Контакт

Свет

Нетанјаху отпатува во Унгарија и покрај налогот за апсење

Објавено пред

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху доцна синоќа отпатува за Унгарија и покрај налогот за апсење издаден против него од страна на Меѓународниот кривичен суд за воени злосторства во Газа, јавува Анадолија.

dobivaj vesti na viber

Нетанјаху „отпатувал во четиридневна посета на Унгарија, придружуван од неговата сопруга Сара“, објави израелскиот дневен весник „Једиот Ахронот“.

Се очекува тој да слета во главниот град Будимпешта во раните утрински часови, каде и официјално ќе започне неговата посета, додава весникот.

„Хјуман рајтс воч“ ја повика Унгарија да го уапси Нетанјаху доколку стапне на нејзина територија.

„Унгарија треба да му одбие влез на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху или да го уапси доколку влезе во земјата“, соопшти во вторникот организацијата за човекови права со седиште во Њујорк.

Кабинетот на Нетанјаху претходно ја најави неговата посета на Унгарија оваа недела, на покана на унгарскиот премиер Виктор Орбан.

Меѓународниот кривичен суд издаде налози за апсење во ноември минатата година за Нетанјаху и поранешниот министер за одбрана Јоав Галант под обвинение за воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа.

Организацијата за човекови права Амнести интернешнал исто така ја повика Унгарија да го уапси Нетанјаху доколку влезе во земјата и да го предаде на Меѓународниот кривичен суд.

Израел се соочува со обвиненија за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата поради неговите воени акции во Газа, каде што повеќе од 50.000 луѓе беа убиени од нападот на палестинската група Хамас на 7 октомври 2023 година.

Свет

(Видео) Американската војска нападна брод, вели дека превезувал дрога: четворица мртви

Објавено пред

Американската војска вчера уби четворица мажи за време на напад врз сомнителен брод за превоз на дрога во источниот Пацифик, изјави американскиот министер за одбрана Пит Хегсет, според Ројтерс.

dobivaj vesti na viber

„Овој брод, како и сите други, според нашите разузнавачки информации, бил вклучен во нелегална трговија со дрога. Патувал по позната рута за трговија со дрога и носел наркотици“, рече Хегсет во објава на Икс.

Објавата на Хегсет вклучуваше видео клип од 22 секунди од експлодирањето на бродот во нападот на американската војска.

фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Свет

Трамп ѝ дозволи на Јужна Кореја да изгради нуклеарна подморница

Објавено пред

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ѝ дал дозвола на Јужна Кореја да изгради подморница на нуклеарен погон, драматичен потег со кој Сеул ќе се приклучи на мал клуб земји што имаат вакви бродови.

dobivaj vesti na viber

Подморницата ќе се гради во бродоградилиште во Филаделфија, каде што јужнокорејските компании ги зголемија своите инвестиции, напиша Трамп на социјалните мрежи.

Американскиот претседател, кој се сретна со јужнокорејскиот претседател Ли Џе-Мјунг и други регионални лидери за време на неговата посета, исто така рече дека Сеул се согласил да купи огромни количини американска нафта и гас.

Трамп и Ли ги финализираа деталите за трговскиот договор на самитот во Јужна Кореја во среда.

Ли, исто така, побара дозвола од САД Јужна Кореја да преработува нуклеарно гориво.

Според договорот меѓу двете земји, на Сеул му е забрането да преработува нуклеарно гориво без согласност на САД.

„Им дадов одобрение да изградат подморница на нуклеарен погон, наместо старомодните и многу помалку агилни подморници на дизел погон што ги имаат сега“, напиша Трамп на својата платформа Truth Social во четврток.

Министерството за индустрија на Јужна Кореја соопшти дека неговите претставници не биле вклучени во деталните дискусии за изградбата на подморницата во Филаделфија.

Иако Јужна Кореја има софистицирана бродоградбена индустрија, Трамп не прецизираше од каде би доаѓала погонската технологија за подморница на нуклеарен погон, која моментално ја поседуваат само неколку земји.

фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Свет

По 30 години, Трамп нареди тестирање на американско нуклеарно оружје

Објавено пред

Пред средбата со кинескиот претседател Кси Џинпинг, американскиот претседател Доналд Трамп му нареди на Министерството за одбрана на САД веднаш да продолжи со тестирањето на нуклеарно оружје на рамноправна основа со другите нуклеарни сили.

dobivaj vesti na viber

„Поради програмите за тестирање на други земји, му наредив на Министерството за одбрана да започне со тестирање на нашето нуклеарно оружје на рамноправна основа. Тој процес ќе започне веднаш“, напиша Трамп на Truth Social пред средбата со Кси во Јужна Кореја.

„Русија е втора, а Кина е на далечното трето место, но тие ќе бидат изедначени во рок од пет години“, нагласи Трамп.

Претседателот Владимир Путин во средата изјави дека Русија успешно го тестирала нуклеарното супер-торпедо „Посејдон“, за кој воените аналитичари велат дека е способен да ги уништи крајбрежните области со предизвикување огромни радиоактивни океански бранови.

Иако Трамп ја заостри и својата реторика и својот став кон Русија, Путин јавно ги покажа своите нуклеарни мускули со тестирањето на новата крстосувачка ракета „Буревестник“ на 21 октомври и вежбата за лансирање нуклеарно оружје на 22 октомври.

Соединетите Американски Држави последен пат тестираа нуклеарно оружје во 1992 година.

