Спорт
Поранешен претседател на УЕФА местел тендери за својот син, се соочува со 15 години затвор
Шпанската фудбалска легенда, поранешен шеф на Фудбалската федерација на земјата и вршител на должноста претседател на УЕФА, 75-годишниот Анхел Марија Виљар, се соочува со 15-годишна затворска казна поради корупција.
Според „Марка“, шпанското обвинителство побарало 15,5 години затвор за Анхел Марија Виљар, поранешниот претседател на Шпанската фудбалска федерација (РФЕФ).
Виљар беше обвинет за злоупотреба на службената положба, корупција и проневера помеѓу 2007 и 2017 година. Шпанската федерација претрпе загуби од речиси пет милиони евра во тој период. Виљар ја искористи својата позиција за да добие профитабилни договори во интерес на својот син, Горка Виљар.
Како претседател на РФЕФ, Анхел Марија Виљар склучи договори со фудбалските асоцијации во други земји за организирање пријателски натпревари со шпанската репрезентација. Во исто време, неговиот син Горка бираше противници и услови за натпревар преку својата компанија, што нанесе финансиска штета на Фудбалската федерација.
Управата за антикорупција поднесе обвинителен акт против осуммина обвинети во случајот, меѓу кои и 49-годишниот Горка Вилар. За него истрагата бара седумгодишна затворска казна. Меѓу обвинетите е и поранешниот потпретседател на РФЕФ, Хуан Падрон Моралес (89), за кого инспекторите бараат шест и пол години затвор.
Анхел Марија Виљар е легенда на шпанскиот фудбал. Како фудбалер, најголемиот дел од својата кариера го помина во Атлетик Билбао, освојувајќи го шпанскиот куп во 1973 година и играјќи во финалето на Купот на УЕФА во 1977 година. За шпанската репрезентација одигра 22 натпревари од 1973 до 1979 година и постигна три гола. По завршувањето на кариерата, тој беше претседател на Шпанската фудбалска федерација речиси 30 години (1988-2017).
Тој исто така имаше неколку важни улоги во УЕФА и ФИФА. Тој беше потпретседател на УЕФА со години (1992-2017), а по суспензијата на Мишел Платини во октомври 2015 година, тој беше в.д. претседател на УЕФА речиси една година (до септември 2016 година). Сепак, следниот месец тој беше казнет со 25.000 швајцарски франци и предупреден од Етичкиот комитет на ФИФА за несоработка во истрагата во процесот на наддавање за Светското првенство во 2018 година.
Во јули 2017 година, тој беше уапсен под сомнение за проневера на средства. Неколку дена подоцна тој поднесе оставка од функциите во ФИФА и УЕФА.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Елмас со Наполи го освои Суперкупот – Давид Нерез со два гола ја реши Болоња
Фудбалерите на Наполи со трофеј ја завршиша 2025 година. Актуелните италијански шампиони, во ројад, го освоија Суперкупот, со победата над Болоња (2:0). Мечот, с два гола, го реши Бразилецот Давид Нерез. Наполи трет пат во историјата го крена трофејот во Суперкупот, претходно тоа му успеа во 1990 и 2014 година.
Тимот на Антонио Конте, во чии редови од стартот на теренот беше Елиф Елмас, речиси рутински ја совлада Болоња. На противникот во текот на целиот меч му дозволи само една шанса.
Наполи доминираше од стартот, а Елмас ја промаши првата голема шанса за Наполи. Македонскиот репрезентаивец, во 10-та минута од речиси идеална позиција шутираше крај голот на Раваља.
Втората голема шанса ја пропушти Спинацола во 37-та минута. Имаше ситуација „еден на еден“, но Раваља со брилијанта интервенција спречи водство на Наполи.
Две минути подцна голманот на Болоња капитулираше. Давид Нерез, од 23 метри постигна спектакуларен гол.
Во вториот дел Болоња ја имаше единствената шанса во 55-та минута, а казната стигна две минути подоцна, кога Нерез ја казни грешката на Раваља.
Еламс на теренот остана до 68-та минута, кога на неговото место влезе Ноа Ланг.
Foto/ depositphotos
Спорт
Минамино ја заврши сезоната, веројатно го пропушта Светското првенство
Играчот од средниот ред на Монако и јапонската репрезентација, Такуми Минамино (30), сериозно го повреди коленото, во неделата, на натпреварот од Купот на Франција против Оксер и веројатно ќе го пропушти Светското првенство следното лето во САД, Мексико и Канада.
Минамино претрпе руптура на предните вкрстени лигаменти на левото колено и го чека операција.
„За време на натпреварот против Оксер, нашиот играч од средниот ред Минамино го повреди левото колено. Лекарските прегледи покажаа руптура на предните вкрстени лигаменти“, објави клубот од Кнежевството.
Јапонецот е во Монако од јули 2022 година и досега постигна 23 гола на 120 натпревари. Тој одигра 73 натпревари и постигна 26 гола во дресот на Јапонија.
На Светското првенство, Јапонија ќе игра во групата Ф заедно со Холандија, Тунис и една екипа од квартетот Украина, Шведска, Полска и Албанија.
Foto/ depositphotos
Спорт
Филкруг пристигна во Милано, утре ќе потпише договор со Милан
Напаѓачот на Вест Хем, Никлас Филкруг, вечерва слета во Милано. За утре се закажани медицинските тестови, доколку успешно ги мине ќе стане член на Милан.
Напаѓачот на Вест Хем, Филкруг, треба да му се придружи на Милан како позајмен играч со опција за откуп од Вест Хем.
Во среда, на Бадник според новиот календар, Филкруг ќе тренира под водство на Масимилијано Алегри за прв пат и ќе биде достапен за првиот натпревар во 2026 година против Каљари, благодарение на специјалното одобрение од Фудбалскиот сојуз на Италија.
Некои медиуми од Апенините пишуваат дека, по завршувањето на сезоната Милан ќе може да го откупи договорот на Германецот за сума од 11 до 13 милиони евра.
Филкруг не беше во преден план оваа сезона во Вест Хем оваа сезона, одигра само 413 минути во девет настапи. Германскиот напаѓач сè уште нема постигнато гол во натпреварувачката сезона 2025/26.
Foto/ depositphotos

