Свет
Доаѓаат првите реакции на земјите за царините на Трамп

Пристигнуваат првите реакции на земјите за системот на реципрочни царини кои вчера вечер ги претстави американскиот претседател Доналд Трамп.
Тој го нарече вчерашниот ден „ден на ослободувањето“, дел од планот „Америка повторно да се збогати“. Веднаш стапија на сила царините од 25 отсто за сите возила произведени надвор од САД.
Австралискиот премиер: Сосема неоправдани
Австралискиот премиер Ентони Албанез изјави дека новите американски царини се „целосно неоправдани“ и ќе ја сменат перцепцијата за односите меѓу САД и Австралија, инаку блиски сојузници. Австралија доби царинска стапка од 10% како дел од мерките на Трамп.
„Овие царини не се неочекувани, но да бидеме јасни – тие се целосно неоправдани“, рече Албанезе.
Австралиската министерка за надворешни работи Пени Вонг, исто така, предупреди да не се потценува влијанието на новите царини врз стратешки важниот индо-пацифички регион, нагласувајќи дека Австралија ќе одговори со сериозност и зрелост.
Ирскиот премиер: Нема оправдување
Ирскиот премиер Мајкл Мартин рече дека „не гледа оправдување“ за царините што ги објави американскиот претседател Доналд Трамп и најави дека Ирска со своите партнери во Европската унија ќе размисли како најдобро да одговори.
Тој порача дека секоја реакција треба да биде „пропорционална“ и насочена кон заштита на интересите на европските компании, работници и граѓани. „Конфликтот никому не му користи“, нагласи Мартин.
Тој додаде дека Ирска ќе биде „силен поборник за решенија кои ќе ги зајакнат постоечките и силни трансатлантски трговски врски“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
(Видео) Факели и емоции: „Цесарица“ одекнуваше на фериботот кон Корчула

Три и пол часа по тргнувањето од Сплит, атмосферата на фериботот кон Корчула не стивнуваше. Следеа хитовите на Оливер, а кога бендот ја отпеа „Цесарица“, беа запалени и факели, објави Индекс.хр.
Погледнете ја атмосферата и запалените факели за време на настапот со „Цесарица“:
Регион
Грција бара помош за справување со големите пожари

За активните пожари на неколку различни локации низ целата земја, Грција побара помош од Европскиот механизам за цивилна заштита, со цел да се испратат шест авиони.
Од попладнево, грчките пожарникари водат битка во источниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина, во северна Грција, на островите Евија и Китира, како и во јужниот дел на Пелопонез, од бројот 112 за итни случаи беа испратени низа пораки за превентивна евакуација до жителите на зафатените области.
Портпаролот на противпожарната служба информираше дека во сите пожари интервенираат голем број пожарникари заедно со копнени и воздушни средства, но и дека во деловите каде што се пожарите е пријавена штета, чија процена ќе се направи кога ќе заврши гаснењето.
– Сите пожари што избувнуваат овие денови, а особено денеска, брзо се шират, стануваат опасни, а се очекува овие услови да преовладуваат и во наредните денови. Поради оваа причина, нашата земја побара помош од Европскиот механизам за цивилна заштита, со цел да ни обезбеди шест авиони, рече Василис Ватракојанис.
Свет
Поради гладување 90.000 жени и деца итно имаат потреба од медицинска интервенција во Газа

Секој трет жител на Појасот Газа со денови не добива храна, предупреди Светската програма за храна (WFP) на Обединетите нации. Во последното соопштение се наведува дека 90.000 жени и деца итно имаат потреба од медицинска интервенција поради тешка неухранетост.
Според Министерството за здравство во Газа, само вчера починале уште девет лица од глад, со што бројот на жртви од неухранетост од почетокот на конфликтот достигна 122.
Израел, кој го контролира влезот на сите залихи во Газа, повторува дека не постои блокада и ја обвинува Хамас за лошата распределба на ресурсите.
Меѓународната заедница, вклучувајќи ги Германија, Франција и Велика Британија, побара итно олеснување на влезот на помошта, а генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш остро ја осуди „рамнодушноста и недостигот на човечност“ во глобалниот одговор на кризата.