Контакт

Регион

Можно е да се ограничи доаѓањето на работници од Западен Балкан во Германија

Објавено пред

Германскиот медиум „Тагесцајтунг“ објави дека таканареченото правило за Западен Балкан, кое дозволува работници од неколку балкански земји да доаѓаат во Германија, може значително да се ограничи под новата влада.

dobivaj vesti na viber

„На Германија и требаат работници – најмалку 400.000 годишно, велат експертите. Една од можностите овие луѓе да дојдат во Германија е таканареченото правило за Западен Балкан. Меѓутоа, под новата влада на чело со Фридрих Мерц, тоа правило би можело да биде значително ограничено“, наведуваат тие.

Медиумите дополнително објаснуваат дека оваа посебна регулатива им овозможува на луѓето од Албанија, БиХ, Црна Гора, Северна Македонија и Србија без проблем да доаѓаат во Германија на работа. Како што пишува ТАЗ, за тоа не им треба стручно образование или квалификација – доволно е да имаат понуда за работа и одобрение од Федералната агенција за труд и вработување.

Правилото беше воведено во 2015 година за да се намали бројот на често безнадежните барања за азил од овие земји, овозможувајќи им на луѓето редовен пристап до пазарот на трудот.

Оттогаш, според ТАЗ, значително е намален бројот на барања за азил од земјите од Западен Балкан. Мигрантите од овој дел на Европа често работат во медицинскиот и градежниот сектор, рестораните и хотелите. Во 2024 година, владата „Семафорск“ на Олаф Шолц (СПД, Зелените и Либералите) не само што го продолжи правилото за Западен Балкан, туку и ја зголеми квотата за давање работни визи од 25.000 на 50.000 годишно.

Новата влада речиси сигурно ќе ја предводи Христијанско-демократската унија (ЦДУ) на Фридрих Мерц, додека во моментов се водат коалициски преговори меѓу ЦДУ, баварската ЦСУ и СПД, пренесува ДВ.

„Но, на изненадување на сите, во документот на работната група за труд и социјални прашања не се најде ниту еден збор за регулативата за Западен Балкан“, пишува ТАЗ.

„Во еден претходен преговарачки документ беше наведена намерата преку ова правило повторно да се „ограничи“ имиграцијата на првичните 25.000 лица годишно. Од ЦДУ не се изјаснија за тековните преговори, а од СПД не одговорија до завршувањето на ова издание на ПАЗ.

Економскиот експерт Херберт Брикер од Институтот за истражување на пазарот на труд и занимања (ИАБ), кој ги оценуваше ефектите од доаѓањето на работната сила од Западен Балкан, смета дека укинувањето на ова правило не би било добра идеја бидејќи тие „одат многу добро на пазарот на трудот“.

Подобри резултати од која било друга имигрантска група – и многу домашни работници

Три до четири години по пристигнувањето во Германија, околу 95 отсто од нив остануваат вработени, што е поврзано со фактот дека дозволата за престој е поврзана со статусот на вработување.

„Во однос на стапката на вработеност, тие постигнуваат подобри резултати од која било друга група имигранти на пазарот на трудот. Всушност, тие се многу поуспешни од многу домашни работници“, го цитира ТАЗ, Брикер.

Мигрантите речиси и не користат социјална помош, а „нивото на квалификации е повисоко од очекуваното“. Иако правилото за Западен Балкан не бара квалификации, повеќето имигранти работат квалификувана работа.

„Тука имаме редовни работни односи, што е добро за економијата, компаниите и даночните приходи“, истакнува Брикер.

Германија губи 400.000 работници секоја година поради демографските промени.

„Ако дополнително ги намалиме каналите кои добро функционираат, ќе имаме сериозен проблем“, додава Брикер, а пренесува ДВ.

„Треба повеќе да зборуваме за способностите на тие луѓе“

Политикологот Холгер Колб од Советодавниот совет за интеграција и миграција објасни дека работната сила од Западен Балкан имала значително помалку можности да дојде во Германија кога е воведена регулативата отколку што има денес.

„Во меѓувреме, пристапот до германскиот пазар на трудот е олеснет, денес има подобри законски рамки за имиграција на трудот“, објаснува Колб и го наведува примерот на „партнерската програма за признавање на квалификациите“.

„Програмата им овозможува на луѓето да дојдат во Германија да работат во одредена професија додека се обидуваат да добијат признание на нивните сертификати и дипломи. Откако ќе се признаат квалификациите, лицето станува професионална работна сила и може да добие дозвола за постојан престој по само три наместо пет години. Обединувањето на семејството е олеснето и за квалификуваните работници“, посочува Колб.

