Свет
Трамп: Гренланд може да биде дел од САД во иднина
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска повтори дека во иднина Гренланд „можеби“ ќе биде дел од Соединетите Американски Држави. Трамп на новинарите по состанокот со официјални лица во неговиот кабинет изјави дека тоа е важно за националната безбедност на САД, пренесе Ројтерс.
Премиерот на Гренланд во заминување Муте Егеде рече дека членовите на неговата привремена влада нема да се сретнат со американска делегација која планира да посети американска воена база на островот оваа недела.
Егеде рече дека на Вашингтон му било кажано дека нема да има „преговори“ додека тој е на чело на привремената влада и додека не се формира нова влада на Гренланд по општите избори на 11 март.
Јенс-Фредерик Нилсен, веројатно идниот премиер на Гренланд и лидер на Демократите, централно-десничарската партија која победи на изборите, претходно ги критикуваше изјавите на Трамп за Гренланд како „непримерни“, пренесува Танјуг.
Уша Венс, сопругата на американскиот потпретседател Џеј-Ди Венс, оваа недела ќе го посети Гренланд со нејзиниот син и американската делегација, во која, како што потврди Егеде, ќе биде и советникот за национална безбедност на Белата куќа, Мајк Волц.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
САД ги укинаа санкциите за Додик
САД одлучија да ги укинат санкциите за неколку лица од Република Српска, што е поврзано со неофицијален договор меѓу Милорад Додик и новата американска администрација.
Санкциите беа укинати за Милорад Додик, Жељка Цвијановиќ, семејството Додик, нивните компании и многу други блиски соработници.
Во петок, 17 октомври, САД ги укинаа санкциите за четворица блиски соработници на Додик, кои првично беа ставени на црната листа за организирање и промовирање на неуставниот „Ден на РС“. Тие се Јелена Пајиќ Баштинац, Данијела Драгичевиќ, Горан Раковиќ и Дијана Миланковиќ.
Неофицијални извори тврдат дека укинувањето на санкциите е резултат на договор меѓу САД и Додик, според кој Додик морал да ја напушти функцијата претседател на РС по конечната пресуда и да назначи вршител на должноста претседател.
Откако Ана Тришиќ-Бабиќ беше избрана за вршител на должноста претседател на Република Српска, со што се исполни тој дел од договорот, Америка постепено ги укинува санкциите за другите соработници на Додик, а тој процес треба да биде завршен до крајот на овој месец.
Свет
„Тоа не е повлекување на САД од Европа“: Американската војска за намалување на силите
Повлекувањето на американската бригада од Романија не значи „повлекување“ од европскиот континент, објави денес американската армија.
„Ова не е повлекување на САД од Европа, ниту е знак за намалена посветеност на НАТО и Член 5, кој предвидува дека секоја од 32-те земји на Алијансата мора да ѝ помогне на земја-членка во случај на напад“, нагласи американската војска во соопштение од нејзиното европско седиште.
„Напротив, тоа е позитивен знак за зголемени капацитети и одговорности во Европа“, соопшти американската војска.
Армијата појасни дека Втората борбена пешадиска бригада на 101-та воздушно-десантна дивизија, со седиште во Романија, ќе се врати во своето седиште во Кентаки и нема да биде заменета.
Во соопштението не е наведено колку војници биле вклучени, но бригадата обично брои помеѓу 3.000 и 5.000.
Романските власти објавија дека 1.000 војници ќе останат стационирани по прераспоредувањето.
Фото: принтскрин
Свет
Специјалниот пратеник на Путин: Не сакаме конфликтот во Украина да ескалира во нешто поголемо
Специјалниот пратеник на рускиот претседател Владимир Путин, Кирил Дмитриев, на инвестициска конференција во Саудиска Арабија изјави дека војната во Украина би можела да заврши во рок од една година.
Дмитриев го изјави ова по состанокот со претставници на американската администрација во САД минатиот викенд.
„Сигурни сме дека сме на патот кон мир“
Неговата посета доаѓа по одлуката за одложување на самитот меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин.
„Сигурни сме дека сме на патот кон мир и како миротворци мора да го оствариме тоа“, изјави Дмитриев, кој е и извршен директор на Рускиот фонд за директни инвестиции, на конференција во Ријад.
На прашањето дали мирот во Украина е можен во рок од една година, Дмитриев рече: „Верувам дека е“.
Дмитриев во САД рече дека САД и Русија се блиску до „дипломатско решение“ за војната.
Пофалби за соработката меѓу САД, Саудиска Арабија и Русија
Дмитриев ја пофали соработката меѓу САД, Саудиска Арабија и Русија како земји со најголеми резерви на природни ресурси во светот и рече дека таквата соработка ќе го направи светот побезбеден.
„Луѓето сега се фокусирани на регионалниот конфликт околу Русија, но не сакаме тој да ескалира во поголем конфликт. И за да се случи тоа, треба да направиме подобро отколку што правиме, а не полошо“, рече тој.

