Спорт
Александар-Арнолд ги договорил условите за соработка со Реал Мадрид

Фудбалерот на Ливерпул, Трент Александер-Арнолд ги договорил условите со Реал Мадрид и на лето ќе му се приклучи на шпанскиот клуб како слободен играч, дознава „Скај Спортс Швајцарија“.
Договорот на ТАА со Ливерпул истекува на лето, а од јануари тој има право да преговара и да потпише договор со кој било друг тим. „Скај Спортс Швајцарија“ тврди дека ТАА ќе потпише петгодишен договор.
Англичанецот ќе заработува 15 милиони евра годишно во Мадрид, со значителни бонуси. За споредба, овој 26-годишен играч заработува речиси 11 милиони евра по сезона во Ливерпул.
Александер-Арнолд е член на сениорскиот тим на Ливерпул од 2016 година, а за англискиот клуб досега одигра 349 натпревари, постигна 22 гола и 87 асистенции.
Во текот на кариерата на „Енфилд“, Трент има освоено по еден трофеј за победникот на Лигата на шампионите, Премиер лигата, ФА Купот, Суперкупот на УЕФА и Светското клупско првенство.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Јилдиз се погрижи Тудор да дебитира со победа на клупата на Јувентус

Хрватскиот тренер Игор Тудор забележа победа во своето тренерско деби за Јувентус. Неговиот тим забележа победа против Џенова во Торино, натпреварот заврши со резултат 1:0. По оваа победа Старата дама заостанува еден бод зад четвртопласираната Болоња.
Јувентус поведе во 25. минута од натпреварот, кога стрелец беше Кенан Јилдиз. Турскиот напаѓач постигна одличен гол. Акцијата започна така што Тудор брзо реагираше откако топката излезе надвор од границите и му ја додаде на Теун Купмајнерс. Тој му ја додаде на Душан Влаховиќ, а по неговиот дуел топката стигна до турскиот напаѓач. Тој ја прими топката на околу 30 метри од противничкиот гол, вертикално се залета и се ослободи од Кони де Винтер кој го бранеше и ефектно ја заврши акцијата.
Резултатот 1:0 остана до крајот на натпреварот.
Инаку ова беше 15.натпревар од почетокот на сезната на кој Јувентус не прими гол. Рекордот од 22 натпревари без примен гол е во сосптвеност на Милан од 1993 година.
Спорт
(Видео) Кочани, Кочани… емоции на првиот фудбалски натпревар во градот по трагедијата

Денеска беше одигран првиот фудбалски натпревар во Кочани по трагедијата со пожарот во дискотеката „Пулс“.
Мечот се одигра помеѓу тимот на Осогово во Кочани и тимот на Македонија ЃП.
Натпреварот заврши 0:0.
Во 59. минута натпреварот застана и почна долго ракоплескање во помен на 59-те жртви од пожарот, а штипската телевизија „М Нет“ го пренесе моментот.
Потоа се скандираше „Кочани, Кочани“ за градот обвиткан во црно.
Спорт
(Видео) Само бод за Атлетико кај Еспањол – „Јорганџиите“ испаднаа од шампионската трка

Еспањол освои значаен бод во борбата за опстанок во Примера, откако во 29.коло одигра 1:1 со Атлетико Мадрид.
Атлетико поведе со спектакуларниот гол на ветеранот Аспиликуета во 38. минута. Во второта сезона во дресот на Атлетико, Аспиликуета го постигна првиот гол.
Тој резултат стоеше до 71. минута, кога Пуадо од пенал израмни за Еспањол. Ленгле направи глупав фаул врз Кабрера во борба за позиција. Ова беше единствениот шут во рамките на голот на Еспањол во текот на натпреварот.
Атлетико ја прекина серијата од два порази, а по деветтото реми во првенството се наоѓа на третото место во поредокот со 57 бодови. Со ова реми Атлетико веројатно испадна од шампионската трка.
Еспањол ремизираше по осми пат во шампионатот и со 29 бода се наоѓа на 15. место во поредокот.