлекување готовина без надоместок од сите банкомати во земјата и странство
- Бесплатен трансфер на средства од сметката на родителот на сметката на детето
- Можност за дигитализирање на картичката на Apple Pay/Google Pay/Fidesmo Pay
- Без надоместок за издавање на платежната картичка до 31.03.2026 година
Еден од најголемите бенефити од користењето сопствена картичка е поттикнувањето финансиска писменост на децата. На овој начин тие може да научат како да располагаат со месечен буџет, да штедат, да плаќаат безбедно на интернет и генерално како одговорно да ги трошат финансиските средства.
Исто така, поседувањето картичка овозможува префрлање пари од сметката на родителот на сметката на детето за само неколку минути. Ова е особено корисно кога родителот е на работа или на патување, а на детето итно му требаат пари за некоја намена или кога едноставно заборавило да понесе готовина со себе.
Во време на дигитализација и брз начин на живот, Халки картичката за деца е иновативно и корисно решение креирано за специфичните потреби и на децата и на родителите. Халкбанк постојано работи и инвестира во зголемување на финансиската писменост на децата, а оваа активност е дел токму од тие напори на банката.
(ПР)
Соопштенија
„Sport Life“ ги израдува со новогодишни пакетчиња децата од ранливите категории и лицата со посебни потреби
Радост и празнично расположение кај децата од ранливите категории и лицата со посебни потреби, при посетата на претставниците на „Sport Life“ обложувалници.

Тие им подарија новогодишни пакетчиња на 70 деца во групните домови за деца без родители од ЈУ Детски дом „11 Октомври“ – Скопје, исто така и на верните пријатели од Здружението регионален центар за лица со интелектуална попреченост – „ПОРАКА НАША“ Куманово, а оваа година 32 пакетчиња беа доделени и на Здружението за рехабилитација и инклузија на лицата со даунов синдром – Дневен центар „ДОЗА СРЕЌА“ во Скопје.
„Ова е петта година по ред, во која во пресрет на Новогодишните празници, сакаме да ја подигнеме свесноста за децата од ранливите категории и лицата со посебни потребни, т.е. оние кои секојпат треба да бидат во нашите мисли и дел од општествената одговорност на компаниите.

Се надеваме дека оваа наша посета и донација, ќе им донесе многу насмевки и среќа и ќе им ги разубави Новогодишните празници. Оваа благородна традиција е дел од нашата визија за похумано и инклузивно општество и истата ќе продолжи и во иднина“ – изјави Петар Поцков, маркетинг директор на „Sport Life“.
Воедно, „Sport Life“ обложувалниците им посакуваат среќни Новогодишни и Божикни празници, на сите граѓани, со желби за здравје, мир и благосостојба.
(ПР)
Соопштенија
(Видео) Мукаетов: „Алкалоид“ го продолжи трендот на континуиран годишен раст и реализираше значаен дел од својата ESG-стратегија
Во „Алкалоид“ посветеноста, економичноста и ефикасноста ги кренавме на највисоко можно ниво, настојувајќи максимално да ги оптимизираме процесите во компанијата потпирајќи се на нашиот највреден ресурс – луѓето, вели Живко Мукаетов, Генерален директор и претседател на УО на „Алкалоид“ АД Скопје.
Тој вели дека компанијата и оваа година го продолжи трендот на континуиран годишен раст и реализираше значаен дел од својата ESG-стратегија.
„Го добивме бронзениот медал од EcoVadis (глобално призната платформа за оцена на одржливоста), со што се позициониравме меѓу водечките субјекти во регионот во поглед на транспарентноста и примената на одржливи практики“, вели меѓу другото Мукаетов.
Целото обраќање е објавено во видеото:
(ПР)

