Спорт
Заврши сезоната на Дем Лилард

Голем удар доживеаја амбициите на Милвоки Бакс во финишот на сезоната. Искусниот Демијан Лилард заедно со Јанис Адетокумбо, предводникот на тимот од Висконсин ќе мора да паузира неколку месеци.
На 34-годишниот кошаркар му била дијагностицирана длабока венска тромбоза на мускулот на потколеницата, поради што за него оваа сезона е завршена, објави новинарот на ЕПСН, Шамс Чаранија.
Лилард зема лекови за разредување на крвта и продолжува да има редовни прегледи, додаде најпознатиот НБА инсајдер.
Претходно, сличен здравствен проблем беше откриен и кај ѕвездата на Сан Антонио, Виктор Вембањама, само во десното рамо. И за него сезоната заврши.
Поранешниот ас на Портланд имаше просек од 24,9 поени, 4,7 скока и 7,1 асистенции на 58 натпревари.
Бакс се петти на Истокот со скор 40-31.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Шкендија: Минутата молк беше испочитувана, но група поединци се однесуваше неодговорно

По настанот на фудбалскиот натпревар со Брера каде навивачите на тетовскиот клуб наместо минута молк за жртвите од Кочани, пееја песни за УЧК, се огласи фудбалскиот клуб Шкендија. Клубот се извини за однесувањето и нагласи дека ги почитува жртвите и нивните семејства.
„Шкендија со целосна одговорност ја следи и почитува секоја институционална одлука поврзана со чувствителните моменти за општеството. Како клуб, длабоко ја доживеавме трагедијата што се случи во Кочани, настан кој ја шокираше целата земја и емоционално влијаеше на нашиот секојдневен живот. Ова чувство беше присутно на секој тренинг во овие денови, а се одрази и на натпреварот против АП Брера, каде и покрај победата од 2-1 и одржувањето на првото место на табелата, тимот не ја доживеа вообичаената радост по натпреварот.
Во овој контекст, Шкендија ја почитува минутата молчење што Фудбалската федерација на Македонија ја воспостави во чест на жртвите. Сепак, во овој момент, група поединци на трибините избраа да не го почитуваат молкот, однесување кое не го претставува ниту клубот ниту навивачката база во целина. „Балистите“, кои вообичаено стојат на трибината на „Маршин Беќири“ зад голот, овојпат беа сместени на централната трибина. На стадионот имаше околу 3-4.000 гледачи, додека само група од околу 20 поединци покажаа неодговорно однесување, што не ги претставува чувствата, солидарноста и почитта на мнозинството присутни навивачи.„Балистите“ се 12. играч на клубот и отсекогаш биле нераскинлив дел од Шкендија, но неодговорното однесување на одредена група поединци не го отсликува ставот на навивачката група која моментално е во процес на реорганизација, ниту на останатата јавност која во тој момент реагираше со свирежи за изразување на незадоволството.
Шкендија изразува жалење за ваквата состојба и го повторува својот непоколеблив став во почит кон изгубените животи и болката низ која поминува целото општество“, напишаа од Шкендија.
Спорт
Дејвид од следната сезона во Серија А?

Напаѓачот на Лил, Џонатан Дејвид наводно е најблиску до преселба во Италија.
Како што откри „Скај Спорт“, Дејвид моментално преговара само со Интер и Јувентус, кои покажале најголем интерес за неговиот потпис.
Канаѓанецот своевремено откри дека негов сон бил да игра за Барселона, но Каталонците сепак се откажаа од него.
Дејвид има договор со Лил до 30. јуни, а во неколку наврати повтори дека нема да потпише нов, бидејќи смета дека е вистинско време за чекор напред во неговата кариера.
Интер во моментов има предност во трката за неговиот потпис, иако конкуренцијата на „Меаците“ е многу посилна, бидејќи тука се Лаутаро Мартинез, Маркус Турам, Мехди Тареми и Марко Арнаутовиќ, чиј договор исто така истекува на 30 јуни. Реално е поктај Арнаутовиќ Интер да го напушти и Маркус Турам.
Спорт
Сити подготвува понуда за Педри

Педри (22) го потврди статусот на најдобар играч за врска во светот оваа сезона и ја предводи Барселона во борбата за трофеи на сите фронтови. Поради ова, неговите настапи не останаа незабележани и Пеп Гвардиола сака да го доведе во Манчестер сити. Гвардиола смета дека Педри би бил идеален наследник на Кевин Де Брујне, кој треба да го напушти клубот.
Според „Марка“, Манчестер сити подготвува понуда од 100 милиони евра за Педри, кого го гледаат како долгорочна замена за Кевин Де Брујне. Договорот на Белгиецот истекува на крајот од сезоната, а засега нема индиции дека ќе го продолжи.
И покрај гласините, од Барселона велат дека Педри не е на продажба. Клубот е свесен дека на нивниот играч од средниот ред му се восхитуваат ширум Европа, но сигурни се дека неговата иднина е во Барселона.
Педри е клучен играч за тимот на Ханси Флик, сезонава настапи на 44 од 45 натпревари, а само поради болест го пропушти натпреварот против Валенсија.