Европа
Објавена мапа: „Украина во последните денови навлегува подлабоко на руска територија“

Украина постигна значителен напредок на руска територија во последните денови, а според извештаите на Институтот за проучување на војната (ISW), украинските сили го зазедоа селото Демидовка во руската погранична област Белгород. Теренските карти ги потврдуваат овие територијални придобивки.
Извештаите за напредокот доаѓаат веднаш откога украинскиот ракетен систем со долг дострел ХИМАРС уништи четири руски хеликоптери во регионот на Белгород.
Овие наводни успеси доаѓаат додека претседателот Доналд Трамп иницира преговори за ставање крај на војната. Американскиот Стејт департмент во понеделникот објави дека Русија и Украина се блиску до целосен прекин на огнот. Киев, најверојатно, се обидува да ја зајакне својата преговарачка позиција додека разговорите се во тек.
Во понеделникот руските воени блогери на „„Телеграм“ објавија дека украинските сили влегле во селото Демидовка.
„Населбата сега е под контрола на вооружените сили на Украина“, напиша воениот блогер Владимир Романов, познат како Романов Лајт, на „Телеграм“. Тој тврдеше дека руските сили ги напуштиле своите позиции дозволувајќи им на Украинците да ја заземат Демидовка. Овие тврдења сè уште не се независно потврдени.
Каналот на „Телеграм“, „Рибар“, поврзан со руското Министерство за одбрана, сподели порака во која се наведува дека има разни информации за тоа кој го контролира селото, но дека украинските сили, дефинитивно, се присутни.
Друг воен блогер, РВ Вонекор, тврдеше дека Украина користи беспилотни летала за напад и артилерија за уништување куќи веќе една недела, што го прави речиси невозможно Русија да се одржи на својата позиција.
Ниту руските ниту украинските власти сѐ уште официјално не ги коментирале овие наводни територијални придобивки.
Институтот за проучување на војната (ISW), американски тинк-тенк, оцени дека украинските сили напреднале во Демидовка повикувајќи се на геолокацирани снимки.
„Руските воени блогери признаа дека украинските сили влегле во јужниот дел на Демидовка, но негираат дека населбата целосно потпаднала под украинска контрола“, објави Институтот.
Од таму исто така наведуваат дека украинските сили почнале ограничени напади во северозападниот дел на Белгородската област на 18 март и оствариле мали територијални придобивки во правец на Графовка (југоисточно од Демидовка) и Прилесје (јужно од Демидовка) во изминатите шест дена.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
(Видео) Украина разнесе руски брод што превезувал иранско оружје

Украинските специјални сили извршија напад врз руското пристаниште Оља во регионот Астрахан погодувајќи брод што превезувал делови од беспилотните летала „Шахед“ и иранска муниција. Се сомнева дека украинските беспилотни летала истовремено нападнале рафинерија за нафта во регионот Самара, објавува „Киев пост“.
Според соопштението од Генералштабот, нападот е извршен во четвртокот во соработка со Силите за специјални операции и други единици на одбранбените сили со цел да се намали способноста на Русија да спроведува воздушни напади.
Пристаништето Оља е еден од клучните логистички центри за увоз на воена опрема од Иран. Бродот „Порт Оља 4“, кој наводно превезувал делови за беспилотни летала и муниција, бил погоден. Процената на штетите е сè уште во тек.
Рано утрово беспилотни летала од Краснодар нападнаа рафинерија во градот Сизран во регионот Самара. Мештаните пријавија до 10 експлозии од 4 часот наутро, а снимки и фотографии од пожар во објектот се појавија на „Телеграм“. Руските власти сè уште не ја потврдија штетата.
Украина официјално не коментира до моментот на објавување.
Руското Министерство за одбрана тврди дека неговата воздушна одбрана соборила 53 украински беспилотни летала преку ноќ.
фото: принтскрин
Европа
Кремљ: Договорен распоредот за разговорите Путин – Трамп, ќе има и прес-конференција

Договорен е распоредот за разговорите меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин, изјави советникот на Кремљ, Јуриј Ушаков.
Тој рече дека тоа ќе биде приватна средба, со преведувачи, за време на која ќе се дискутираат чувствителни прашања.
Централна тема на состанокот ќе биде решавањето на кризата во Украина, но двајцата лидери ќе разговараат и за трговската и за економската соработка, рече Ушаков.
Средбата ќе почне во 11.30 часот по локално време, а времетраењето на разговорите ќе зависи од тоа како ќе се одвива дискусијата, рече Ушаков.
На крајот од самитот двајцата ќе одржат заедничка прес-конференција. Трамп и Путин ќе имаат и поширок состанок со делегациите и работен појадок, објави „Скај њуз“.
Европа
(Видео) Зеленски пристигна на средбата со британскиот премиер

Украинскиот претседател Володимир Зеленски пристигна на Даунинг стрит, каде што беше пречекан од британскиот премиер Кир Стармер, објави „Скај њуз“.
Даунинг стрит не даде многу детали за темите на нивните разговори, но средбата се случува само еден ден пред американскиот претседател Доналд Трамп да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин на Алјаска за да разговараат за прекин на огнот во Украина.
BREAKING: Volodymyr Zelenskyy arrives at Downing Street and is greeted by Sir Keir Starmer.
The meeting comes just a day before Donald Trump meets Vladimir Putin in Alaska to discuss a ceasefire in Ukraine.https://t.co/rrfAtUSjPC
📺 Sky 501 and YouTube pic.twitter.com/tk9jzCellw
— Sky News (@SkyNews) August 14, 2025
Двајцата мажи се прегрнаа и се ракуваа игнорирајќи ги прашањата од новинарите пред да влезат внатре, објави „Скај њуз“.
фото: принтскрин