Свет
Девојче донело дрога од татко и во училиште: неколку ученици итно се хоспитализирани во Бразил

Таткото на девојче, 27-годишен маж со историја на трговија со дрога, побегнал од училиштето откако се соочил со раководството на институцијата, јавува Си-Ен-Ен Бразил.
Наставничката на детето пронашла дрога откако еден од учениците се пожалил на лошиот вкус на пакетчињата.
Откако го пребарала ранецот на девојчето, пронашла вкупно 16 пакувања, од кои седум биле запечатени, а девет се чини дека биле веќе искористени.
На покана од раководството, таткото дошол во училиштето, но побегнал откако одзел еден од пакетите од раката на педагошкиот координатор.
Сите ученици од класот се испратени во болница на токсиколошки тестови, а примероците се испратени на анализа.
Осомничениот, има четири полициски пријави за трговија со дрога и други кривични дела поврзани со поседување на таа супстанца, според медиумот.
Граѓанската полиција на Минас Жераис го истражува случајот, пишува „Блиц“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Од кабинетот на Зеленски негираат дека тој се подготвува да се кандидира за втор мандат

Од кабинетот на украинскиот претседател Володимир Зеленски го демантираат извештајот на британскиот Економист дека Зеленски се подготвува да се кандидира за втор мандат на претседателските избори во јули.
Оттаму исто така, негираа дека Зеленски одржал состанок за изборите во јули, на кој наводно, според Економист, му наредил на својот тим да ги организира изборите, пренесе УНИАН.
Извор од украинската влада изјави дека главното прашање сега е постигнување мир и дека е целосно лажно дека подготовките за изборите веќе се во тек.
Свет
Марин Ле Пен ќе поднесе жалба на пресудата

Марин Ле Пен ќе поднесе жалба на одлуката на судот со која лидерката на француската крајна десница е осудена на четири години затвор, соопшти нејзиниот адвокат.
Според одлуката, две од вкупно четирите години затвор ќе бидат условна казна. Судот пресуди и дека Ле Пен треба да добие петгодишна забрана за вршење јавна функција и треба да плати парична казна од 100.000 евра.
Ле Пен е прогласена за виновна за проневера на европски фондови.
Ова е удар за демократијата – рече нејзиниот адвокат.
– Марин Ле Пен ќе продолжи да се бори – изјави портпаролот на нејзината партија Национален собир.
Ле Пен важи за еден од фаворитите за претседателските избори во Франција закажани за 2027 година.
Свет
Во експлозија во рудник во Шпанија загинаа 5 рудари

Најмалку пет лица загинаа, а четворица се повредени во несреќа во рудник во северна Шпанија, соопшти итната помош.
Локалните медиуми први јавија дека имало експлозија во рудник за јаглен. Две лица кои исто така биле таму во моментот на инцидентот се неповредени, пренесува АП.
Управата за вонредни состојби во соопштението наведува дека за спасувачката операција мобилизирала три хеликоптери.
Претседателот на Астурија, Адриан Барбон, нареди да се прогласи дводневна жалост во таа покраина, јавува Би-Би-Си.
Шпанскиот премиер Педро Санчез упати сочувство до семејствата на жртвите.
На повредените им посакувам брзо закрепнување“, напиша тој на Х.