Спорт
Де Брујне потврди дека ќе го напушти Манчестер сити

Кевин Де Брујне објави дека нема да го продолжи договорот со Манчестер сити и дека ќе го напушти клубот на крајот од сезоната.
Белгискиот репрезентативец подолго време беше во преговори со „Граѓаните“ за нов договор, на крајот двете страни не успеаја да постигнат договор. Де Брујне во последно време често ги започнуваше натпреварите од клупата за резерви, што значи дека повеќе не е прв избор на тренерот Пеп Гвардиола.
Де Брујне на својот профил социјалната мрежа „Х“ објави порака до навивачите на Манчестер сити во која објави дека нема да го продолжи договорот и дека ова се неговите последни месеци на „Етихад“.
Dear Manchester. 💙 pic.twitter.com/2EdhVYOLti
— Kevin De Bruyne (@KevinDeBruyne) April 4, 2025
Фудбалската кариера ја започна во Генк, а потоа играше за Челзи, Вердер и Волфсбург. Тој дојде во Манчестер сити во 2015 година и долги години беше главен играч на тимот кој владееше во Премиер лигата. Со клубот од Манчестер ја освои Лигата на шампионите и уште 17 трофеи.
За белгиската репрезентација одигра 109 натпревари и постигна 30 голови. „Трансфермаркт“ ја проценува неговата вредност на 27 милиони евра, а неговата најголема вредност според овој портал, специјализиран за фудбалски трансфери, била 150 милиони евра во мај 2018 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Наполи и Хојлунд постигнаа договор, на потег е Манчестер јунајтед

Расмус Хојлунд еден од непожелните играчи во системот на менаџерот Рубен Аморим е чекор поблиску до новиот клуб. До крајот на преодниот рок, Данецот, ќе го засили Наполи. Италијанскиот шампион мораше да реагира на пазарот откако се повреди Ромалу Лукаку.
Вчера, како што објавија италијанските медиуми, Наполи ги заврши клучните преговори. Со фудбалерот клубот го договорил должината на договорот и платата.
Манчестер јунајтед е информиран за сè, па трансферот е многу блиску до реализација. „Црвените ѓаволи“ нема да прават проблем бидејќи Хојлунд не е во плановите на менаџерот Аморим.
Хојлунд по две сезони ќе се врати во Серија А. Претходно го носеше дресот на Аталанта.
Спорт
Продолжува доминацијата на Маркез – Шпанецот ја освои пол-позицијата во Унгарија

Осумкратниот светски шампион Марк Маркез беше најбрз во квалификациите на патеката Балатон Парк во рамките на трката за Големата награда на Унгарија.
Марк Маркез ја продолжи доминацијата во „кралската класа“, во шест наврати го направи најбрзиот круг, а пол-позцијата ја освои со време 1:36.518.
Првиот ред, заедно со 32-годишникот од Сервера го комплетираа Италијанците Марко Бецеки (Априлија) и Фабио ди Џанантонио (ВР46).
Во третата минута од втората квалификациска рунда, Шпанецот Педро Акоста (Ред Бул) излета од патеката и не можеше да продолжи со натпреварувањето. Мотоциклот на 21-годишникот стана неупотреблив.
Енеа Бастијанини (Ред Бул), Франко Морбидели (ВР46) и Фабио Квартараро (Јамаха) ќе стартуваат од вториот ред, а Педро Акоста, Фермин Алдегер (Гресини) и Лука Марини (Хонда) од третиот.
Иако помладиот брат на Маркез, Алекс, го имаше 11-то најбрзо време во квалификациите, возачот на Гресини беше префрлен на 14-та позиција бидејќи, ден претходно заработи казна од три позиции поради блокирањето на Франческо Бањаја.
Тимскиот колега на Маркез од фабричкиот тим на Дукати, Франческо Бањаја, не успеа да ја помине првата квалификациска сесија.
Италијанецот, кој освои две титули по ред во елитното натпреварување, ќе стартува од 17-та позиција.
Foto/ EPA/Tamas Vasvari
Спорт
Заем со право на откуп – Родриго ќе заврши во Тотенхем

Според британските и шпанските медиуми, Тотенхем е блиску до договор со Реал Мадрид за позајмицата на Родриго.
На „Сантијаго Бернабеу“ го прифатиле моделот на позајмица со можност за откуп, а останува да се договори кој колку од платата ќе покрие и согласноста на играчот.
Клубовите се во постојан контакт за позајмица со опција за откуп, а Арсенал, Ливерпул и Манчестер сити претходно покажаа интерес за Бразилецот.
Родриго е во втор план кај новиот тренер Чаби Алонсо што отвори простор за излезен трансфер.
Како што се приближува крајот на преодниот рок, се очекува преговорите да се забрзаат, а исходот ќе зависи од условите на позајмицата и одлуката на самиот играч.
Според „Tрансфермаркт“, Родриго вреди 90 милиони евра. Тој е бразилски репрезентативец и има 24 години.
Foto/ EPA/Mariscal