Спорт
Шариќ ја одбил понудата од Реал, се сели во Дубаи

Хрватскиот кошаркар Дарио Шариќ (30) се очекува следната сезона да игра за тимот од Дубаи, објавија шпанските медиуми.
Шариќ на лето сигурно ќе ги напушти НБА и тимот на Денвер каде нема соодветна минутажа, па оттука и одлуката да се врати во Европа.
Реал Мадрид покажа интерес за Шариќ, но според медиумите двете страни не постигнале договор.
Според шпанскиот портал „Енцестандо“, кој прв објави дека Реал Мадрид се интересира за хрватскиот кошаркар, тврди дека Шариќ одбил договор од еден милион евра по сезона.
Наместо Реал, Шариќ го избрал амбициозниот Дубаи и според Шпанците тој веќе постигнал договор со овој клуб.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Поднесена иницијатива за смена на првиот човек на Кошаркарската федерација

Во Кошаркарската федерација на Македонија, во вторникот е поднесено барање за Вонредно собрание. На Вонредното собрание ќе се гласа за смена на актуелниот претседател, Перо Антиќ.
Иницијаторите за смена на актуелното раководство на Федерацијата се обидоа да му изгласат недоверба на Антиќ во декември минатата година, но тогаш најде „дупка“ во праилникот и си купи уште неколку месеци на функцијата.
Иницијативата за смена на Антиќ ја поднел поранешниот репрезентативец Младен Ѓуровски. Тој има поддршка од 37 членки на Собранието.
Кошаркарската федерација на Македонија мора во рок од две недели да го закаже Вонредното собрание, доколју тоа не се случи инцијаторите имаат право сами да го организираат.
Спорт
Кевин Пантер не оди никаде – Барса му дава четири милиони за сезона

Американски кошаркар со српски пасош ќе потпише нов договор со Барселона.
Веќе некое време се зборува за финансиската состојба на Барселона, буџетските промени, амбициите, намалување на платите и слично.
Токму затоа Кевин Пантер беше во јавноста, па се појавија шпекулации од намалување на платата до потенцијално заминување од шпанскиот клуб.
Како што пренесуваат добро упатените „Јурохупс“, поранешниот капитен на Партизан и член на АЕК, Црвена звезда и Олимпија Милано ќе потпише нов договор со Барселона.
Тоа ќе биде тригодишен договор вреден 12 милиони евра или четири милиони по сезона, што ќе го направи Пантера еден од најскапите играчи во европската кошарка.
Спорт
Де Роси добил повик од Премиер лигата

Вулверхемптон стапиле во контакт со италијанскиот тренер Даниеле де Роси за можноста да го преземе тимот следната сезона.
Како што пренесува „Газета дело Спорт“, Де Роси имал повеќе од една средба со клупските челници.
Инаку, Вулверхемптон веќе го смени тренерот оваа сезона. Во моментов на клупата е Португалецот Витор Переира, кој во декември го замени Гери О’Нил.
Де Роси досега во кариерата ги водеше СПАЛ и Рома, каде што ја мина својата професионална фудбалска кариера. На клупата на „Волчицата“ мина осум месеци, од 16 јануари до 18 септември 2024 година.
Доколку двте страни постигнат договор, Де Роси ќе стане вториот италијански тренер во Вулверхемптон.
Легандарниот голман Валтер Зенга го водеше клубот помалку од три месеци од 1 август до 25 октомври 2016 година.
Вулверхемптон моментално е 17-ти на табелата во Премиер лигата, прв над зоната за испаѓање, со девет бода повеќе од Ипсвич.