Македонија
Трајков: Регионалната соработка ќе ги забрза евроинтеграциските процеси

Регионалната соработка е клучна за забрзување на евроинтеграциските процеси е пораката од вчерашното обраќање на заменик-министерката за европски прашања, Викторија Трајков, на дводневната панел-дискусија на тема “Европски проекти за прекугранична соработка за унапредување на административните капацитети на институциите на македонската заедница во Србија”, која што се одржува во Белград.
Во своето обраќање, заменик-министерката за европски прашања Трајков, истакна дека со Србија негуваме пријателски односи и взаемно почитување на правата на заедниците, со што се овозможува понатамошно продлабочување на традиционалното пријателство со нашиот северен сосед.
Заменик-министерката за европски прашања, Трајков истакна дека земјите од регионот немаат друга опција освен да продолжат да се движат по европскиот пат кој ќе овозможи просперитет и благосостојба за сите, а ќе отвори и можности за младите луѓе да останат во своите родни земји.
Реализацијата на европските проекти посебно во прекуграничната соработка, како што потенцираше заменик-министерката Трајков, ќе помогне во спроведувањето на реформските процеси со што ќе се подобрат состојбите во сите сфери, а тоа ќе овозможи подобар живот за граѓаните.
Панел-дискусијата е во организација на Националниот совет на македонското национално малцинство во Република Србија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Почувствуван земјотрес во Македонија

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, попладнево во 16 часот и 14 минути регистрираше земјотрес чиј епицентар потекнува од епицентралното подрачје Тетово-Гостивар, 39 км западно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.7.
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Тетово, Гостивар и блиската околина со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.
Македонија
МНР: Амбасадата во Прага е во координација со семејството на Чифлиганец за пренeсување на телото во Македонија

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека на 2 август 2025 година, до македонската амбасада во Прага била доставена информација за тешка сообраќајна несреќа во која бил повреден македонскиот државјанин Душко Чифлиганец. Тој управувал мотор кога дошло до незгодата, по што со тешки повреди бил пренесен во болница.
На 3 август, семејството го известило дипломатско-конзуларното претставништво дека Чифлиганец им подлегнал на повредите.
Како што соопштија од МНР, Амбасадата во Прага е во континуирана комуникација со семејството со цел завршување на сите неопходни формалности и организација за пренос на телото во Македонија.
Македонија
Изгаснат пожарот кај Липково, гори на две локации

До 12 часот активни се два пожари на отворен простор, еден пожар е под контрола, а еден е изгаснат.
Активните пожари се наоѓаат во село Богомила во општина Чашка, каде гори мешана шума, како и во село Грешница во општина Македонски Брод, во деградирана нискостеблеста шума, соопшти ЦУК.
Пожарот кој е под контрола е во село Стровија во општина Долнени, зад местото викано Гајдарец-Клепало, во нискостеблеста шума.
Пожарот што е изгаснат се наоѓа во село Слупчане во општина Липково, каде горела ниска вегетација.