Црна хроника
Син ги натепал татко му и мајка му во Петровец, ОЈО побара притвор

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 39-годишен жител на Петровец за кого постои основано сомнение дека извршил кривично дело – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.
На 27 март, при вршење семејно насилство, тој телесно го повредил неговиот татко. По кратка вербална расправија, започнал агресивно да се однесува, да го удира татко му со шлаканици по лицето, а потоа се нафрлил и кон својата мајка, ја турнал на подот и почнал да ја влече за нозете по подот, па ја однел кон кујната и врз неа истурил шише вода.
Имајќи предвид дека против истиот осомничен веќе е поднесено обвинение за продолжено семејно насилство и нанесување тешка телесна повреда на неговата сестра, предмет кој е во фаза на судење и во кој му се определени мерки на претпазливост кои обвинетиот очигледно не ги почитува, јавниот обвинител сега побара на осомничениот да му биде определена мерка притвор.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Четирицикл се преврте во Тетовско: две лица повредени

Вчера во 17:30 часот во СВР Тетово било пријавено дека во с. Синичане, општина Боговиње, четирицикл со кумановски регистарски ознаки, управуван од П.К.(31) од Тетово, се превртел на патот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот Н.С.(26) од Скопје, а со телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Клиничката болница Тетово.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Тетово.
Црна хроника
Се судрија трактори во Скопско: пет лица повредени

На 31.08.2025 во 08:14 часот во СВР Скопје било пријавено дека на локалниот пат с.Булачани– с.Црешево, скопско, се случила сообраќајна несреќа во која учествувале трактор „имт“, управуван од В.Р.(35) и трактор „имт“, управуван од М.Р.(31), двајцата од с.Љуботен, скопско.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот Е.С.(46) од истото село, а со телесни повреди се здобиле двајцата возачи и уште двајца малолетни сопатници, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Црна хроника
Со закани за животот, изнудил над 300.000 денари

СВР Штип поднесе кривична пријава против Ф.Ј.(28) од Штип.
Тој се сомничи за сторено кривично дело „изнуда“.
Во период од октомври 2024 до 20.06.2025, пријавениот со закани по живот, во неколку наврати изнудил пари од оштетениот, нанесувајќи му вкупна штета од 356.000 денари.