За разлика од Брикер, Колб го поддржува намалувањето на квотите за Западен Балкан бидејќи смета дека прашањето за потеклото не треба да биде важно во миграцијата на работна сила.

„Треба повеќе да зборуваме за способностите на тие луѓе“, рече Колб. „Правилото за Западен Балкан е спротивно на оваа основна идеја“.

Регион

(Видео) Полицијата се’ уште трага по напаѓачите по пукањето во кафулето во Белград

Објавено пред

Пет лица беа ранети во пукање во кафуле во белградската населба Вишњичка бања, а едно лице е во животна опасност. Напаѓачите, кои пристигнале со бело комбе, влегле во локалот и отвориле оган по гостите.

dobivaj vesti na viber

Повредените – две жени и три мажи – се пренесени во Ургентниот центар. Полицијата покрена акција и сè уште трага по сторителите, јавува „Н1“.

Очевидци раскажаа дека на автобуската станица во близина имало голем број деца кои се разбегале уплашени, а пристигнувањето на итната помош се чекало долго. Жителите потсетуваат дека веќе подолг период имаат проблеми со навивачки групи во оваа населба.

Прикажи повеќе...

Регион

Детали за пукањето во Белград: Напаѓачите дошле со комбе до кафулето и почнале да пукаат кон гостите

Објавено пред

Репортерка на „Н1 Белград“ од Вишњичка бања, каде денеска околу 14:30 часот се случи пукање во кое пет лица беа ранети, јави дека едно комбе дошло по Сланачки пат до локалниот бар и почнало да пука по присутните.

dobivaj vesti na viber

Претходно повеќе медиуми објавија дека починала жена, но според информациите од српската полиција, петмина се повредени. „Еуроњуз“ јави дека жената била донесена во болница без знаци на живот, но спасена е со реанимација. Во моментот се наоѓа во тешка состојба.

На местото на настанот има полиција и форензичари, а полицајците ги замолиле медиумските екипи да се оддалечат бидејќи е во тек увид.

Според жителите, кафулето е познато по тоа што таму се собираат и навивачи, а во него има и простор наменет за деца.

Не е познато дали во моментот на пукањето имало деца во кафулето, но жители и очевидци изјавиле дека на автобуската станица  имало голем број деца кои се уплашиле и се разбегале, и додале дека долго се чекало на пристигнувањето на итната помош.

Жителите посочиле дека последните месеци имале големи проблеми со навивачки групи, за што редовно пријавувале во полиција. Полицијата и обвинителството реагирале кога медиумите укажувале на тоа.

„За нив ова е шокантно, но не толку изненадувачко, затоа што навивачките групи одамна прават проблеми,“ јави репортерката на „Н1“.

Засега нема официјални информации за мотивот за пукањето, а српски „Телеграф“ пишува дека станува збор за пресметка меѓу навивачи.

Прикажи повеќе...

Регион

„Се пукаше од повеќе страни, луѓето се разбегаа“: Во пукање во Белград петмина ранети

Објавено пред

Пет лица се повредени во пукање што се случи околу 14:25 часот во белградската населба Вишњичка бања.

dobivaj vesti na viber

Според официјалните информации, повредени се тројца мажи и две жени, а пукањето се случило во угостителски објект.

Сите се хоспитализирани.

Сведок на настанот во изјава за „Нова.рс“ рекол дека напаѓачите го опколиле кафулето и дека, во моментот кога отвориле оган, настанал општ хаос, бидејќи на улицата се нашле неколку минувачи.

Сведокот, со кого новинарот разговарал на лице место, рекол дека сè се случило околу 14:30 часот, кога излегол да земе нешто од автомобилот.

„Одеднаш слушнав пукање. На почетокот не знаев што се случува, но кога видов, се сокрив. Се пукаше од повеќе страни, трчаа оддолу и од оваа страна, близу кафулето. Имаше луѓе на улица и на автобуската станица, сите избегаа“, рекол соговорникот.

„Имаше седум или осум истрели, беа поединечни.“

Сепак, рекол дека не знае што би можел да биде мотивот за ова пукање.

„Сите ние што живееме во близина седиме овде. Тука има и детска игротека, за време на викенд има многу деца. Немало проблеми од отворањето,“ додал сведокот.

Голем број полициски службеници се на местото на настанот и потрагата по напаѓачите е во тек.

Фото: колаж/нова.рс

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Коцевски: Објавените пораки за пожарот во Кочани се дел од доказите

Обвинителството води предистражна постапка за вработени во УЈП и други институции за повеќе кривични дела поврзани со пожарот во дискотеката...

Македонија1 час

Рекет во Скопје: Изнудувале пари со закани за убиство, организаторот од Дубаи

Обвинителството отвори истрага против тројца турски државјани за кои постојат сомненија за изнуда. Тројцата осомничени во група, со сериозна закана...

