Свет
Сијарто: Брисел се подготвува да ја прошири војната во Украина

Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто денеска изјави дека предлогот на Европската комисија Европејците да изградат тридневни залихи на основни прехранбени производи е знак дека Брисел се подготвува да ја прошири војната во Украина.
Сепак, додаде Сијарто, земјите-членки на ЕУ не се под никаква реална закана, пренесе МТИ.
Според него, кога првпат го слушнал предлогот на Европската комисија за да се направат залихи во рок од 72 часа, мислел дека тоа е шега.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Израелскиот министер за одбрана: Ова е клучен момент во историјата на Израел

Израелскиот министер за одбрана Израел Кац изјави непосредно пред почетокот на нападот врз Иран дека ова е „клучен момент во историјата на Државата Израел и во историјата на еврејскиот народ“.
„По преземањето на функцијата, спречувањето на нуклеарната програма на Иран го направив апсолутен приоритет“, рече Кац, додавајќи дека „Иран е порешителен од кога било да ја реализира својата визија за уништување на Израел“.
Тој додаде дека Израел е во „критична точка“ и предупреди: „Ако ја пропуштиме, повеќе нема да имаме начин да го спречиме Иран да добие нуклеарно оружје што би го загрозило нашето постоење“.
Тој заклучи дека Израел дејствувал против сојузниците на Иран во регионот во изминатите година и пол, но дека сега „се справува со главата на змијата“.
Свет
Трамп: Знаевме однапред за израелскиот напад, но не учествувавме

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави за „Фокс њуз“ дека однапред знаел за израелските планови за напад врз Иран, но нагласи дека американската војска не била вклучена во операцијата.
Трамп рече дека САД сè уште сакаат да се вратат на преговарачката маса со Иран за да ја ограничат неговата нуклеарна програма.
„Иран не може да има нуклеарна бомба и се надеваме дека ќе се вратиме на преговорите. Ќе видиме“, рече Трамп.
Тој додаде дека неколку ирански лидери биле убиени во нападот и коментираше дека „некои од раководството никогаш повеќе нема да ги видиме“.
Трамп исто така рече дека неговата администрација контактирала со клучен сојузник на Блискиот Исток кратко пред нападот, но не откри за која земја станува збор.
Свет
Убиен е висок ирански воен функционер

Иранската државна телевизија IRINN објави дека генералот Мохамед Багери, началник на Генералштабот на иранските вооружени сили и највисок воен офицер во земјата, е убиен во израелски напад.
Багери е втората висока воена личност за која се знае дека е убиена во невидените израелски напади врз Иран преку ноќ.
Претходно, иранските државни медиуми објавија дека е убиен и генералот Хосеин Салами, командант на Иранската револуционерна гарда (IRGC).