Македонија
Намален е бројот на пациенти во критична состојба кои се лекуваат во странство
Четворица пациенти од оние кои по пожарот се лекуваат во странство се наоѓаат во критична состојба. Ваквата информација укажува на намалување на бројот на критични случаи, кои пред два дена беа шест, додека вчера критични беа пет лица.
Портпаролката на Владата, Љатифи Азизи, во најновиот извештај за состојбата на повредените од пожарот во кочанската дискотека, сподели и дека се очекува за две недели да се вратат во земјата половина од 116-те пациентите кои се лекуваат во странство.
Што се однесува до повредените кои се примени на македонските клиники, од болниците денес ќе бидат испишани 16 пациенти кои ќе го продолжат лекувањето во домашни услови.
Обезбеден е тим хирурзи кој ќе остане во Кочани за поддршка на пациентите кои се лекуваат дома, избегнувајќи ги нивните напорни патувања во клиниките. Истотака, штипската болница располага со четири хирурзи.
Од Владата велат дека здравствените установи се максимално посветени, а во меѓувреме, истрагата продолжува со целосна ангажираност.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

