Македонија
Приведени двајца пијани возачи, едниот имал 3,34 промили во крвта

Полицијата од Кавадарци ги приведе возачите Х.К.(22) и А.М.(35) поради безобзирно управување со моторно возило.
„Кај Х. К. е констатирано дека возилото го управувал со 2.65 промили алкохол во крвта, додека кај А. М. констатирано е дека истиот го управувал возилото со 3.34 промили алкохол во крвта“, соопшти МВР.
Задржани се во полиција, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Комплексот „Македонско село“ повторно ќе заживее, се избира концесионер

Комплексот „Македонско село“ повторно ќе стане центар на културата, автентичната архитектура и македонска традиција, наскоро ќе се врати на туристичката и културната мапа на Македонија.
Директорот на Службата за општи и заеднички работи, Ивица Томовски, денеска ја потпиша одлуката за избор на концесионер на комплексот, кој се избра по пат на електронско јавно наддавање, преку системот со кој управува и оперира Министерството за финансии.
Концесионерот има обврска да ги преземе сите потребни активности за оспособување на Комплексот за почеток со работа од 1 јуни 2025 година.
Комплексот „Македонско село“ не функционира речиси седум години, откако претходните концесионери се повлекоа поради финансиски загуби, а во меѓувреме, од СОЗР влат дека редовно ги исплаќале трошоците за осигурување и обезбедување и практично имало финансиски загуби од над 300.000 евра.
Се додаба дека со изборот на концесионер, се прави сериозен чекор кон враќање на животот во еден уникатен простор кој ќе биде отворен за сите граѓани, туристи и љубители на традицијата.
Комплексот „Македонско село“, кој се наоѓа на падините на Водно, блиску до селото Нерези, се состои од 12 автентични куќи, со простории каде се претставени македонските занаети, делови се користат како хотелски соби, а некои имаат и ресторански дел.
Со реотворањето на комплексот, ќе бидат создадени услови за поттикнување на развојот на туризмот со што ќе се создадат услови и за зајакнување на локалната економија, отворање на нови работни места, а ќе биде унапреден и туристичкиот капацитет во Скопје што ќе влијае на зголемен број туристи не само во Скопје, воопшто и во земјава.
Македонија
Кирков: Пцовисаа две лами од редок вид во скопската Зоолошка градина

Стефан Кирков од редовите на ВМРО-ДПМНЕ тврди дека викендов починале две лами во скопската Зоолошка градина.
„Во куќата на стравот, т.е. ЗОО Скопје, пцовисаа две зами од редок вид. За ова од институцијата молчат како и секогаш и навистина сум згрозен од целото ова што се случува 3 години во нашата Зоолошка градина. Според неофицијалните информации што ги поседувам, ламите пцовисале викендов, а според првичните резултати, неофицијално е дека пцовисале од туберкулоза!“, напиша Кирков на „Фејсбук“.
Тој јавно прашува како се терапирани овие животни и дали и кој ги лекувал и дали ќе покажат патолошкиот наод и истрагата.
„Подолго време укажувам и апелирам дека во ЗОО Скопје нема стручен ветеринар и дека ветеринар е човек што дo пред година дена беше аниматор на детски родендени, не го оспорувам неговото образование, но за познавањето и искуството се сомневам, а и по сѐ што се случи и сите се сомневаме!!! До кога? Ќе има ли одговорност? Што е следно и дали е време конечно да престане овој хорор???“,пишува Кирков.
Македонија
Кузеска: Наместо неселeктивна правда за Кочани, МВР гони млади за фејсбук-статуси

Наместо неселeктивна правда за Кочани, МВР гони млади за Фејсбук статуси, вели портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.
Таа рече дека истрагата за најголемата несреќа во поновата македонска историја сè уште не дава одговор кој е одговорен за пожарот во „Пулс“ и за сериозните пропусти на безбедносните институции. Сè уште нема проширување на истрагата за безбедносните пропусти направени на кобната ноќ – ниту пак на оние што ѝ претходеле, рече Кузеска.
Како што додаде, ниту еден функционер од МВР, ОВР Кочани, СВР Штип или БЈБ не е повикан на распит, ниту опфатен со постапка, а наместо тоа, МВР поднесува кривични пријави против граѓани за објави на Фејсбук кои јавно бараат правда и неселективна истрага.
Дури и на младите кои протестираа во Кочани и го изразуваа својот револт за загубените животи на нивните другари и другарки МВР им поднела кривични пријави.
„Не се повикуваат оние кои биле на функции, нема кривични пријави, ама затоа се гонат младите кои пишуваат на Фесјбук и кои бараат одговорност и неселективна правда. Дали МВР смета дека на овој начин некој треба да биде замолчен? Слободата на говор не е закана за истрагата. Младите не се непријатели – тие се совеста на ова општество“, рече портпаролката.
СДСМ бара од МВР веднаш да престане со притисоци и гонење на граѓани поради ставови и јавно изразено мислење.