Македонија
Сојузот на средношколците: Државната матура ќе се полага во училишните простории

Министерството за образование и наука и Државниот испитен центар го прифати барањето на Сојузот на средношколци државната матура да се полага во училишните простории наместо во амфитеатрите на факултетите, информираат од Сојузот на средношколци
Согласно оваа одлука, матурантите ќе полагаат во своите училишта, под услов тие да ги исполнуваат потребните стандарди за спроведување на испитите.
За училиштата кои не ги исполнуваат овие услови, Државниот испитен центар ќе овозможи алтернативни простории врз основа на доставени барања од страна на засегнатите училишта.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без струја делови од скопски Карпош и Ѓорче Петров

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, соопшти дека дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска (петок ), без електрична енергија ќе останат:
· од 09:00 до 11:30 часот, корисниците од дел од улица Алжирска. (Општина Карпош)
· од 11:00 до 14:00 часот, дел корисниците од Новоселски Пат во околината на ОУ Тихомир Милошевски. (Општина Ѓорче Петров).
Македонија
Прекинато водоснабдување во дел од Гази Баба

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска ( петок ) поради водоводен приклучок од Ф -80мм на ул.30 Трубарево, прекинато водоснабдување ќе има за корисниците од нас.Трубарево од 09:00 часот до завршување на приклучокот (општина Гази Баба)
Македонија
Сончево и многу топло со температура до 40 степени, попладне краткотрајно невреме

Времето денеска, сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Попладне и во вечерните часови наместа ќе има појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер, грмежи и појава на град.
Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 22, а максималната ќе достигне од 32 до 40 степени.
Во Скопје, сончево и многу топло со слаб ветер од северен правец. Попладне и во вечерните часови во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, краткотрајно во форма на невреме. Минималната температура ќе се спушти до 22, а максималната ќе достигне до 39 степени.
Во деновите од викендот ќе дува умерен до засилен северен ветер кој ќе предизвика опаѓање на дневните температури за 5-7 степени во споредба со денешните. Од понеделник дневните температури повторно ќе бидат во постепен пораст.