Црна хроника
Струмичанец со автомобил удрил во полицаец

Еден полицаец е повреден откако во него удил струмичанец со автомобил кој не застанал на даден знак за легитимирање.
Според информациите на МВР, полицијата поднесе кривична пријава против З.П. (37) од Струмица, поради постоење основи за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“.
На 27 февруари во Струмица, пријавениот со автомобил „мерцедес“ наместо да застане на даден знак на полициски службеници заради легитимирање и контрола, директно се упатил кон нив со возилото, при што удрил еден од полициските службеници, нанесувајќи му повреда.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Хашиш најден во Струмица

МВР информира дека вчера во 16.45 часот во Струмица полициски службеници го лишиле од слобода Р.П.(37) од Струмица во чиј дом бил пронајден хашиш.
-При претрес на неговиот дом, извршен со судска наредба, бил пронајден хашиш, дигитална вага и дробилка, а при личен претрес на Р.П. било пронајдено полиетиленско ќесе со хашиш. Лицето било задржано во Полициската станица Струмица, а за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица, наведува МВР.
По документирање на случајот, против Р.П. ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Уапсен 61-годишен маж: бил затекнат како предизвикува пожар во скопско Огњанци

Денеска полициски службеници од СВР Скопје во 18.30 часот, кај старата депонија во село Огњанци го затекнале 61-годишниот А.Ф. од село Огњанци, како предизвикува пожар на сува трева и ѓубриште.
Пожарот е изгаснат, а А.Ф. е лишен од слобода во полициска станица и ќе биде известен надлежен јавен обвинител.
Црна хроника
Со комбе му ја загрозил безбедноста на мотоциклист во Струшко

Вчера во ОВР Струга е пријавено дека, на локален пат во струшкото село Делогожда, Л.Ж. , кој управувал комбе, му ја загрозил безбедноста на В.Д.(35), двајцата од истото село, кој на патот управувал моторцикл.
По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти полицијата.