Македонија
Семејствата на починатите во кочанската дискотека денеска излегуваат на протест

Семејствата на починатите во кочанската дискотека организираат „Марш за ангелите“.
Протестот ќе се одржи денеска во 12:05 часот.
Маршот ќе започне од Градскиот парк во Кочани, ќе продолжи кон Трговскиот центар, Општина Кочани, Полициската станица и ќе завршат пред Судот.
„Маршот на семејствата на покојните не е за поддршка на обезбедувањето, единствено и исклучиво за почит спрема покојните и барање на правда“, стои во известувањето.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Пороен дожд, град, ветер и грмежи попладнево во делови од Скопскиот, Кумановскиот и Кривопаланечкиот регион

Од пладневните часови во северните делови (Скопскиот, Кумановскиот и Кривопаланечкиот регион) имаше локален развој на нестабилна облачност проследена со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер и изолирана појава на град, соопшти УХМР.
„Во овие попладневни часови нестабилно е во западниот дел од Скопската Котлина со пороен дожд и појава на град, во околината на Крива Паланка, Штип и Пробиштип, а силна нестабилна облачна маса се приближува кон Велес проследена со интензивни поројни врнежи од дожд, силни и чести електрични празнења, силен ветер и појава на град.
Времето до крајот на денто: променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Наместа ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и изолирана појава на град“.
Македонија
Почувствуван земјотрес во Македонија

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, попладнево во 16 часот и 14 минути регистрираше земјотрес чиј епицентар потекнува од епицентралното подрачје Тетово-Гостивар, 39 км западно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.7.
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Тетово, Гостивар и блиската околина со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.
Македонија
МНР: Амбасадата во Прага е во координација со семејството на Чифлиганец за пренeсување на телото во Македонија

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека на 2 август 2025 година, до македонската амбасада во Прага била доставена информација за тешка сообраќајна несреќа во која бил повреден македонскиот државјанин Душко Чифлиганец. Тој управувал мотор кога дошло до незгодата, по што со тешки повреди бил пренесен во болница.
На 3 август, семејството го известило дипломатско-конзуларното претставништво дека Чифлиганец им подлегнал на повредите.
Како што соопштија од МНР, Амбасадата во Прага е во континуирана комуникација со семејството со цел завршување на сите неопходни формалности и организација за пренос на телото во Македонија.