Регион2 часа

Детали за пукањето во Белград: Напаѓачите дошле со комбе до кафулето и почнале да пукаат кон гостите

Репортерка на „Н1 Белград“ од Вишњичка бања, каде денеска околу 14:30 часот се случи пукање во кое пет лица беа...

Регион2 часа

„Се пукаше од повеќе страни, луѓето се разбегаа“: Во пукање во Белград петмина ранети

Пет лица се повредени во пукање што се случи околу 14:25 часот во белградската населба Вишњичка бања. Според официјалните информации, повредени...

Македонија2 часа

Извештај на Стејт департментот: Македонија отворена за инвестиции, корупцијата кочница за бизнисот

Водењето бизнис во Македонија е генерално лесно, а законската рамка е во голема мера усогласена со меѓународните стандарди, иако корупцијата...

Македонија7 часа

Мицкоски: Нека ме наречат заостанат, но формирањето многудентно семејство е највисок патриотски чин

Премиерот, Христијан Мицкоски, упати порака до граѓаните дека формирањето семејство, формирањето многудентно семејство е највисок патриотски чин на еден народ...

Македонија8 часа

Јаневска: Државата целосно го финансира учеството на талентираните ученици на меѓународни натпревари

Од оваа година, Министерството за образование и наука целосно ги покрива трошоците за пат и котизација на учениците и нивните...

Топ9 часа

Уапсени двајца турски државјани во Скопје, му се заканувале на едно лице дека ќе го убијат ако не му дадат пари

Вчера во 18:40 часот на подрачјето на Центар во Скопје, полициски службеници од Единицата за насилен криминал и Единицата за...

Свет12 часа

(Фото) Голем портрет од Нетанјаху и од Трамп на плажа во Тел Авив: израелскиот премиер како Пинокио

Израелските демонстранти ја искористија средбата меѓу Доналд Трамп и Бенјамин Нетанјаху во Белата куќа за да испратат порака од плажа...

Европа12 часа

Зеленски: Ослободивме повеќе од 174 квадратни километри од Украина

Украина повторно освои повеќе од 170 квадратни километри територија во близина на источниот град Добропил во неодамнешните контраофанзиви, изјави синоќа...

Свет13 часа

Нова ескалација – Мадуро вели дека САД подготвуваат напад, си даде поголеми овластувања

Венецуелскиот претседател Николас Мадуро потпиша декрет со кој му се даваат дополнителни безбедносни овластувања во случај на воен упад на...

Свет13 часа

(Фото/Видео) Белата куќа го објави мировниот план на Трамп за Газа, Нетанјаху го прифати

Американскиот претседател Доналд Трамп и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вчера одржаа клучна средба во Белата куќа, на која Трамп го...

Европа13 часа

Путин: Победуваме во Украина, нашите борци и команданти тргнуваат во напад

Рускиот претседател Владимир Путин во понеделникот изјави дека руските сили ја добиваат она што тој ја нарече „праведна битка“ во...

Европа14 часа

Мерц: Не сме во војна, но веќе не сме ни во мир

Германскиот канцелар Фридрих Мерц вчера изјави дека Европа „не е во војна, но повеќе не е во мир“ со Русија....

Македонија22 часа

Ѓорѓиевски: Имаме визија за просторно планирање, зелена инфраструктура и енергетска ефикасност за поубаво Скопје

На вечерашниот митинг во Скопје, со кој започна кампањата за претстојните локални избори, имаше свое обраќање Орце Ѓорѓиевски, кандидат за...

Македонија22 часа

Мицкоски: Правдата не може да чека, нема толеранција за длабоката држава

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, имаше свое обраќање на денешниот митинг, со кој се започна кампањата за претстојните локални избори,...

Македонија1 ден

Судот оваа недела ја завршува оценката на обвинението за „Пулс“

Скопскиот Кривичен суд најави дека до петок ќе ја донесе одлуката дали обвинението за пожарот во кочанската дискотека ќе биде...

Македонија1 ден

Само 42 отсто од институциите доставија податоци за службени возила пред локалните избори

Само 42 % од институциите доставија податоци за службени возила пред локалните избори, соопшти Државната комисија за спречување на корупцијата....

Македонија1 ден

Мицкоски: Секој што на каков било начин има поврзаност со случајот во Кочани да биде изведен пред лицето на правдата

Премиерот Христијан Мицкоски, денес, одговарајќи на новинарско прашање во однос на најновата сторија на ИРЛ, која споменува вмешаност на даночни...

Македонија1 ден

Уапсени 60 лица за подметнување пожари во Македонија

Од 01 април до 29 септември регистрирани се вкупно 2.080 пожари на отворен простор, при што приведени се вкупно 60...