Свет
Најмалку 1.700 мртви и 300 исчезнати во Мјанмар

Лидерот на војската на Мјанмар во телефонски разговор му рекол на малезискиот премиер Анвар Ибрахим дека во земјотресот загинале околу 1.700 луѓе.
Се проценува дека се повредени околу 3.400 лица, додека потрагата по приближно 300 исчезнати лица се уште е во тек.
Тој, исто така, истакнал дека бројот на загинати може дополнително да се зголеми.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
„Политико“: Трамп им кажал на најблиските соработници дека Маск наскоро си заминува

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, им рекол на своите соработници дека милијардерот, главниот извршен директор на „Тесла“ и „Спејс Икс“ и шеф на Канцеларијата за владина ефикасност ќе ја напушти функцијата во тоа привремено владино тело во наредните недели, пишува „Политико“.
Тројца извори рекле дека Трамп е задоволен од она што го направил Маск, но дека и двајцата во изминатите неколку дена одлучиле дека е време бизнисменот да се врати на своите должности во неговите компании.
Маск би требало да му остане поддршка на претседателот во иднина, додава „Политико“.
Регион
Додик: Само што ми се јави Вучиќ, Интерпол одби да издаде налог за апсење против мене

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, објави дека Интерпол одбил да издаде налог за негово апсење и на претседателот на Народното собрание на Република Српска, Ненад Стевандиќ.
„Претседателот Александар Вучиќ штотуку ми се јави да ми каже дека добил известување од Дирекцијата на Интерпол дека жалбата на Србија е прифатена и дека Интерпол го отфрлил барањето на Судот на БиХ да издаде потерница за мене и Стевандиќ. Благодарност до претседателот на Србија, Александар Вучиќ, за неговата поддршка и јасната и принципиелна жалба до претседателот на Интерпол, разбирајќи ја политичката позадина на судскиот прогон на кој сум изложен“, напиша Додик на мрежата X.
Судот на БиХ побара распишување меѓународна потерница за Додик и Стевандиќ, откако тие ја преминаа државната граница додека по нив беше распишана внатрешна потерница. Судот на БиХ го поднесе барањето за меѓународна потерница до канцеларијата на Интерпол во Сараево.
Граничната полиција на БиХ истражува како Додик ја поминал границата, со оглед на тоа што има информации дека делегацијата со ротација, без задолжително застанување, го поминала граничниот премин Рача.
Претходно, Стевандиќ ја мина и државната граница, кој замина во Србија на денот на големите студентски блокади на 15 март. Тој по неколку дена се врати во БиХ, а на јавноста и е непознато како се вратил во земјава.
Свет
Нов земјотрес го погоди Мјанмар со јачина од 5,3 степени според Рихтеровата скала

Земјотрес со јачина од 5,3 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди јужниот брег на Мјанмар, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки институт.
Земјотресот се случил на оддалеченост од околу 142 километри од градот Јангон, а епицентарот на земјотресот бил на длабочина од десет километри.
Минатиот петок, земјотрес со јачина од 7,7 степени според Рихтеровата скала го погоди Мјанмар.
Загинаа повеќе од 3000 луѓе, повеќе од 4.520 беа повредени, а повеќе од 400 се водат како исчезнати, според владејачката воена хунта во земјата.