Спорт
ПАО ќе потроши милиони за да го задржи Нан

Кендрик Нан и Панатинаикос догвориле продолжување на договорот до летото 2028 година..Според грчката СДНА, Панатинаикос ќе му плаќа на Нан 4,5 милиони евра по сезона и тој ќе стане најплатен играч во Евролигата.
Нан ќе остане во Атина уште три години, каде ќе заработи вкупно 13,5 милиони. Се додава дека договорот нема НБА клаузула што практично значи дека Нан е блиндиран во Панатинаикос во следните три сезони.
Поранешниот кошаркар на Мајами и Лос Анџелес Лејкерс оваа сезона игра неверојатно, моментално води во елитното натпреварување со просек од 20,3 поени.
Заедно со Саша Везенков и Ти Џеј Шортс, тој ќе биде главен кандидат за признанието МВП.
Панатинаикос, актуелниот шампион во Евролигата, моментално е трет во поредокот со 20 победи и 12 порази.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Сопственикот на Виртус тврди: Дубаи следната сезона ќе игра со Евролигата

Масимо Занети, претседателот на Виртус од Болоња потврди дека клубот заедно со Партизан и Црвена звезда добил специјална покана за учество во Евролигата во наредните три години и дека речиси е сигурно дека Дубаи од наредната сезона ќе игра во најсилното европско натпреварување.
„Што се однесува до Евролигата, добивме тригодишна понуда заедно со Партизан и Звезда. Се уште преговараме бидејќи цената е доста висока, но таква е ситуацијата“, изјави Занети.
Тој нагласи дека и покрај напливот на НБА во европската кошарка, Евролигата останува главно натпреварување за него.
„Многу се зборува за НБА, но Евролигата сепак е големо натпреварување кое има многу следбеници. Со потенцијалниот влез на тим од Дубаи, ќе се отворат многу можности“, додаде Занети.
Да потсетиме, Виртус се врати во Евролигата по сезоната 2022/23 по освојувањето на Еврокупот, но оттогаш не може да се пласира во плеј-офот.
Моментално се претпоследни со само осум победи и 24 порази.
Инаку, на денешната прес конференција, првиот човек на Виртус, објави дека Душко Ивановиќ ќе го води тимот и во наредната сезона.
Спорт
Извлечени полуфиналните двојки во Купот на Македонија
Во просториите на Фудбалската федерација на Македонија, со ждрепка беа одредени полуфиналните двојки во Купот на Македонија.
Најтрофејниот клуб Вардар оваа сезона има големи амбиции во Купот, сака да ја освои првата титула по 2007 година. На патот кон финалето му стои АП Брера од Струмица.
Втората полуфинална двојка ја формираа Шкендија и Струга ТЛ.
Првите полуфинални средби се закажани за 9 април.
Спорт
Перез: Кога ќе ги знам сите опции, ќе донесам одлука

Серхио Перез потврди дека разговарал со „неколку тимови“ за враќање на патеките следната сезона.
Мексиканецот го напушти Ред Бул на крајот од минатата сезона, шест месеци откако потпиша нов двегодишен договор со тимот.
Перес не успеа да забележи победа во 2024 година, а на подиумот беше само четири пати. Тоа беше неговата најлоша сезона откако пристигна во Ред Бул во 2021 година.
„Добив неколку повици од Абу Даби. Сезоната започна па некои работи ќе се отворат во наредните месеци“, изјави Перес за официјалната веб-страница на Формула 1.
„Кога ќе ги знам сите опции што ги имам, ќе донесам одлука. Она што ми е јасно е дека ќе се вратам само доколку предизвикот што че ми биде понуден има смисла и ако е нешто во што можам да уживам“, изјави Мексиканецот.
Во 2023 година, Перес беше втор во генералниот пласман, зад Макс Ферстапен, но самиот тој ја опишува последната сезона како „ужасна“.
Перес во кариерата возеше и за Заубер и Мекларен.