Македонија
Се организира транспортот на телото на Александар Карадакоски – управителот на „Пулс“ кој почина во Литванија
Институциите го организираат транспортот од Литванија на телото на 29-годишниот Александар Карадакоски, кој е 60 жртва од пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.
Министерството за надворешни работи соопшти дека преку амбасадата во Варшава е во комуникација со семејството на Карадакоски, и со надлежните институции во Литванија.
Од тука велат дека во моментот се преземаат сите неопходни активности за завршување на конзуларните постапки и за организација на транспортот на телото на починатиот македонски државјанин назад во земјата.
Веста за смртта на управителот на дискотеката „Пулс“ кој беше еден од критичните пациенти беше објавена денес. Директна причина за смртта на Карадакоски се изгореници на дишното стебло, извести попладнево Небојша Настов, директор на Клиниката за хируршки болести „Св. Наум Охридски“, каде што Карадакоски бил згрижен пред за отпатува во Литванија. Деведесет отсто од дишните органи му биле изгорени од пламенот што го вдишал, утврдиле лекарите во Литванија.
Министерот за здравство Арбен Таравари претходно рече дека Карадакоски бил во најкритична состојба од сите 193 лица повредени во пожарот во дискотеката. Му откажала функцијата на бубрезите на 1 април, бил ставен на дијализа, практично имал рани на 36 проценти од телото од втор и трет степен, што отвора простор за инфекции.
Обвинителството ја запре постапката против починатиот управител на „Пулс“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот на ГП „Богородица“ е нормализиран
Сообраќајот на граничниот премин „Богородица“ (ГП Евзони) од 21 часот е нормализиран, информира АМСМ.
Поради блокада на границата за влез и за излез во текот на целиот ден, колони возила чекаа на граничниот премин „Дојран“ за влез во земјава. Претходно од АМСМ информираа дека од 11:00 часот сообраќајот на ГП „Евзони“ (Богородица) е блокиран за влез и излез поради штрајк на земјоделците.

На ГП „Дојран“ сообраќајот се одвива непречено, но поради зголемен интензитет има задржувања за влез во државата.
Македонија
Алијанса за Албанците на 27 декември ќе одржи собрание за реогранизација на партијата
На последниот состанок на Претседателството на Алијансата за Албанците, каде што се дискутираше за политичките случувања во земјата и понатамошните чекори кон структурирање на органите, членовите на Претседателството едногласно гласаа за одлуката за свикување на партиското Собрание, соопштија од партијата.
Според најавата, Собранието ќе се одржи на 27 декември и ќе се дискутира за реорганизација на структурите и органите на партијата, партиските политики и важните стратешки документи.
„Алијансата за Албанците продолжува да останува во одбрана на националната кауза, гласот на артикулирање на уставните и законските права на Албанците и зачувување на евроатлантската ориентација на земјата како единствен пат за перспективата на граѓаните“, пишува во соопштението.
Македонија
Повторно во прекин сообраќајот на „Богородица“
Сообраќајот на граничниот премин „Богородица“ кон Грција (ГП „Евзони“) од 17:00 часот повторно е во прекин, информира АМСМ.
Сообраќајот беше во прекин од 11:00 часот поради штрајк на земјоделците.
Во 15 часот повторно беше нормализиран, а сега повторно е затворен.
На ГП „Дојран“ има задржувања за влез во државата.

