Црна хроника
Го претепале и му барале месечно да им дава по 400 евра: расчистено кривично дело изнуда во Прилеп
На 26.03.2025 во 20.40 часот во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода Р.Р.(53) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело по член 258 од Кривичниот законик.
Претходно, истиот ден во 08.00 часот во ОВР Прилеп, 54 – годишен сопственик на угостителски објект во Прилеп пријавил дека со физички напад и закани, С.Р. и А.Т., двајцата од Прилеп, му изнудиле пари кои ги земал приведениот Р.Р., татко на С.Р..
Имено, на 20.03.2025, С.Р. и А.Т. дошле во неговиот угостителски објект, физички го нападнале и со закана барале од него месечно да им дава 400 евра за да му го обезбедуваат објектот.
Најпрвин ги одбил, но после тоа, тие уште неколку пати доаѓале во објектот, му се заканувале и му барале пари, при што С.Р. му рекол дека парите ќе ги зема неговиот татко Р.Р.. На 24.03.2025 тој се договорил со Р.Р. дека ќе му ги даде парите на 26.03.2025, а откако ги зел парите, Р.Р. бил лишен од слобода и приведен во полициска станица.
После тоа, со судска наредба, полициски службеници од ОВР Прилеп извршиле претреси во домовите на тројцата, при што биле пронајдени и одземени предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривични дела.
Од страна на судија на претходна постапка на Р.Р. му била определена мерка притвор од 30 дена и бил спроведен во казнено – поправна установа за издржување на мерката. Исто така, мерка притвор од 30 дена во отсуство била одредена и на С.Р. и А.Т., информира полицијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Кривична против маж од Врапчиште: со закана изнудил 5000 евра од негова роднина
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ј.Ј.(84) од село во општина Врапчиште поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „изнуда’’.
Во текот на јули 2025 година, пријавениот со закана побарал и добил 5000 евра од едно женско лице – негова роднина, а откако таа побарала да ѝ ги врати парите ја прекинал комуникацијата со неа.
Црна хроника
Инцидент во болница во Ѓорче Петров: Пациент физички нападнал вработена
Вчера во 11:00 часот во СВР Скопје, 56-годишната Д.Ѓ. од Скопје пријави дека околу 04:00 часот на работното место во здравствена установа на подрачјето на Ѓорче Петров била физички нападната од едно лице, кое се лекувало во установата.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Семејно насилство во Скопско: им се заканувал на ќерките, а се обидел да ја нападне сопругата, полицијата го уапси 56-годишникот
Вчера во 20:30 часот во скопско село, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода 56-годишниот С.К. затоа што упатувал закани кон неговата 44-годишна сопруга и се обидел физички да ја нападне, а претходно со остар предмет упатувал закани и кон нивните две ќерки и притоа оштетил дел од покуќнината во семејниот дом.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

