Спорт
(Видео) Иран е шеста репрезентација со обезбеден пласман на СП

Иран е шестиот учесник на Светското првенство во фудбал во 2026 година.
По организаторите: САД; Канада и Мексико, низ квалификациите пласман изборија Јапонија, Нов Зеланд и Иран. Во осмото коло од квалификациите во Азија, Иранците пред своите гледачи ремизираа со Узбекистан 2:2.
Двоен стрелец за Иран беше напаѓачот на Интер, Мехди Тареми.
Со ова реми, на две кола пред крајот, селекцијата на Иран и теоретски обезбеди едно од првите две места кои водат директно на Мундијалот.
По натпреварот славеа домашните фудбалери, а наскоро историски пласман на Мундијалот би можеле да слават и во Узбекистан. Узбекистанците имаат четири бода повеќе од Обединетите Арапски Емирати.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Анчелоти откри дали ќе го преземе Бразил

Сè почеста тема меѓу Шпанците, а всушност и целата светска јавност беше дали Карло Анчелоти ќе го преземе тренерскиот штаб на бразилската фудбалска репрезентација.
Овие приказни дополнително се разгореа по дебаклот против Аргентина и отказот што му беше врачен на селекторот Доривал во петокот.
Бразил, без сомнение, тргна по Анчелоти, но тој уште еднаш демантираше дека ќе седне на клупата на репрезентацијата со најмногу мундијали во историјата на фудбалот.
„Не“, кратко и јасно порача Анчелоти.
Се веруваше дека поради неговите многу добри односи со Винисиус, Родриго, Ендрик, Едер Милитао, Касемиро може да се реши на таков чекор, но тоа очигледно нема да биде така.
„Имам договор со Реал Мадрид и немам што да додадам на таа тема. Ја почитувам бразилската репрезентација, нејзините играчи и навивачи, но имам договор со Реал Мадрид и се е јасно“, додаде Анчелоти.
Спорт
Средба на Ѓоковиќ и Меси во Мајами

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се пласираше во првото финале оваа сезона. Тој во полуфиналето на турнирот Мастерсот во Мајами го победи Григор Димитров со 6:2, 6:3 во „најстариот“ полуфинален меч во историјата на турнирот од серијата 1.000. Двајцата заедно имаат 71 година и 262 дена.
Ѓоковиќ победата ја забележа пред Лионел Меси, кој настапува за Интер Мајами и дојде да го гледа полуфиналето на Мастерсот.
„Голема чест и задоволство, многу ми значи што Лео дојде. Мислам дека првпат играм пред него во живо. Му благодарам што е тука со семејството. Му се восхитувам, како и повеќето луѓе во светот, бидејќи има неверојатна кариера. Ние сме на иста возраст, 1987 година, и убаво е што е тука“, изјави по мечот Ѓоковиќ.
Ѓоковиќ и Меси потоа се запознаа, а ги поврза поранешниот аргентински тенисер и пријател на Меси, Хуан Мартин дел Потро. Меси и Ѓоковиќ си разменија подароци и се фотографираа заедно. Ѓоковиќ му подари на Меси маица со натпис: „На семејството Меси, со љубов“.
Спорт
Перез го губи трпението со Винисиус – Реал размислува да го продаде Бразилецот

Првиот човек на Реал Мадрид, Флорентино Перез размислува да го продаде Винисиус Жуниор, откако преговорите околу новиот договор на фудбалерот не се мрднати од почетната точка. „Марка“ тврди дека Перез ова му го соопштил на менаџерот на Бразилецот.
Реал, поточно првиот човек на клубит, очекуваше дека лесно ќе се договори со менаџерот на Винисисус, откако побрза да му понуди нов договор, поради интересот од Саудиска Арабија.
„Марка“, објави дека Перез е разочаран од пристапот на Винисиус и неговиот менаџер кога е во прашање новиот договор затоа што бара неверојатни суми пари за да остане во Реал, што на крајот може да му се врати како бумеранг.
Тие наведуваат дека Перез го губи трпението, што покажал на состанокот одржан пред неколку дена со менаџеот на Винисиус и дека дури во еден момент рекол дека ќе го продаде Бразилецот доколку продолжат со своите нереални барања.
Реал Мадрид е фрустриран што преговорите воопшто не напредувале во изминатите неколку месеци и Перез наводно му дал до знаење на Винисиус дека ќе биде продаден на лето доколку наскоро не одлучи дали ќе го продолжи договорот или не.