Македонија
Црвениот крст: Собрани приближно 2 милиона евра за помош на семејствата на повредените и починатите во Кочани
Црвениот крст денеска ја изврши и втората исплата за поддршка на семејствата на повредените и починатите во трагичната несреќа во Кочани. Од таму информираат дека поради големиот интерес за донирање, апелот за собирање средства останува отворен. Според податоците од Црвениот крст, досега се собрани речиси два милиона евра.
„Заклучно со денешниот ден, во апелот на Црвениот крст на РСМ за настраданите од пожарот во Кочани собрани се 112.595.482 денара. Досега Црвениот крст на РСМ изврши првична исплата на средства на семејствата на сите починати и повредени лица што се лекуваат во странство и во земјата. Денес е извршена и втората исплата за поддршка на настраданите семејства од трагичната несреќа во Кочани. Од двата трансфера вкупно се исплатени 60.850.000,00 денари од досегашните донирани средства“, соопшти Црвениот крст.
Од таму додаваат дека во соработка со внатрешните професионални институции во државата, како и надлежните министерства и Владата, кои ги покриваат прашањата на процените на видовите штети во вакви ситуации, се работи на изнаоѓање пристап, кој ќе се примени во понатамошна дистрибуција на средствата што се собираат во Црвениот крст, кој ќе значи реална поддршка во вистинско време за лекување и справување со последиците од катастрофата.
Црвениот крст, додаваат, заедно со нашите партнери продолжува со испораката на психосоцијална и друга поддршка на настраданото население.
Од таму напоменуваат дека поради сè уште големиот интерес за донирање, апелот за собирање средства продолжува и понатаму.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот на ГП „Богородица“ е нормализиран
Сообраќајот на граничниот премин „Богородица“ (ГП Евзони) од 21 часот е нормализиран, информира АМСМ.
Поради блокада на границата за влез и за излез во текот на целиот ден, колони возила чекаа на граничниот премин „Дојран“ за влез во земјава. Претходно од АМСМ информираа дека од 11:00 часот сообраќајот на ГП „Евзони“ (Богородица) е блокиран за влез и излез поради штрајк на земјоделците.

На ГП „Дојран“ сообраќајот се одвива непречено, но поради зголемен интензитет има задржувања за влез во државата.
Македонија
Алијанса за Албанците на 27 декември ќе одржи собрание за реогранизација на партијата
На последниот состанок на Претседателството на Алијансата за Албанците, каде што се дискутираше за политичките случувања во земјата и понатамошните чекори кон структурирање на органите, членовите на Претседателството едногласно гласаа за одлуката за свикување на партиското Собрание, соопштија од партијата.
Според најавата, Собранието ќе се одржи на 27 декември и ќе се дискутира за реорганизација на структурите и органите на партијата, партиските политики и важните стратешки документи.
„Алијансата за Албанците продолжува да останува во одбрана на националната кауза, гласот на артикулирање на уставните и законските права на Албанците и зачувување на евроатлантската ориентација на земјата како единствен пат за перспективата на граѓаните“, пишува во соопштението.
Македонија
Повторно во прекин сообраќајот на „Богородица“
Сообраќајот на граничниот премин „Богородица“ кон Грција (ГП „Евзони“) од 17:00 часот повторно е во прекин, информира АМСМ.
Сообраќајот беше во прекин од 11:00 часот поради штрајк на земјоделците.
Во 15 часот повторно беше нормализиран, а сега повторно е затворен.
На ГП „Дојран“ има задржувања за влез во државата.