Тестовите даваат докази за тоа што може да направи секое ново нуклеарно оружје, но и за функционалноста на постарото оружје.

Освен обезбедувањето технички податоци, таков тест би се сметал во Русија и Кина како намерно потврдување на американската стратешка моќ.

фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Најново

Свет32 минути

По 30 години, Трамп нареди тестирање на американско нуклеарно оружје

Пред средбата со кинескиот претседател Кси Џинпинг, американскиот претседател Доналд Трамп му нареди на Министерството за одбрана на САД веднаш...

Свет50 минути

(Видео) Ураганот предизвика огромна штета: премиерот на Јамајка објави снимки од воздух

Бројот на жртви од ураганот Мелиса се зголеми додека минуваше покрај Куба и се движеше кон Бахамите, еден ден откако...

Европа1 час

Орбан: Европејците сакаат да започнат војна, ние не сакаме да се бориме

Унгарскиот премиер Виктор Орбан најави започнување на антивоена кампања, која ќе биде придружена со мировни собири низ цела Унгарија. „Опасноста...

Свет1 час

Заврши средбата меѓу Трамп и кинескиот претседател

Американскиот претседател Доналд Трамп разговараше со кинескиот претседател Кси Џинпинг во јужнокорејската воздухопловна база, при што двајцата лидери звучеа оптимистички...

Македонија16 часа

Евроинтеграцијата е дијалог, а не диктат: Сиљановска-Давкова се обрати на Парискиот мировен форум

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во рамки на учеството на осмиот Париски мировен форум, се обрати на сесијата посветена на младите и...

Македонија17 часа

(Видео) Митева: Јакимовски да објасни како е можно за една година со семејството да стане сопственик на две градежни парцели во најелитниот дел на Карпош, Жданец

„Како е возможно, за период од една календарска година, градоначалникот Јакимовски да се најде во ситуација каде со неговото семејство...

Македонија19 часа

Оставка на Сабахадин Рустеми од „Комунална хигиена“ за да не влијае на истрагата

В.д. директорот на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје, Сабахадин Рустеми, поднесе оставка од функцијата поради морални причини, соопшти неговиот адвокат...

Македонија20 часа

Царината заплени речиси три илјади парчиња стока: облека со потпис на заштитени трговски марки, алкохол, електронски цигари, автоделови

На граничните премини Блаце, Табановце, Богородица и Ново Село царинските службеници и мобилните тимови запленија речиси три илјади парчиња стока,...

Македонија20 часа

Орце Ѓорѓиевски по дебатата со Мециновиќ: Скопјани сакаат дела и резултати

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје од ВМРО–ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, по синоќешната дебата со опонентот од Левица, Амар Мециновиќ, објави...

Македонија20 часа

Мециновиќ по дебатата: Ова е генерациска борба на непривилегираните

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје од Левица, Амар Мециновиќ, по вчерашната прва дебата со неговиот противкандидат од ВМРО-ДПМНЕ, Орце...

Македонија21 час

Обвинение за смрт на работник: камион паднал во Вардар возејќи на импровизирана патека, возачот останал заробен и починал

Основното јавно обвинителство Кавадарци поднесе Обвинителен акт против еден осомничен од Неготино за тешки дела против општата сигурност од член...

Македонија22 часа

Кривична против поранешен директор, заменик-директор и вработени во Агенцијата за храна и ветеринарство за проневера во службата

СВР Скопје до ОЈО Скопје поднесе кривична пријава против З.А., поранешен директор на Агенцијата за храна и ветеринарство поради сомнение...

Свет24 часа

Орбан е пред голема дилема: Трамп или руска нафта

Унгарскиот премиер Виктор Орбан се наоѓа во незавидна позиција – притиснат помеѓу неговата зависност од руската нафта и притисокот од...

Европа1 ден

Зеленски даде наредба: Украина почнува да извезува оружје

Украинскиот претседател Володимир Зеленски му нареди на украинското Министерство за одбрана да започне „контролиран извоз“ на украинско оружје во странство...

Свет1 ден

(Видео) Властите на Јамајка предупредуваат: Внимавајте се од крокодили

Јамајканските власти ги предупредија жителите за уште една опасност предизвикана од разорното уништување од ураганот Мелиса – крокодили кои можеби...

Свет1 ден

Северна Кореја лансира крстосувачки ракети: летаа два часа

Северна Кореја тестираше крстосувачки ракети море-земја западно од Корејскиот Полуостров, објави државната новинска агенција KCNA, токму во време кога американскиот...

Свет1 ден

(Видео) Страшниот ураган ја опустоши Јамајка: сега се движи кон Куба станувајќи сè посилен

Екстремнно моќниот ураган Мелиса се движи кон Куба откако ја опустоши Јамајка. Тоа е најсилната бура со која некогаш се...

Македонија2 дена

Еден од министрите, секој ден плаче и праќа пораки по дипломатските претставништва да ми реагираат да престанам до избори да говорам за криминалов, вели Арсовска

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, преку објава на социјалните мрежи го повикува Ислам Абази од Основното јавно обвинителство за организиран...

Македонија2 дена

(Видео) Илјадници пластични шишиња во Вардар, од Министерството за животна средина велат виновни се слабите комунални услуги

Министерството за животна средина и просторно планирање соопшти дека појавата на пластичен и друг амбалажен отпад во реката Вардар и...

Македонија2 дена

Обвинителството побара притвор за директорот и за управителот на „Комунална хигиена“

Скопското обвинителство побара притвор за в.д. директорот на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје, Сабахудин Рустеми, и за еден управител за...