Спорт
(Видео) Ливерпул го лади шампањското, Арсенал не успеа да го победи Евертон

Евертон и Арсенал одиграа 1:1, во првиот натпревар од денешната програма во рамките на 31.коло во Премиер лигата.
Ова беше прв натпревар меѓу овие тимови на „Гудисон Парк“, откако Кевин Кембел почина минатиот јуни на 55-годишна возраст.
Публиката аплаудираше во деветтата минута во чест на поранешниот напаѓач на двата клуба – 163 натпревари за Арсенал во Премиер лигата, а се запиша во историјата на Евертон како првиот црномурест капитен.
Микел Артета, кој исто така во кариерата играше за Евертон, мечот го започна со комбиниран состав. Бидејќи наредната недела игра против Реал во Лигата на шампионите, Артета ги остави главните адути на клупата за резерви.
Арсенал сепак дојде до предност, во 34.минута со голот на леандро Тросар, а конечниот резултат го постави Сенегалецот Илиман Ндиае од пенал во 49. минута. Пеналот го направи 18-годишниот лев бек Мајлс Луис-Скели над Џек Харисон.
Арсенал сега со натпревар повеќе има 11 поени помалку од лидерот Ливерпул и се чини дека повеќе нема дилеми кој ќе го наследи Манчестер сити на тронот во англискиот фудбал.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Милинковиќ-Савиќ го договорил трансферот во Наполи

Вања Милинковиќ-Савиќ, голманот на Торино, се согласи да се пресели во Наполи.
Договорот помеѓу српскиот голман и актуелниот шампион на Италија треба да биде потпишан до 2029 година.
Според медиумите во Италија, преговорите меѓу клубовите исто така одат во добра насока, па се чини дека нема пречки голманот да се пресели во Неапол. Наполи за трансферот ќе издвои 18 милиони евра.
Во својата кариера, повремениот репрезентативец на Србија ги носеше дресовите на Војводина, Манчестер Јунајтед, Лехија Гдањск, Асколи, Спала и Торино.
Спорт
(Видео) Индијана ја декласира Оклахома, изедначи на 3:3 во финалето

Индијана Пејсерс изборија мајсторка за титулата во НБА лигата. Пејсерс го изедначија резултатот во финалната серија на 3:3, откако ги победија Оклахома табдер со 108:91.
И двата тима се борат за првата титула шампион на НБА, а за прв пат од 2016 година ќе се игра мајсторка во финалето.
Решавачкиот меч е закажан за понеделник во 2 часот наутро по средно европско време во Оклахома.
Индијана до победата ја предводеше Оби Топин со 20 поени, Ендру Нембхарт уфрли 17, додека Паскал Сиакам додаде 16 со 13 скока.
Повредениот Тајрис Халибартон забележа 14 поени и пет асистенции.
Во тимот на Тандер, Гилџес-Александар имаше 21 поен, Џејлен Вилијамс додаде 16, додека Ајзеа Џо со 11 и Изеа Хартенштајн со 10 поени исто така беа двоцифрени.
Спорт
(Видео) Ботафого го шокира ПСЖ, Атлетико лесно се справи со Сиетл

Атлетико Мадрид го победи Сиетл со 3:1, а Ботафого го шокира ПСЖ во второто коло на Светското првенство за клубови.
Централна фигура на дуелот меѓу Атлетико и Сиетл беше Пабло Бариос. 21-годишникот постигна два гола во победата 3:1. Бариос погоди во 11. и 55.минута. Гол за Атлетико постигна и Витсел во 47., а единствениот гол за Сиетл е дело на Русник во 50.минута, по грешката на Ле Норман.
Во вториот меч Ботафого го шокира актуелниот европски првак ПСЖ со победата 1:0.
Бразлците славеа со голот на Игор Жесус во 36.минута и со шест бода се лидери во групата.
Во последното коло Ботафого ќе игра против Атлетико, а ПСЖ против Сиетл. За пласман понатаму можно е да биде формиран круг од три екипи.