Спорт
„Компани потроши 127 милиони фунти испадна со Барнли од Премиер лигата и доби работа во Баерн“

Долгогодишниот менаџер на Барнли, Шон Дајч, како што пренесоа британските медиуми дека бил огорчен од Винсент Компани, кој го наследи на тренерската позиција во клубот.
Младиот белгиски стручњак летово, на општо изненадување на фудбалската јавност беше назначен за тренер на Баерн, откако со Бранил испадна од Премиер лигата.
Баерн со Компани е на чекор до титулата во Бундеслигата и се пласира во четврт-финалето на Лигата на шампионите, каде Баварците ќе се соочат со Интер.
Дајч, кој во текот на сезоната доби отказ од Евертон, не штедеше зборови на критики кон Компани, а сето тоа поради Барнли, за кој чувствува дека е негов клуб.
„Потрошив девет милиони фунти во Барнли во 2014 година и испаднавме од Премиер лигата со 33 поени. Компани освои 24 поени, иако потроши 127 милиони фунти на засилувања. А потоа доби работа во Баерн”, изјави Дајч, а потоа изговори уште поневеројатни зборови:
„Ништо не ми е јасно. Не знам како функционираат овие работи. Посакувам и јас да работев така, по се што се случи да го преземам Баерн”, истакна Дајч.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Заврши сезоната за Алфонсо Дејвис

Тежок удар доживеа Баерн Минхен во решавачкиот дел од сезоната. Левиот бек, Алфонсо Дејвис, поради повред на лигаментите во коленото ја заврши сезоната.
Алфонсо Дејвис, поради болки во коленото, пред три дена го напушти теренот во 12. минута против САД. Во борбата за третото место во Лигата на нации во КОНКАКАФ зоната, Канада ги победи САД (2:1), а Дејвис по натпреварот на новинарите им кажа дека се повредата не е сериозна.
Сепак, деталните прегледи дијагностицираа кинење на лигаментите во коленото.
Канаѓанецот во тековната сезона одигра 31 натпревар, постигна три гола и забележа исто толку асистенции.
Инаку, Дејвис на почетокот на февруари конечно ги прифати условите кои му беа понудени и се обврза на соработка до летото 2030.
Спорт
(Видео) Рафиња рече дека ќе ги здроби Аргентинците – видете што му направија по натпреварот

„Ќе ги здробиме на теренот, а ако треба и надвор од него“, изјави Рафиња, ѕвездата на Барселона и бразилската репрезентација во пресрет на натпреварот против Аргентина во квалификациите за Светското првенство.
На крајот, Рафиња и соиграчите беа понижени на „Монументал“ во Буенос Аирес. Аргентина го победи Бразил со 4:1.
По завршвањето на натпреварот голманот Емилијано Мартинез, кој в финишот на натпреварот жонглираше во својот шеснаесетник, го испровоцира Рафиња, кој сакаше физички да се пресмета со Аргентинците.
Dibu Martinez juggling the ball in the middle of the game 😭 pic.twitter.com/UefACUiK3b
— MessiMania (@M10Update) March 26, 2025
Настана мешаница, Родриго му викал на Леонардо Паредес дека е „ужасен“, а играчот на Рома му одговрил: „Јас имам две Копа Америка и Светско првенство, ти немаш ништо“.
На крајот, по целата мешаница, кога Рафиња едвај го тргнаа од теренот, главниот судија подели 10 жолти картони.
TREMENDO 😡💣 || Raphinha se iba al vestuario y el Dibu se lo lleva puesto y Paredes le pega una cachetadita.
— Ecuagol (@ECUAGOL) March 26, 2025
Спорт
(Видео) Историски натпревар во Њујорк, го обележаа Харт и Таунс

Победата на Њујорк Никс над Далас Маверикс 128:113 ќе остане запишана со златни букви во историјата на франшизата.
Во култниот „Медисон Сквер Гарден“, Никс до победата го предводеа Карл-Ентони таунс и Џош Харт. Двајцата имаа двоцифрен учинок во три статистички категории.
Таунс мечот го заврши со 26 поени, 12 скокови и 11 асистенции, Харт имаше ист број на скокови и асистенции, а постигна 16 порни. Инаку, најефикасни играчи на натпреварот беа О Џеј Ануоби кај Никс со 35, односно Наџи Маршал, кај Далас, со личен рекорд од 38 поени.
Таунс и Харт стана единствените двајца играчи на Никс во историјата кои забележале трипл-дабл во ист натпревар.
Џош Харт го собори рекордот на Волт Клајд Фрејџер од 1969 година. Легендарниот играч на Никс постигна осум трипл-дабл таа сезона, а Џош сега го надмина, бидејќи мечот против Кингс беше негов деветти оваа сезона во кој имаше двоцифрен учинок во три статистички колони.