Свет
Погледнете го Обама а погледнете ме мене: Трамп незадоволен од портретот насликан во негова чест

Американскиот претседател Доналд Трамп го сподели своето незадоволство со портретот насликан во негова чест, кој е изложен во Сенатот на државата Колорадо. Тој го споредил својот портрет со портретот на неговиот колега Барак Обама, а потоа се пожалил за уметникот.
Since he brought it up, here are the portraits of Barack Obama and Donald Trump, painted by British-born artist and Colorado Springs resident Sarah Boardman, which hang in the Colorado State Capitol in Denver 🎨 https://t.co/MjgcNb8Imv pic.twitter.com/cvLFh9CKYR
— Bad Fox Graphics (@BadFoxGraphics) March 24, 2025
„Никому не му се допаѓа неговата лоша слика, но онаа во Колорадо, која ја постави гувернерот, заедно со сите други претседатели, намерно е искривен до ниво што дури и јас, можеби, не сум го видел досега. Уметникот го направи и претседателот Обама, и изгледа одлично, но овој за мене е навистина најлош портрет. Сигурно го изгубила својот талент додека стареела – напиша Трамп на својата мрежа „Truth Social“.
„Како и да е, повеќе би сакал да ја немам сликата отколку оваа, но многу луѓе од Колорадо се јавија и пишаа да се пожалат. Всушност, тие се всушност лути поради тоа! Во нивно име, апелирам до гувернерот на радикалната левица Џаред Полис, да ја симне. Џаред треба да се срами“, додаде тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Трамп разговарал со претставници на Мјанмар и ветил помош за земјата

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека разговарал со претставници на властите на Мјанмар по силниот земјотрес што денеска ја потресе земјата.
Ќе помогнеме – изјави Трамп во Белата куќа.
Најмалку 144 лица загинаа во земјотресот во Мјанмар. Се очекува бројот на жртвите да продолжи да расте.
Во соседен Тајланд загинаа најмалку 10 лица.
Свет
Зеленски: Украина нема да ја признае американската помош како заем што мора да се врати

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека Украина нема да ја признае претходно одобрената американска воена помош како заем што треба да се вратат.
„Ние сме благодарни за поддршката, но ова не е заем и нема да го дозволиме“, рече Зеленски, коментирајќи ја изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп дека „неговата земја е ограбена затоа што не ја дала оваа помош како заем“, рече Зеленски, пренесе УНИАН.
Тој потврди дека договорот за создавање заеднички инвестициски фонд за развој и обнова на Украина со САД нема да содржи никакви долгови на Украина кон САД, а исто така вети дека ќе биде отворен во комуникацијата со јавноста за понатамошни преговори за нов формат на договорот за земјиште.
„Главните, основни работи, компромисите се зацртани во рамковниот договор, на кој бевме подготвени да одиме, ќе се базираме на јасни работи, каде што гледаме можност за градење на вистинско партнерство.
Свет
Макрон го осуди израелскиот напад врз Бејрут

Претседателот на Франција, Емануел Макрон го осуди денешниот израелски напад врз Бејрут и го повика Израел да се повлече од петте позиции во Либан.
Денешните напади и непочитување на примирјето се еднострани акции со кои не се исполнува даденото ветување и се во корист на Хезболах, изјави Макрон на заедничката прес-конференција во Париз со либанскиот претседател Џозеф Аун.
Тој најави дека во текот на денот ќе разговара со американскиот претседател Доналд Трамп и со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за ситуацијата во Либан.
Макрон потенцира дека Франција и понатаму ќе биде на страната на Либан, за да му помогне да го зачува својот суверенитет и да му гарантира безбедност.
Тоа сакаме да работиме со вас на југот. Тоа сакаме и да го работиме и на границата со Сирија, каде ситуацијата, исто така е крајно деликатна, наведе Макрон.
Израел утрово го изврши првиот напад врз Бејрут од стапувањето во сила на прекинот на огнот на 27 ноември 2024 година, во последната војна помеѓу Израел и либанското движење Хезболах. Оттогаш, и покрај примирјето, Израел речиси секојдневно извршува воздушни напади врз јужен Либан.