Македонија
Најниската плата во здравството се искачи на 27.000 денари, толку ќе земаат чистачите
Со линеарното зголемување од 2.500 денари најниската плата во здравство изнесува нешто над 27.000 денари, соопшти денес директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски. Тој попладнево прикажа како растела најниската плата во здравството изминативе пет години.
„Во однос на најниските плати во здравството, значи платите што ги добиваат чистач или хигиеничар, во 2020 година сме почнале со нешто помалку од 15.000 денари за во 2022 година да се стигне до 18.000 денари, зборувам за нето бидејќи во нашата јавност подобро се разбира нето отколку бруто-износот. Со ова зголемување најниската плата во јавното здравство сега е нешто над 27.000 денари или околу 27.000 денари, што ќе биде релативно повисоко од најниската плата утврдена на национално ниво. Мислам дека со ова се трудиме да го вратиме достоинството на здравствените работници и на здравствениот сектор бидејќи нашата земја сè уште има релативно ниски плати во однос на платите во јавното здравство кај соседните земји“, рече директорот Клековски.
Тој потсети дека линеарното покачување е резултат на соработката на Министерството за здравство, Фондот за здравствено осигурување и синдикатите и најави дека таа соработка ќе продолжи и во следниот период. Ќе настојуваат да се намали бројот на колективните договори по кои се работи во здравството оти сега има вкупно 15 разни колективни договори.
Министерот за здравство Арбен Таравари попладнево рече дека со линеарното зголемување просечната плата во јавното здравство изнесува 50.200 денари и најави дека ќе настојуваат да продолжи растот на платите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Во прекин сообраќајот на граничниот премин Евзони
Од 17:30 часот сообраќајот на граничниот премин Евзони (Богородица) е во прекин, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Македонија
Во наредните десет дена изменет сообраќаен режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта
СВР Охрид информира дека од денеска во наредните десет дена, на сила ќе бидат измените на сообраќајниот режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта, општина Дебрца.
„На овој патен потег, сообраќајот ќе се одвива наизменично по левата сообраќајна лента гледано во правец од Охрид кон Кичево поради што, апелираме до возачите, крајно внимателно и со прилагодена брзина да ги управуваат своите патнички и други моторни возила и во согласност со поставената хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација“, соопштуваат од СВР Охрид.
Македонија
СДСМ: „Тефтерчињата“ во судството од времето на Никола Груевски се вратија
„Го сменија јавниот обвинител за да постават обвинител под своја контрола. Сопруга на градоначалник од ДПМНЕ назначија за член на Судскиот совет, поставија партиски човек во Советот за јавни обвинители. ‘Тефтерчињата’ во судството од времето на Никола Груевски се вратија“, велат од СДСМ.
„Сите знаат, следува целосно погребување на правдата. Со неуставна Резолуција во Собранието ДПМНЕ-ЗНАМ ја гушат демократијата, слободата на говор и се обидува да ја замолчи опозицијата да не зборува за договорот мигранти за пари.
Дури и Катица Јанева ја пуштија од затвор. Три години порано ја пуштија надвор од затвор за 3 месеци да тера кампања. Copy-paste сценарија како методите на Никола Груевски и Вучиќ. Режим 2.0.
Затоа е потребен широк фронт за правда на сите слободоумни граѓани, опозициски партии, прогресивни сили, здруженија. Заедно ќе ја одбраниме демократијата, заедно ќе ја одбраниме Македонија!“, се наведува во соопштението на СДСМ.

