Македонија
Пациент од Австрија се враќа дома по пожарот, стигнаа и странски тимови за рехабилитација
Министерството за здравство информира дека еден пациент од повредените во пожарот во Кочани, кој беше хоспитализиран во медицински центар во Австрија, денеска се враќа во државава по што во согласност со протоколите ќе биде задржан под 24-часовен надзор.
Со тоа во странските медицински центри се третираат 80 пациенти, од кои двајца се лекуваат амбулантски, а нема промена во нивната состојба во однос на минатите денови.
Инаку, во изминатото деноноќие на Клиниката за пластична хирургија е примен пациент, кој е вратен од Грција, и по неопходните испитувања, ќе биде пуштен на домашно лекување. Во моментот на оваа Клиника се хоспитализирани тројца пациенти.
Во изминатото деноноќие нема згрижени пациенти на Клиниката за токсикологија.
Во ГОБ „8 Септември“ се хоспитализирани 3 пациенти, а во Хируршката клиника „Свети Наум Охридски“ остануваат 6 пациенти, кои се хоспитализирани на одделение.
На Клиниката за пулмологија се хоспитализирани двајца пациени, а во приватните установи останува непроменета состојбата со бројот на хоспитализирани пациенти.
Пристигнати се и тимови од странство со големо искуство во областа на рехабилитација на пациенти со изгореници, кои во моментот прават евалуација на просторните услови и на апаратурата во неколку центри за рехабилитација на пациенти со изгореници.
Министерството за здравство останува во постојана комуникација со медицинските тимови во земјата и странство, посветено на обезбедување најдобра можна нега за секој пациент од повредените во несреќата во Кочани.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од општините Сопиште и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09.00 до 11.00 часот корисниците од цело с. Јаболци (општина Сопиште)
· во периодот од 11.00 до 15.00 часот дел од корисниците од Горно Нерези (општина Карпош)
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, максималната температура до 16 степени
Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, наместа во западните делови повремено засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 3, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Од вторник до сабота ќе преовладува претежно облачно време со локални врнежи од дожд. Пообилни врнежи се очекуваат во четврток, а на повисоките планини ќе има услови за врнежи од снег. Во вторник и среда ќе дува умерен до засилен ветер од јужен, а во деновите потоа од северен правец.
Македонија
Освојувањето на 14-те највисоки врвови го сметам за национален успех, вели Кедев
Освојувањето на 14-те највисоки врвови во светот го сметам за национален успех. Тоа што ми даде сила беше токму тоа да го однесам македонското знаме и македонското име на сите врвови. Тој успех го посветувам на сите граѓани и сите Македонци каде и да се во светот, порача кардиологот и алпинист Сашко Кедев, по одликувањето на Орденот „8 Септември“ за особените заслуги во медицината и за историскиот подвиг во алпинизмот.
Кедев, изрази длабока благодарност за одликувањето, кое рече дека иако опфаќа повеќе елемент од неговиот живот, го споделува со сите колеги со кои заедно ја формираат Интервентната кардиологија пред повеќе од 30 години.
Суштината во животот, порача Кедев, е да најдеме активност што нема крајна цел, туку чиста мотивација без конкретна цел.

