Црна хроника
Детали за пукањето во Прилеп: осомничениот подолг период ја демнел вработената во Центарот за социјални работи, пукал и кон директорот

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Прилеп изврши увид на лице место во простории на Центарот за социјални работи – Прилеп каде со истрели од огнено оружје повредено е едно лице.
Осомничениот, според првични сознанија, претходно подолг период ја демнел и загрозувал сигурноста на жртвата за што биле водени соодветни кривични постапки против него, меѓутоа избегал од институција во која издржувал мерка задолжително психијатриско лекување.
Во просториите на Центарот тој пукал од огнено оружје – пиштол кон вработената која е повередена и е вон животна опасност, но и кон директорот на установата кој не е повреден.
Осомничениот е лишен од слобода, а оружјето и други траги се обезбедени и ќе бидат предмет на вештачење, соопштија од обвинителството.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Млад возач удри пешак во Скопје, во болница е со тешки повреди

На улицата Благоја Стефковски во Скопје, синоќа околу 21 часот се случи сообраќајна несреќа, пришто прегазен е 54-годишен пешак.
Според информацијата од МВР, во пешакот удрил автомобил, управуван од Б.И.(24) од селото Грчец, скопско.
Пешакот е тешко повреден и пренесен во Градската болница „8 Септември“.
Извршен е увид на местото на несреќата.
Црна хроника
Браќа нападнати од група во Гази Баба, оштетен и семејниот автомобил на момчињата

Мајка пријавила дека вчера околу 18.00 часот на подрачјето на Гази Баба, нејзините синови на возраст од 22 и 16 години биле физички нападнати од неколку лица.
Тие употребиле и метален предмет со кој го оштетиле нивното возило.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Скопјанка нападната од сопругот со кој се разведува

Четириесет и двегодишна скопјанка од Драчево синоќа била нападната од нејзиниот сопруг во семејниот дом.
Од МВР велат дека двојката е во бракораводна постапка.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.